Прашања до Атеистите II

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Ја неам ништо против тоа славете си што сакате ама лицемерно е според мене.
на пример: Кога беа новогодишните и божиќните празници,на профил од професорката Ванковска видов дека напишала: Не ми честитајте никакви празници, јас сум атеист,нити ги славам нити ги обележувам верските празници.
отприлика вака беше статусот.
некој од вас го направил ова? или страв ви е да не ви се налутат најблиските.
Добро бе другар, правиш ти разлика меѓу славење и нагости кај некој што слави? Еве јас имам пријателче муслиман, му честитам бајрам и одам на баклава кај него. Муслиман ли сум, лицемерен ли сум?

Ако некој близок слави некој верски празник, или слава а сум повикан, нема да му речам, кој те шиша, јас сум атеист. Ќе појдам и ќе го испочитувам него.
 
Ја неам ништо против тоа славете си што сакате ама лицемерно е според мене.
на пример: Кога беа новогодишните и божиќните празници,на профил од професорката Ванковска видов дека напишала: Не ми честитајте никакви празници, јас сум атеист,нити ги славам нити ги обележувам верските празници.
отприлика вака беше статусот.
некој од вас го направил ова? или страв ви е да не ви се налутат најблиските.
Нема ништо лицемерно во тоа да ја почитуваш традицијата која ја следат твоите блиски,со тоа и нив им изразуваш почит.Кога и да сум се нашол во ситуација некој да ми честита рандом верски празник,секогаш му возвраќам.Сигурно нема сега на секого поединечно да му објаснувам во што јас верувам или какви се моите ставови во врска со вербата,религијата?Пример,ти доаѓа некој и ти вели-"Христос воскресна",јас треба ли во таква дадена ситуација да почнам да образложувам дека мојот скептицизам ме наведува дека со сомневам дека воопшто и постоел Исус како личност а уште посомнително е дали навистина воскреснал или не?Ќе испаднам кретен на квадрат,а само сум можел да вратам на поздравот и да го удостојам ликот со трошка почит кон неговиот празник.
Истотака,не би имал никаков проблем доколку мојата девојка побара да се венчаме во црква,и тоа би го направил.Знаеш зошто?Затоа што не ми е мене грижа дали сум влегол во црква,џамија,синагога или било што слично.Атеизмот мене не ми забранува да го правам сето ова што го набројав.
Еве,имаше пример,поточно изјава на еден член на форумов,кој јавно одби иако никој не го ни праша,да им го честита на Христијаните Божиќ.А пази,никој не го ни повика,ги заболе нив за него.Но сепак,тој си докажа колкав кретен е и дека не вреди ни пет пари да фрлиш за него.Најмногу ме иритирале луѓе што мислат дека го пронашле Бог,а не се пронашле себеси како луѓе,т.е.како човек.Џабе им е вербата во Бога,кога како личности се нула-0:)
--- надополнето: 19 февруари 2013 во 16:10 ---
@ Gurdjieff,лајкај си ти,ама и ти спаѓаш во таа група на луѓе кои себеси не се реализирале,а мислат дека вербата во Бог им носи поголеми ташаци.Жити просветлените:tapp:
 
Takvi seljachishta kako tebe vo Vinica ne gi ebevme 2 % pa moraa da idat da ziveat vo Skopje za da se kazuvaat gragjani.....doselenici kolku sakash kako tebe vo Skopje...seljachishta...
Е за ова ти зборам.Ако не трпиш шала,не мора да навредуваш.Заеби Богови и се остало,ако вака се понашаш.
--- надополнето: 19 февруари 2013 во 17:28 ---
Ај па ти не му замерај, се оддалечил од човекот, :D се симнал подолу.
Подолу?На -ре- или на -ми-,што мислиш?:D
 
Е за ова ти зборам.Ако не трпиш шала,не мора да навредуваш.Заеби Богови и се остало,ако вака се понашаш.
--- надополнето: 19 февруари 2013 во 17:28 ---

Подолу?На -ре- или на -ми-,што мислиш?:D
Далеку се и ре и ми од него, под нула, накај апсолутна нула тежи :D
 
Gurdjieff, ако е за така... некои до Ск некои до Италија, Германија заминаа... Полека со обидот за навредување на „сељачиштата“ од Виница. Сите си имаат по некој сељак во својот круг на битисување но забораваат да видат дека може и тие се сењак во очите на некој друг :)
Воопшто не си ми просветлен, твојот бог ми е лудачки бог... кој знае што ти збори и за атеисти и за муслимани и за дервиши и за телемити!
Кој знае умот што ти збори тебе...

