Те следам нормално, преку моите коментари си го изнесувам и својот став, нормално.
Ако веќе разговараме за оние постари кругови кои се ранимаваат со жртвување, повикување демони, цртање пентаграми, ширење и што уште не, се секти, а оние како што ги нарече ти новосоздадените не можат да претставуваат секта затоа што полесно се лоцираат, нивните членови остапуваат итн. Значи генерално јас така ги делам и оценувам. (ова е кусо зш навистина не сакам да должам со моите “пресметки“)
Не за друго, но секти и култови си имаат своја дефиниција, не можеме изворниот сатанизам да го наречеме така затоа што тој е посебна филозофија. Битна разлика е што не се занимаваат со обожување на ѓаволот, затоа што тоа за нив е сепак "христијанско" учење, само замена на еден извор на обожување со друг, паричката свртена на другото лице. Наместо тоа, сатанизмот е кога мистицизмот и атеизмот би направиле хибрид. Се изучува магија и сл. но не во традиционална смисла, имаш и акцент на научните методи, естетиката, уметноста и рамнотежата какво главни двигатели на истиот.
Тие што зборуваат со демони, принесуваат жртви и создаваат страдање за лично задоволство или амбиции се токму таквите кои сатанистите најмногу ги мразат. Не се достојни да се нарекуваат сатанисти, бидејќи слугуваат на божество (кој и да е демон кој го персонифицираат), повредуваат други луѓе вклучително и деца, и обожувањето го гледаат како еден вид робство, а главен мотиватор на сатанистите е да ги учат поединците да бидат самите свој бог, и да не бидат робови или да слугуваат.
Животински и човечки жртвувања има од памтивек, дали друидите, дали средно-американските цивилизации, дали трети, не е важно. Немаат врска со сатанизмот. Тие што фрлаат земја врз него ги користат тие методи за да добијат нешто за кое не сакаат сами да се помачат. Исто и со пиењето крв, вампиризам итн. Не е важно колку е стара праксата, поентата е дека не била јасно дефинирана се до пред 15от век, ама и тогаш не била толку прогресивна како денес, морала да се редефинира низ вековите во тоа што е денес.
И краток коментар за оние 3 религии кои се продукти една од друга. Христијанството е многу опширно и јавно, додека овие се тајни и веројатно се плашат да не бидат откриени и многу прецизно си ги бираат своите нови членови.
Океј, во право си дека се тајни, дури и потајни и приватни од масоните (не те заебавам). Ама тоа е сепак со причина. Сатанизмот е контраверзна тема сама по себе, и во 21от век. Дури и нерелигиозни луѓе, и атеисти/интелектуалци што не знаат ни малку за сатанизмот го гледаат на косо, некогаш покосо од христијанството и исламот. Се' се должи на непознавање и неинформираност. Мислиш некој ќе задржи работа негде ако се дознае дека е сатанист и припадник на Church of Satan? Па бил газдата и атеист дури. Можеби во многу ретки случаеви, ама никој нема да ризикува. Затоа нема официјални цркви, или центри, единствената широка алатка за едукација и запознавање е интернетот денес, а претходно било ако ги знаеш правите луѓе и сл.
Да не се предрасудите, сигурен сум дека далеку појавна филозофија ќе беше сатанизмот.
Во природата на човекот (повторно општо) од тој верски дуализам (нели ако веруваш во рај, веруваш и у пекол, но тоа е различно кај секоја религија и истото јас така го разбирам т.е. така ја разбирам таа вечна борба) е да го избере доброто. Но што ако направи исклучок!? (се е ова гледано од религиозен агол) Што ако го избере злото? Тогаш настапува таа причина ти кој што ја наведе.

А за ислмот нема да коментирам.

Убаво е да се дискутира и со тебе.
Па тоа се обидувам да го пренесам - дека дуализмот вистинските сатанисти го гледаат како христијански (дали едните го обожувале Бог а другите Ѓаволот), и се обидуваат да се дисоцираат од таквите, бидејќи не веруваат во добро и зло, туку само ентропија (хаос), што е на некој начин закон на универзумот, и не може да се избегне. А ако некој се одлучил да биде "злобен", тоа е негово право на избор, и според сатанизмот таквиот тип би бил морон над мороните. Во сатанизмот сепак постојат морални вредности и соодветни девет "гревови", еден од главните гревови е да бидеш идиот:
- Stupidity
The top of the list for Satanic Sins. The Cardinal Sin of Satanism. It’s too bad that stupidity isn’t painful. Ignorance is one thing, but our society thrives increasingly on stupidity. It depends on people going along with whatever they are told. The media promotes a cultivated stupidity as a posture that is not only acceptable but laudable. Satanists must learn to see through the tricks and cannot afford to be stupid.
Нормално дека ќе ги гледаат како идиоти бидејќи прво го кршат законот на сатанизмот, потоа човековиот закон (кој диткира дека не можеш да убиеш некој зошто ти се сака), трето со тоа се ставаат во состојба да бидат гонети, и да стават крај на животот како обични граѓани, или заврпуваат во затвор или се усмртени (каде има смртна казна). Примарна цел на сатанизмот е преживување и опстојување на егото и индивидуалноста. На тие кои се самоубиствени гледаат како на слабаци, или тие кои придонесуваат намерно кон нечија смрт (а истите не била во смртна опасност и сл). Четврта причина зошто ги мразат е зошто оддаваат негативна репутација врз правите сатанисти кои светлосни години далеку од крвни и жртвени ритуали.
Инаку фала, конечно океј соговорник и океј тема во подфорум Религија за дискусија (океј, минус Miki1

како соговорник), убаво е да се дискутира и со тебе

.[DOUBLEPOST=1401991848][/DOUBLEPOST]
Tri brojki vo niza!
Spored knigta od imaginarnoto drugarce na Miki toa e izvorot na vistinata....Spored satanizmot onoj na Miki toa e stanictcika kniga na vojna aka brojot na zverot!
Spored numerlogijata brojot 6 prestatuva najharmonicniot ednocifren broj.
Za okultizam ti si ziv primer....Ja znaes visitnata i ne ni ja kazuvas
Бројот на Ѕверот треба да 616, не 666. Ама христијаниве се алергични на updates. Дури и кога истите даѓаат од христијани, не еретици. Ваљда ради менталниот склоп не ги разликуваат едните од другите кога се работи за вакви информации.[DOUBLEPOST=1401997673][/DOUBLEPOST]
А што мислиш, што го тера човекот на таков чекор т.е. да стане сатанист или за оформи некаков круг?
Само што забележав дека ова не сум го одговорил. Секој има различни причини. За некого атеизмот не е доволен, па во потрага по нешто повеќе, наидуваат на сатанизмот како филозофија. Да речеме дека сатанистите малку похрабро и посебично го живеат животот од обичните атеисти, гледаат косо на егалитаријанизмот, прововираат социјален дарвинизам (нешто што многу атеисти не би го направиле). Најмалку од се' се политички коректни (барем не во слободен простор, не сегде можеш да кажеш што сакаш). Луѓето кои ги читале книгите и се пронашле себе во напишаното, дека тоа е тоа што им се допаѓа или го сакаат од животот, тие се тие кои работат на тоа да станат официјални членови (што не е лесно). Истото прашање вреди и за луѓето кои што се приклучиле на било каква религија, филозофија или организација (како јас за анархистите на пример итн.), нема една конкретна причина зошто некој би станал член на Church of Satan.