Прашања до атеистите

  • Креатор на темата Креатор на темата Дмт
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Темата се вика прашање до атеистите така?
Како можете со сигурност да го негирате постоењето на некоја врста на бог или интелигентно битие пред постоењето на нашиот универзум. Пред постоењето, еве на биг бенг според вашите верувања...Како со сигурност знаете дека не постоела некоја форма на живот според нашите дефиниции за живот или свест која учествувала при креирањето на универзумот?
Колку што знам, науката не тврди дека се знае со сигурност дали постоела интервенција од нешто кое ете можеме безбедно да заклучиме дека постои шанса да учествувало во креирањето на законите во овој универзум.
Кое е вашето мислење за тоа?
 
Како можете со сигурност да го негирате постоењето на некоја врста на бог или интелигентно битие пред постоењето на нашиот универзум.
Треба ли повторно да објаснуваме што е атеист? Никој и со никаква сигурност не негира нешто уште помалку атеистите. Ти можеш ли со сигурност да ја потврдиш таа нова “некоја си врста на бог или интелегентно битие“?
Се додека не го потврдиш ќе ти речам не верувам, а не дека не е можно или дека е исклучено.
Пред постоењето, еве на биг бенг според вашите верувања...Како со сигурност знаете дека не постоела некоја форма на живот според нашите дефиниции за живот или свест која учествувала при креирањето на универзумот?
Никој не знае што било пред биг бенгот (ако воопшто се случил, барем јас сум скептик). Уште помалку па атеистите знаат.
Колку што знам, науката не тврди дека се знае со сигурност дали постоела интервенција од нешто кое ете можеме безбедно да заклучиме дека постои шанса да учествувало во креирањето на законите во овој универзум.
Целта на науката не е да потврди што не постои. Целта е да пронајде докази за она што постои, ако може нели.
 
Темата се вика прашање до атеистите така?
Како можете со сигурност да го негирате постоењето на некоја врста на бог или интелигентно битие пред постоењето на нашиот универзум. Пред постоењето, еве на биг бенг според вашите верувања...Како со сигурност знаете дека не постоела некоја форма на живот според нашите дефиниции за живот или свест која учествувала при креирањето на универзумот?
Колку што знам, науката не тврди дека се знае со сигурност дали постоела интервенција од нешто кое ете можеме безбедно да заклучиме дека постои шанса да учествувало во креирањето на законите во овој универзум.
Кое е вашето мислење за тоа?
Ако постоело нешто што учествувало во создавање на универзумот тогаш што било пред тоа нешто, што го создало него, и пред тоа, и пред тоа, и пред тоа, и пред тоа......................... абсурдно е ова... бесконечна регресија... може само да те однесе во крајна депресија... немало ништо пред биг-бенгот бидејки нема ни крај ни почеток на космосот како целина... има само мали почетоци мегусебно поврзани на исто така мали завршетоци... во вечниот круг на животот реалноста е дуална и контрадикторна(навидум) ги содржи и раѓањето и смрта во себе правејќи една целина...
 
Бесконечност = Бог
Нула = Бог
И музичката скала почнува со До и завршува со До.
Затоа постои бесконечна регресија, и постои бесконечен напредок. Скалата е една, само зависи дали се качуваш или спагаш....Токму тие мали почетоци, прават да се искачуваш до бесконечното(Бог). И патот долг 1 000 км започнува со првиот чекор.
 
Целта на науката не е да потврди што не постои. Целта е да пронајде докази за она што постои, ако може нели.

Ateist,

троа си ги извртел работите, ама ај...

Еве го мојот предлог: ако науката (било која, во својот домен...), смета дека „нештото„ не постои, тогаш истата таа наука, нека ги посочи и условите, кои спречуваат постоење на такво „нешто„: Патем кажано смешно ми е априорното негирање на можноста дека едно „нешто„ не постои, не ради друго, туку само ради негативно искажаниот став за не можноста од постоење на „нештото„, без да се посочи „нешто повеќе„ како доказ, со доказна постапка, а не само искажана негација.

А ако, како велиш, целта е „..да пронајде докази за она што постои....„; тоа е обична смејурија, затоа што е смешно да го докажуваш „она„ кое веќе постои, пошто истото „тоа„ веќе постои и е достапно за наш увид. То му доваѓа како потребата од „докажување„ дека Земјата се „врти„ околу Сонцето, кога е повеќе од очигледна токму спротивната појава, која згора на све, е очигледен феномен, кој нема потреба од „научно „ докажување за неговата точност и очигледност!.

Во краен случај, ајде, обиди се „научно„ да го докажеш Твоето лично постоење, со ваков или таков експеримент, а „научните„ согледувања од истиот. ќе ми ги пренесеш непосредно, на наредната пивска средба, со неизбежното ЦД со контемпорален џез....:D
 
Ateist,

троа си ги извртел работите, ама ај...