За атеистите мое мислење:
Атеистите најдобро ги прифаќаат другите и нивните верувања додека некој не покаже кон нив со прст и не им каже: НЕВЕРНИК! Тогаш влегуваат во некој чуден „воен мод“.
Атеистот е најсвесен за разновидноста на религиите и ритуалите денес... затоа и не бира страна ниту пак се заморува премногу :)

Тука што се кошкаат сите едни со други е чиста форумска пракса, во живо е сосема друга сликата... Овдешните искуства не се добро мерило за реалноста ниту за религиозните, ниту за атеистите..

Зарем не е така?
 
Атеистот е најсвесен за разновидноста на религиите и ритуалите денес... затоа и не бира страна ниту пак се заморува премногу :)

Ова е една од работите што вернициве неможат никако да ја разберат. Јас сум Атеист и тотално не се замарам дали некој друг околу мене е верник или не. Не пробувам да наметнам мое мислење со сила и секогаш сум спремен да ја слушнам и објективно согледам и спротивната страна.

За разлика од мене, сум приметил дека ако на некого му кажам дека сум Атеист - имаат неодолива потреба да почнат да ме убедуваат, вртат со главата во стил - “како е можно“ и ако не ги прекинам, може цела вечер за религија за зборат. Тоа изгледа им е во крв уште од Инквизицијата и Крстоносните војни останато.
 
exlexmk и Никола, слабо се почитуваат новите строги правила поставени во првите постови на новите три теми во религија (прашања за x).
Тешко се одржува контрола или претешки се правилата?
И проверувајте ги темите, не само да чекате некој да пријави па да видите на каде се оди... погледнете наназад 20 страници... дали се задоволени вашите правила?
Јас мислам дека не се (не само на оваа тема, туку и на другите две[таму е пострашно]).

Дури и човек што се труди да одржува правец и да игра по правилата, откако ќе му се изгуби врската со муабетот на темата и тој застранува во целиот хаос од навредувања и бладања кои немаат врска со темата ами со поедини членови тука...

Казнувајте, модератори, нека се плашат од банирање, да се научат да коментираат луѓето и да мислат два пати пред да напишат од ракав било што. Нека пишуваат на темите (макар и провокативни прашања), само да не се буткаат едни со други и омаловажуваат... 11 дена вака и потоа ќе сте помирни :)

Благодарам за внимание :)
 
Вербата е во срцето.

Одењето во црква, џамија или синагога е....инсерт соодветен збор освен бесполезие ако не ви се допаѓа...

А одење у гаража не е само за кола, за точак, или нашки бицикло, за мотор, за алат, по ајвар или туршија, за оние кои немаат подрум итн.

Но, се сложувам.


Атеисти одат на венчавка бидејќи се поканети, не затоа што ТОА МОРА да е и нивни свет обред.
Од чест.

А и некои слават празници бидејќи им е семејна традиција, иако не веруваат. исто почит кон традицијата и предците.

Јас тоа со години наназад тука го објаснувам. Ништо не ме кошта што сум кума на дете.
Родителите знаат дека не верувам, но сум многу блиска пријателка со нив, едноставно некако природно дојде до тоа. :)
 
За да бидеш сигурен дека Вселената некад била набиена во тело со „точкаста„ димензија, потребно е да имаш очевидец кој, гледајќи го тој сингуларитет „од надвор„, ќе посведичи деке Вселната навистина настанала на тој начин. Ние, смрните, се‘уште ја гледаме Вселената „од внатре„ и субејктивно, и физички.

Ваќе, не То останува ништо друго, освен да веруваш дека Хокинг (поточно: примарното јајце, запакувано во сциентистичко-философска амбалажа) навистина било почетна состојба од Вселената.
Погрешно. Како што набљудувајќи автомобил кој оди надесно, знаеш дека бил лево, ист е и случајот со универзумот. Тој се шири, ширењето е движење нанадвор, што значи во минатото бил помал одколку сега.
А што било пред сингуларитетот, и кој/што го створил тој сингуларитет?
Што било "пред" е прашање кое го тангира времето, а времето и просторот се една целина: простор - време. Времето почнува да постои - да тече, одкако сингуларитетот почнал со експанзија, така да прашањето што било пред него, нема смисла. Ова исто така е одговор и на прашањето што го создало сингуларитетот. Создавањето е процес, за секој процес е потребно време, времето почнува со експанзијата на универзумот, што значи универзумот е пред (над) времето. Како што ти тврдиш дека бог е пред или над времето, така и биг бенг теоријата тврди дека времето има почеток, но не и универзумот. Како што на Бог не му е потребен креатор затоа што постоел вечно, така и на универзумот не му е потребен.
 
Погрешно. Како што набљудувајќи автомобил кој оди надесно, знаеш дека бил лево, ист е и случајот со универзумот. Тој се шири, ширењето е движење нанадвор, што значи во минатото бил помал одколку сега.

Погрешно...

Тоа што т.н. инфлаторна Вселена е прифатен поглед на истата, тоа не значи дека е единстевна вистина, особено што таа „вистина„ е видување кое „виси„ само на претпоставката за точноста од т.н. црвено поместување, кое некои поединци веќе го побиваат, поткрепени со набљудувања и мерења. Таков е случајот со квазарите, кои мерени, изгледаат „далеку„ за сепак се физички врзани за галаксии чии мерени растојанија од Земјата, изгледаат „блиску„.
--- надополнето: 20 февруари 2013 во 09:09 ---
Што било "пред" е прашање кое го тангира времето, а времето и просторот се една целина: простор - време. Времето почнува да постои - да тече, одкако сингуларитетот почнал со експанзија, така да прашањето што било пред него, нема смисла. Ова исто така е одговор и на прашањето што го создало сингуларитетот. Создавањето е процес, за секој процес е потребно време, времето почнува со експанзијата на универзумот, што значи универзумот е пред (над) времето. Како што ти тврдиш дека бог е пред или над времето, така и биг бенг теоријата тврди дека времето има почеток, но не и универзумот. Како што на Бог не му е потребен креатор затоа што постоел вечно, така и на универзумот не му е потребен.

Према томе, авторот на „големата експлозија„ и на сингуларитетот, си оставил премногу луксуз, гледајќи го и времето и сингуларитетот пред нивното постоење, така?...:D Уш‘е троа, па Хокинг ќе испадни творец и на времето и на сингуларитетот.

Што е многу, многу е!
 
Погрешно...

Тоа што т.н. инфлаторна Вселена е прифатен поглед на истата, тоа не значи дека е единстевна вистина, особено што таа „вистина„ е видување кое „виси„ само на претпоставката за точноста од т.н. црвено поместување, кое некои поединци веќе го побиваат, поткрепени со набљудувања и мерења. Таков е случајот со квазарите, кои мерени, изгледаат „далеку„ за сепак се физички врзани за галаксии чии мерени растојанија од Земјата, изгледаат „блиску„.
--- надополнето: 20 февруари 2013 во 09:09 ---


Према томе, авторот на „големата експлозија„ и на сингуларитетот, си оставил премногу луксуз, гледајќи го и времето и сингуларитетот пред нивното постоење, така?...:D Уш‘е троа, па Хокинг ќе испадни творец и на времето и на сингуларитетот.

Што е многу, многу е!
За дискусија дали некоја научна теорија е точна или не, имаш подфорум наука. Овде доби одговор, ако не ти се допаѓа твој проблем.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom