Прашања до Атеистите II

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Ако неверуваат тогаш не би ја подлагале таа тема на дискусија.
Според тебе?
Ако оние кои веруваат, ги користат своите верувања за да им судат на останатите и да го сметаат нивниот живот за нешто погрешно, тогаш итекако има основана причина за таа тема да се подложи на дискусија.
 
Шкорпи религијата е карактеристика на поединец, која с еоднесува на внатрешноста на човекот и нуди можности да ја поправиш својата внатрешна состојба.

Патот до реализацијата е иднивидуален. И резултатите и благодетите од нив се индивидуални и различно вредни за секого.

Затоа е невозможна генерализација на сето ова.

:)
Ајде да видиме која тоа религија што нуди. Конкретно ако може и со кои методи. Потпрашање дали тие методи се религиозни? Во интерес на дискусијата те прашувам за да ти дадам коментар на истото и да увидиш дека грешиш.
 
Ако оние кои веруваат, ги користат своите верувања за да им судат на останатите и да го сметаат нивниот живот за нешто погрешно, тогаш итекако има основана причина за таа тема да се подложи на дискусија.
Неуспешен обид.Нападите и осудувањата, и соодветните одбрани за истите се сосема друг аспект.Не е подложено на дискусија нечиј особини а Божјата суштина.
Која е потребата на атеистите при дискусија за Божјата суштина, да се вклучуваат во истата .Ако неверуваа во Бог тогаш немаше и да пишуваат.А вака верата дека нема Бог е причина кој ги тера да дискутираат.
 
п.с. нема фамилија животни:) Тек во надмножеството - класа mamalia доаѓаш во ситуација да имаш нешто заедничко (раѓање живи млади)

Тоа со фамилијата не беше пишано од аспект на номенклатура, туку метафорчки од аспект на поблиско семејство, роднински врски :)

Се согласувам дека критиката што ја имам (барем јас) се носи воглавном кон институционализираната религија и индоктринацијата. Но проблемот што останатите не преземаат нешто околу таа глупост ми остава впечаток на слабаци, кои не им е грижа за репутацијата на тоа што го величат. Така да и за тие немам некое високо мислење. Ако збориме за "вистински верници" од тој тип што ги опиша.

Што е животно, имаш ли дефиниција?

Кој е нивнито степен на еволуција, кој е нашиот и што те разликува од нив?

Ако така ти е полесно, ок. Јас немам проблем со таа дефииницја – дека сме животни, а сме еволуирале појке од другите.

Најпростата дефиниција е дека секое живо суштество е животно. Разликите во степенот на еволуција е што нашиот вид произвел поедин вид на интелигенција (комплексно прашање само по себе, што е интелигенција, кои форми ги зазема итн.), и физичка форма кој аму овозможила полесно да се справува со околината и да ја доминира.

Мутацијата е клучот на еволуцијата. За многу научници, остриот пораст на интелигенција и софистицирано мозочно ткиво се должи на мутација, како и исправениот став на телото. Мутација се случува во рандом околности, ненадејно, и служи како катализатор на одредени појави и процеси на кои им е потребно многу подолго време да се реализаираат во целосен пакет. Гледај на тоа како на скок. Додека сите останати животни скокаат метро ипол, две, три, човекот скокнал 200 метри во еден здив. Заради тоа останатите се уште ги сметаме за нееволуирани животни, а човекот понапред од нив. Утре можеби слична мутација ќе се појави кај китот, слонот, делфинот, лавот, свињата, еден или повеќе видови од нашите роднини, приматите итн. Тогаш ќе имаме интересна ситуација.

За второто- кај викам дека само преку религија се станува добар? Што е тоа добар? ДОбар за себе или добар во очите на другите?

Никогаш нема да бидеш доволно добар во очите на другите, барем не кај повеќето затоа што секогаш ќе ти наоѓаат маани. Тргни од најпозитивните личности во историјата (или денес што се живи). Да видиш какви глупости сум се изначитал за Мајка Тереза, за Ганди, за Ајнштајн, за Дијана итн. - Луѓето секогаш ќе ја искористат шансата да фрлат прашина врз тебе, без разлика колку си добар. Поради тоа, според мене, најисплатливо е колку добар се сметаш само ти себе си, затоа што очекувањата на другите се некогаш превисоки, а нивните мислења променливи.
 
