Прашања до Атеистите II

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Мики, не се работи за отпор према некаков си глобален притисок.. Излегвит папана пред милиони народ на копакабана, а јас гледам само обичен лидер на политичка партија и неговите приврзаници. Тоа во мојата свет не е резистентност, туку реалност... Ништо повеќе од тоа.
Можам само едно да кажам.. (доколку дискутираме кога и како сум постанал атеист.... и се мислам ваква тема да отворам)
Тоа се случи во екот на моето школо(основно према средно) и пристапот до светската библиотека - интернет. Тука има и удел - секојдневието што ме опкружува.
Можеби тогашните влијанија, идеали, верски, неверски, медиумски - биле клучниот пресврт во моите погледи према теизмот..
А мики, шо викаш?
Сигурен сум дека не сум се родил како атеист. И мислам дека денешнава пропаганда во етер, е со натпреварувачки дух. Нема никој со сериозно водство, туку самите луѓе избираат страна. А можеби и грешам... нека ме поправи некој.
токму заради ова ги напишав тие 15 години, .... кај мене во средно, 15-16, али сепан не е на 20 кога колку толку си веќе оформена личност
 
мики, може да се влијае кога имаш 15 год, но кога ќе оформиш стаФ тешко да може нешто да влијае. ко со мене, секогаш и се' преиспитувам, секогаш прашувам зошто. тоа е мојот стаФ и со тоа сум имун на сите влијанија

Ај не си ласкај, мислим...:icon_lol:

Нема човек кој не е приклонет кон некое убедување или кон нечие влијание, а ако Ти си исклучок, слободно кажи, а кажи го и начинот на постигање на својата резистентност...

Несигурноста во личните ставови и нивното ѓоамити (пре)испитување не се никаква отпорност, туку лична несигурност.
 
Не може.
Како атеист треба да си запознаен со оваа философија, ама не си - туку се чешаш со Кроули, кој си го завршип своето.
хепта, под итно треба да се направи апдејт на листата, ако сакаме да ја сфатиме (сите ние, и верници и не верници) како сериозен пристап на нештата. во ова пакување веруј дека само за подсмев може да служи. скоро па исламски ми личи. само ние сме најпаметни, сите други се дегени.не сакам да навлегувам понатаму во ова, така да, ......... ќе го баталиме

Абе ова е од минатиот век книга, почетокот и тоа, апдејтирано е... онака прашав :)
Точно, онака е за подсмев, ако не се подновуваат работите со нови сознанија (овој мој пост е сепак само извадок од есеј - еден есеј не може да долови се, не пак извадок, ставено е како импулс за размислување, не за некакви си апсолутни вистини за атеистот, аспирантот и адептите)!
Никаде во текстот не вели дека „ние“ кои и да се тие ние се најпаметни и слично. ;)

Слични сме сите со христијаните и муслиманите, бидејќи толку имате за споредување... нели :) Се е слично пак, според мене. Надворешно! Колку поеќе ја вртиме топката, се поеќе и поеќе се наоѓаат сличности со ова или она... Секој според искуството и знаењето.
 
Ај не си ласкај, мислим...:icon_lol:

Нема човек кој не е приклонет кон некое убедување или кон нечие влијание, а ако Ти си исклучок, слободно кажи, а кажи го и начинот на постигање на својата резистентност...

Несигурноста во личните ставови и нивното ѓоамити (пре)испитување не се никаква отпорност, туку лична несигурност.
хаах, сега пробуваш да ме навредиш нели? ама не ти се давам, не се вреѓам јас така лесно. ;)
можда ради корените сум малку повеќе приклонет кон христијаството (ми се допаѓа идејата на добрина и милост) но во исто време сум приклоник и кон будизмот, а и абориџинизмот (ако може така да се напише:))
а за пробувањето за навреда :) зошто викаш лична несигурност? јас викам дека ништо не е апсолутно!!! од кај знаеш дека не си некој бајт во некоја машина која ........ која на пример копа руда на сдчфоихсдаифухздскјдвбуис планета? така да, оставам врати широко отворени за сите опции, но докажани опции, а не рекла-казала
 
Добро, кај виде навреда, освен ако изразот “несигурност„, (кој со прави ги напишав..) го сметаш за навреда. Ептен јака навреда, не?

Муабетот ми е: не можеш бесконечно да „висиш„ во недефинирана состојба, арчејќи го животот на испистување, преиспитување и (пре)докажување на веќе докажани нешта, оти на Земјава не сме дадени за вечен живот. Од таму и доаѓа Твојата несигурност, оти било кој одговор да прифатиш а кој се однесува на Твоите дилеми, тоа ќе биде одговор кој ќе Ти ја скрати своеглавоста, а токму тоа кратење на личната слобода е она кое секој атеист сака да го избегне, а не може да го избегне...
 
мики мики, не мепрофилирај, него прашај нешто бога ти :D
П.С. моѓам и сакам бесконечно да “висам“, ми се може бар додека сум тука, за после тоа појма немам и не ми е гајле :ROFLMAO:
 
Сега ќе споделам една мисла со вас: Ветерот знаеме дека постои,го гледаме? Љубовта знаеме(?) дека постои, ја гледаме? Парите во Македонија знаеме дека постојат, ги гледаме? :cool:
 
Сега ќе споделам една мисла со вас: Ветерот знаеме дека постои,го гледаме? Љубовта знаеме(?) дека постои, ја гледаме? Парите во Македонија знаеме дека постојат, ги гледаме? :cool:
очигледно дека си ТЕИСТ. љубовта е производ на поголемо лачење на хормони од жлезда, ... ај да не објаснувам, ..... хемиски процес е тоа.
ветер е пак промена на притисокот.......... исто ко и жешката рингла нели? дај прашај нешто предизвикувачки, ова во 7 и 8 одд се учи по физика и хемија
 
Мои прашања....
1) - Зошто и на основа на што, атеистите одговараат на овие прашања?
Ќе објаснам и зошто прашувам - атеизмот не е организирано движење како христијанството или исламот за да има универзални постулати по кои може да се одговараат некакви прашања. Негирање на приказни, бајки, догми - ок, разбирам - што друго?
Еве ќе го земам примерот со „прашања за христијанството или исламот“......не дека црквата има одговори, најлесно ќе ти одговорат со „види во евангелие 3.5.28 по Лука, по Матеј....“, едно се коси со друго, а ни од двете нема баш да видиш. Истите тие изводи религиозните луѓе си ги толкуваат вака или така, вадат нејасни и недокажани извори и прашањата остануваат да лебдат....ама нешто слично е и овде, затоа прашувам.

2)- Зошто атеистите не се групираат во име на здравиот разум и не работат на ослободување на (ментално инфериорните единки) од религиските догми?
Зарем немате иста цел?
Јас лично атеистите ги доживувам како луѓе со поотворен ум, често и со похумани ставови и единствено кај нив гледам некаква надеж во некакво (па макар и минорно) нормализирање на меѓучовечките односи. Религијата добри 6-7 милениуми покажува дека не и е тоа идејата и дека нема никаква друга намера освен да убива и уништува неистомисленици. Не сум љубител на групирања по некакви концепти, уште полошо по глорифицирање на некакви личности, но во случајов мислам дека мора да надвладее разумот над религијата и затоа мислам дека постои потреба од такво нешто.

3) Изненаден сум околу ова за науката. Генерално, научната мисла е конципирана да дава одговори на прашањата исклучувајќи ја улогата на Бог во природните процеси, (така и тргнала од 0), а одеднаш стана не-атеистички концепт (не ми е јасно како?)....
1) Во црвениот болд лежи одговорот на трите прашања (пасоси). Тука е грешката затоа е со црвено. Атеизмот не подразбира негирање туку неверување, што не е исто. Кому треба нешто атеистот да му негира. Кој верува дека некој бог/ови (зависно религијата нели) постои/јат е негово право.
2) Зошто би го правеле тоа? Секој треба да си го изоди патот по кој мисли е дека исправно. Што имаат атестите со тоа? Yes, there are two paths you can go by, but in the long run......тhere's still time to change the road you're on.
3) Науката си е на научниците, не знам зошто си изненаден. Атеизмот нема врска со тоа. Тешко дека било која наука може да докаже дека бог не постои. Ако пак мислиш бог како креатор еве погледни го постот на темава за хиндуистичката космологија (слични се и другите источни религии/учења). Сосем различен концепт. Атеизмот не почнува со развојот на модерната наука. Многу порано постоеле, уште кај античките философи. на пр. Плутарх, Сенека, Плиние Втори, Овидие, Лукрецие, Демокрит, Епикур, Аристофан, Аристотел. Која наука тогаш постоела?

Сега ќе споделам една мисла со вас: Ветерот знаеме дека постои,го гледаме? Љубовта знаеме(?) дека постои, ја гледаме? Парите во Македонија знаеме дека постојат, ги гледаме? :cool:
И што врска има тоа со атеистите? Дај некое корисно прашање да ти одговориме, на пр. дали е Галакси ноут или Ајфон подобар :D
 
А притисикот под која сила се создал,гравитацијата? Гравитацијата од каде е? И плус не ми одговори за парите во МК :D
сакаш да тролаш? ок, твое право.
да сум некој ко хокинг СЕ' ќе ти кажам околу гравитација, радијација, притисок и вакуум.
ти реков, на вакви прашања е сувишно да се одговара, се етолку познато и учено во 7 и 8 одд.
а и да ти одговорам, знам дека после тоа ќе прашаш од каде е тоа или ова, .... за да на крај треба да се предадам и ти кажам ОК-во право си, појма немам. и ти тука ќе настапиш со светата книга и ќе извадиш цитат кој би требало да ми го објасни тоа што не ми е јасно.
провиден си, ........... уте еднаш, постави предизвикувачко прашање, каде сите ние ќе ги вклучиме можданите вијуги
 
се запрашал некој во добро спакувано чоколадо со поминат рок како се праат црвје или во скапано месо?!
ова докажува дека можи да се создај народски речено само од себе, бактериите си го праат своето
 
Сега ќе споделам една мисла со вас: Ветерот знаеме дека постои,го гледаме? Љубовта знаеме(?) дека постои, ја гледаме? Парите во Македонија знаеме дека постојат, ги гледаме? :cool:
Невидливиот Розев Еднорог знаеме дека постои, го гледаме?
 
Кога религиозен човек зборува за религија, ај да го разберам, али кога ќе почне да ја напаѓа науката, да го присвојува поимот ВЕРУВАМ, демек тој е само и само и само за нивно користење, оти они веруваат и се верници, а у што веруваат од 5 души сите различно ќе ти кажат, дискусијата станува беспредметна и смешна, уште гравитацијата кога ја прават божјо дело, мислам нема простор за дискусија.
 
Едно конкретно прашање до атеистите.....во кој Бог/божества не веруваат?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom