Грешка. Цело време се работи да им се покаже дека нивното верување не е рационално.
Ако на пример утре се појави пак Исус и им каже дека пола од работите што ги пишува во светите книги не се од него, верниците одма ке го убијат.
Една и можните алтернативи, другата е дека не постои.
Не. Јас не се повикувам на Авторитети.
Ако ми се покаже Бог не само на мене туку и на целата планета.
Дали ке го следам тоа е веке друго.
Ке знам само дека постои повисока форма на постоење.
Се слагам за нерационално верување.
Зошто мислиш дека верниците би го убиле Исус ако се симне на Земјава?
Прво, тоа никогаш не би можеле да го сторат без негова дозвола, и второ секој верник ќе го препознае Исус , без проблем во таква ситуација.
Значи прашањето ќе го сметаме за лапсус.
Ако веќе се има став, дека доколку Бог се покаже, тогаш ќе увидиме дека сме грешеле во однос на неговата егзистенција, тогаш е сосема легитимно да се постави прашањето како очекуваш да ти се покаже, во каков облик, и како ти едноставно би го препознал тоа негово појавување.
Односно, како атист го негираш најчесто антропоморфниот концепт на егзистенција на ентитет Бог, и сигурно не очекуваш појава на антропоморфно битие или поинаков облик на живот сличен на нашиот.
Затоа е потребно да се образложи каков концепт за Бог е релевантен за еден атеист, и како тој ќе биде задоволен за да го прифати истиот како веродостен?
Велиш би знаел дека постои повисока форма на постоење во таков случај. Обично луѓето сакаат да имаат знаење, за да го искористат за одредени свои потреби во сегашноста или иднината.
Како ти би го искористил тоа сознание, па и новостекнато знаење? Верниците знаат што добиваат од нивното знаење.
Дали атеистите знаат што би добиле, во таков случај?