Тие веруваат дека нема Бог. Ако неверуваа во Бог тогаш воопшто немаше да зборуваат,пишуваат,мислат на таа тема.Како што може да се види од форумов баеѓи се преокуппирани со истата.
Ти пречи ли што БОГ го пишувам со голема буква?
Не ми пречи, сеедно ми е како ќе си го нарекуваш богот... само користи множина, бидејќи атеистите не веруваат дека постојат било какви богови, без разлика на почетна буква дали е б или д, ниту пак дали е со голема или мала буква

Секој е преокупиран денес со „боговите“ и нападите на старо-еонските религии кон единката која НЕ ВЕРУВА во божествената природа на истите! Од тие религии дојдоа многу „правни цивилни закони“ во минатото кога црквата имаше малку поголема моќ во однос на другите, со кои денес се малтретираат луѓето кои сакаат да живеат по своја волја и како им е волја ако тоа не смета на засегнатата страна !
Пример:
Ќе спомнеш брак помеѓу жена и жена и ете ти цитати од библијата или коранот како богот рекол... стој.
За атеистот не постои бог, смешни се тие изјави од вашите свети книги за нив... на било која тема како аргумент ако земате од библијата или коранот: вашиот бог за нив не постои, сето тоа го гледаат како еврејска и христијанско-исламска философија создадена и усовршувана од луѓе.
Само така ќе се разберете едни со други... онака ќе се препирате како и јас верувам и ти веруваш, ама јас ќе бидам спасен... така, не.

Може атеист да не подржува да постои истополов брак но основата на тоа да е „божји збор“ од некој бог, во кој другиот не верува - се глупости...
Муслиманите го прават истото...

Премногу се меша религијата во осудување на неистомисленици, како да сме XIX век Македонија... :)

Вие верниците одите предалеку: некој не верува во твојот бог и целата таа етичка, морална и правна рамка закитена со вера како апсолутност, а вие упорно велите дека тој ваш бог ќе ги суди СИТЕ !
Од тука доаѓа и револтот и нападите на оние кои или не веруваат тотално во постоењето на еврејскиот бог или пак Алах, или пак се припадници на друга религија...
Тоа пак е сосема друга сказна која создава атеисти по светот... :)


И ти ми велиш како така другите се преокупирани со вашите осудувања и напаѓања на слободната волја на поединецот...
 
Ајде да видиме која тоа религија што нуди. Конкретно ако може и со кои методи. Потпрашање дали тие методи се религиозни? Во интерес на дискусијата те прашувам за да ти дадам коментар на истото и да увидиш дека грешиш.
и ти ли се Фана за истото? :D
тој пост привлекува внимание, а? ај да биде фер борба, Че ве остаам вас двајца да си помуабетите :X3:
 
Неуспешен обид.Нападите и осудувањата, и соодветните одбрани за истите се сосема друг аспект.Не е подложено на дискусија нечиј особини а Божјата суштина.
Која е потребата на атеистите при дискусија за Божјата суштина, да се вклучуваат во истата .Ако неверуваа во Бог тогаш немаше и да пишуваат.А вака верата дека нема Бог е причина кој ги тера да дискутираат.

Атеистите ви требаат затоа што повеќето верници немаат своја индивидуална Свест (ја замениле со колективна), заборавиле што е критика, не се љубопитни, земаат се здраво за готово. Да не се они, за што ќе разговаравте на вакви теми? Бидејќи немате Свест, тие се вашата Свест, бидејќи вие не ги поставувате правилните прашања, тие ги поставуваат за вас, бидејќи вие не критикувате, тие критикуваат за вас. Не сте сфатиле се уште, ама атеистите ви се вашиот најдобар пријател.

PS: Се согласувам дека некогаш претеруваат со тоа што посветуваат толку време од својот живот кон религиозни теми, ама па ако тоа се гледа како негативно, што тоа говори за вас? :D
 
И ти ми велиш како така другите се преокупирани со вашите осудувања и напаѓања на слободната волја на поединецот...
Неуспешен обид.Нападите и осудувањата, и соодветните одбрани за истите се сосема друг аспект.Не е подложено на дискусија нечиј особини а Божјата суштина.
Која е потребата на атеистите при дискусија за Божјата суштина, да се вклучуваат во истата .Ако неверуваа во Бог тогаш немаше и да пишуваат.А вака верата дека нема Бог е причина кој ги тера да дискутираат.
 