Еве го мојот предлог: ако науката (било која, во својот домен...), смета дека „нештото„ не постои, тогаш истата таа наука, нека ги посочи и условите, кои спречуваат постоење на такво „нешто„: Патем кажано смешно ми е априорното негирање на можноста дека едно „нешто„ не постои, не ради друго, туку само ради негативно искажаниот став за не можмноста од постоење на „нештото„, без да се посочи „нешто повеќе„ како доказ, со доказна постапка, а не само искажана негација.
Море Мики, читај што пишувам не туку скокај и да ми ги извртуваш моите зборови.
Никаде не реков дека научно е докажано дека нешто “не постои“. Ако некој и ти рекол такво нешто како што тврдиш, тоа си е негов проблем, јас такво нешто не реков и не е мој став.
А ако, како велиш, целта е „..да пронајде докази за она што постои....„; тоа е обична смејурија, затоа што е смешно да го докажуваш „она„ кое веќе постои, пошто истото „тоа„ веќе постои и е достапно за наш увид. То му доваѓа како потребата од „докажување„ дека Земјата се „врти„ околу Сонцето, кога е повеќе од очигледна токму спротивната појава, која згора на све, е очигледен феномен, кој нема потреба од „научно „ докажување за неговата точност и очигледност!.
Се правиш многу паметен или стварно си? Нешто што постои не значи дека е и очигледно и дека можеш да го видиш (или осетиш). Никаква очигледност не е дека сонцето се врти околу земјата тоа е твое некое набљудување. Она што е очигледно е праволиниско движење на сонцето (прво по угорна, после по опаѓачка. Никаква ротација јас не гледам. Ако си ти толку способен да видиш ротација, повели докажи ми.
Во краен случај, ајде, обиди се „научно„ да го докажеш Твоето лично постоење, со ваков или таков експеримент, а „научните„ согледувања од истиот. ќе ми ги пренесеш непосредно, на наредната пивска средба, со неизбежното ЦД со контемпорален џез....:D
А кој тоа ти рекол дека јас постојам? Јас сум само холограмска проекција врежана во твојата свест. И за тоа треба духовна логика (ама не онаа православната) :sneaky:
 
Море Мики, читај што пишувам не туку скокај и да ми ги извртуваш моите зборови.
Никаде не реков дека научно е докажано дека нешто “не постои“. Ако некој и ти рекол такво нешто како што тврдиш, тоа си е негов проблем, јас такво нешто не реков и не е мој став.

Ц, вала јо! Не извртувам зборови, туку бев јасен и напишав свој предлог!

Еве го како цитат:

„...Еве го мојот предлог: ако науката (било која, во својот домен...), смета дека „нештото„ не постои, тогаш истата таа наука, нека ги посочи и условите, кои спречуваат постоење на такво „нешто„:...„ И тн...
 
Еве ти го и мојот одговор, ама ти не читаш.

Недна наука не докажала дека нешто не постои
 
Се правиш многу паметен или стварно си?

Да, стварно сум, мама таков ме роди, батали то што сум нескромен...:P
--- надополнето: 1 октомври 2012 во 14:18 ---
А кој тоа ти рекол дека јас постојам? Јас сум само холограмска проекција врежана во твојата свест. И за тоа треба духовна логика (ама не онаа православната) :sneaky:

Е ја, покажи ми ја Твојата „духовна„ атеистичка логика на докажување хологафски проекции...

П.С.

А за ЦД-то со џез, си знаеш, нели...
 
Да, стварно сум, мама таков ме роди, батали то што сум нескормен...:P
А грешка си. Бог сите не направил, нема врска со мама и тате. Такви какви што сме, кој скромни кои нескромни, кои доблесни кои не.....:P
 
Недна наука не докажала дека нешто не постои

Аууу, море, па ваква ТРОЈНА (!!!) негација не заприметувам баш секој ден...

Ама за да ја разберам, ќе ми требит духовна логика, нели, ама не онаа православната...:icon_lol:
 
Да, шаманска.
 
О.К, ја ќе тркам да наба‘ам пристојна количина стимулативни средства за „прошируење„ на свеста...:D
Млад си бе за стимулативни средства... :D уствари шо те знам може и ти требаат. Или темјанот брка работа а? Не ми е познато дека темјанот како афродизијак се користи.... :D
 
Млад си бе за стимулативни средства... :D

Признавам...:pos:
--- надополнето: 1 октомври 2012 во 16:32 ---
Или темјанот брка работа а?

Да, брка демони...:icon_lol:
--- надополнето: 1 октомври 2012 во 16:33 ---
Не ми е познато дека темјанот како афродизијак се користи.... :D

И мене това не ми е познато...:sneaky:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom