Грешка си за жал друже. Дефиницијата за
теизам/теист тврди дека за да бидеш тоа, мора да имаш барем една фигура на обожување/божество, а јас немам ниедна. Освен себе си ваљда. Се важи тоа? Но ако се важи тогаш би бил ЛаВејски сатанист, не теист

. Забуни, забуни ...
Како што реков, дур некому не му се случи лично нешто да го убеди во тоа, тогаш постои верување. Кај мене не е работа на верување туку фактичко. Не можам лично искуство да го сведам на верба. Не функционирам на тој начин. За останатите може да биде верба ама тоа би било нивна интерпретација, како што е ова твоја. Реинкарнацијата ја има и во будизмот, па не ме прави тоа будист. Исто како што некој кој тврди за себе дека има душа не го прави верник било каков по автоматизам. Не можеш на единечен елемент некого да бутнеш во некоја група, не функционираат така работите за жал.
А таа грешка ја прават сите лица верници, или еве, нека не се верниците, било кои лица кои следат некаква догма. Од таму јас сум во исто време будист, сатанист, атеист, теист (според тебе), мистик итн. Реалноста е дека сум сосема друго нешто што веројатно не подлежи на дефиниции, но ради тие елементи во дадене ситуација сум дефиниран ко едно, друго или трето.
Не знам за тебе, ама мене не ми се допаѓа да бидам пикан во кутија со налепница на неа