затоа што сме антихристи, да ви бидеме најголемиот кошмар. уживаме во вашите маки
 
Реков што ги тера да дискутираат и што создава атеисти... твоето верување дека атеистот ќе биде казнет од бог во кој ти веруваш дека постои, но за атеистот тој бог воопшто не постои (ја негира целата философија на една религија поткрепена со „божественост“ ) и за него тоа (таа, тој, тие богови) може да е некој философски симбол на пример за ова или она - е големиот проблем и доаѓа до судир.

Тебе ако не ти чини, нека ти биде неуспешен обид :)
Немам против јас...
 
Атеистите ви требаат затоа што повеќето верници немаат своја Свест, индиидуална, заборавиле што е критика, не се љубопитни, земаат се здраво за готово. Да не се они, за што ќе разговаравте на вакви теми? Бидејќи немате Свест, тие се вашата Свест, бидејќи вие не ги поставувате правилните прашања, онни ги поставуваат за вас, бидејќи вие не критикувате, они критикуваат за вас. Не сте сфатиле се уште, ама атеистите ви се вашиот најдобар пријател.

PS: Се согласувам дека некогаш претеруваат со тоа што посветуваат толку време од својот живот кон религиозни теми, ама па ако тоа се гледа како негативно, што тоа говори за вас? :D
Се гледа дека ти се плитки познавањата за она што имаат верниците. Она што се нагласува во православието е и индивидуалноста. Ќе те поштедам од цитати провери сам.
 
Грешка си за жал друже. Дефиницијата за теизам/теист тврди дека за да бидеш тоа, мора да имаш барем една фигура на обожување/божество, а јас немам ниедна. Освен себе си ваљда. Се важи тоа? Но ако се важи тогаш би бил ЛаВејски сатанист, не теист :P. Забуни, забуни ...



Како што реков, дур некому не му се случи лично нешто да го убеди во тоа, тогаш постои верување. Кај мене не е работа на верување туку фактичко. Не можам лично искуство да го сведам на верба. Не функционирам на тој начин. За останатите може да биде верба ама тоа би било нивна интерпретација, како што е ова твоја. Реинкарнацијата ја има и во будизмот, па не ме прави тоа будист. Исто како што некој кој тврди за себе дека има душа не го прави верник било каков по автоматизам. Не можеш на единечен елемент некого да бутнеш во некоја група, не функционираат така работите за жал.

А таа грешка ја прават сите лица верници, или еве, нека не се верниците, било кои лица кои следат некаква догма. Од таму јас сум во исто време будист, сатанист, атеист, теист (според тебе), мистик итн. Реалноста е дека сум сосема друго нешто што веројатно не подлежи на дефиниции, но ради тие елементи во дадене ситуација сум дефиниран ко едно, друго или трето.

Не знам за тебе, ама мене не ми се допаѓа да бидам пикан во кутија со налепница на неа :D
Шкорпионче, не ми филозофирај без везе.
Сето ова твое филозофирање ....етикети, реинкарнација ама не будистичка него на рајко, не ме прави верник верувањето во живот после смртта,има душа ама немам свест.... дрн дрн јарини....се сведува само на едно...а тоа е источна филозофија.
Турлитава ми направи...

Кажи јасно и гласно..велиш има душа, што после смртта. каде завршува душата?
 
Неуспешен обид.Нападите и осудувањата, и соодветните одбрани за истите се сосема друг аспект.Не е подложено на дискусија нечиј особини а Божјата суштина.
Која е потребата на атеистите при дискусија за Божјата суштина, да се вклучуваат во истата .Ако неверуваа во Бог тогаш немаше и да пишуваат.А вака верата дека нема Бог е причина кој ги тера да дискутираат.
Јас не зборувам во име на други, зборувам за себе. Кога некој шири стереотипи и го смета мојот начин на живот за грешен, тогаш итекако имам оправдување да дискутирам за неговите ставови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom