Мои прашања....
1) - Зошто и на основа на што, атеистите одговараат на овие прашања?
Ќе објаснам и зошто прашувам - атеизмот не е организирано движење како христијанството или исламот за да има универзални постулати по кои може да се одговараат некакви прашања. Негирање на приказни, бајки, догми - ок, разбирам - што друго?
Еве ќе го земам примерот со „прашања за христијанството или исламот“......не дека црквата има одговори, најлесно ќе ти одговорат со „види во евангелие 3.5.28 по Лука, по Матеј....“, едно се коси со друго, а ни од двете нема баш да видиш. Истите тие изводи религиозните луѓе си ги толкуваат вака или така, вадат нејасни и недокажани извори и прашањата остануваат да лебдат....ама нешто слично е и овде, затоа прашувам.
2)- Зошто атеистите не се групираат во име на здравиот разум и не работат на ослободување на (ментално инфериорните единки) од религиските догми?
Зарем немате иста цел?
Јас лично атеистите ги доживувам како луѓе со поотворен ум, често и со похумани ставови и единствено кај нив гледам некаква надеж во некакво (па макар и минорно) нормализирање на меѓучовечките односи. Религијата добри 6-7 милениуми покажува дека не и е тоа идејата и дека нема никаква друга намера освен да убива и уништува неистомисленици. Не сум љубител на групирања по некакви концепти, уште полошо по глорифицирање на некакви личности, но во случајов мислам дека мора да надвладее разумот над религијата и затоа мислам дека постои потреба од такво нешто.
3) Изненаден сум околу ова за науката. Генерално, научната мисла е конципирана да дава одговори на прашањата исклучувајќи ја улогата на Бог во природните процеси, (така и тргнала од 0), а одеднаш стана не-атеистички концепт (не ми е јасно како?)....