Мапа на европската интелигенција: не сме за фалење, ама ќе не биде
30 Јуни, 2014 - 22:00
Чешкиот математичар Јакуб Мариан објави карта на Европа која покажува просечен IQ во секоја земја на стариот континент.
"На коефициентот на интелигенција најмногу влијае квалитетот на образованието. Треба да се има на ум дека побогатите земји се во можност да обезбедат подобри услови за тестирање на учесниците", објаснува научникот Мариан.
Тој ја составил картата така што Косово сеуште е дел од Србија, и Крим е дел од Украина "заради целите на тестирањето", и дека, за жал, податоците за Црна Гора не се достапни.
Како што можете да видите на мапата, од земјите од поранешна Југославија, прва е Словенија, п следува Хрватска, веднаш зад неа е Србија со втор највисок коефициент, па Македонија. Зад нас е Босна и Херцеговина. Најинтелигентни во Европа како целина се Финците, а најлоша оценка доби Албанија. (И.)