Прасе и пици во затворот за убиецот на Мартин Нешкоски

  • Креатор на темата Креатор на темата Exclusivux
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Луѓето се еволутивно тврдоглави и нивната комфорт зона налага постојано да се чувствуваат како да се право, најчесто без разлика на доказите. Ова значи дека е многу тешко, скоро невозможно да го промениш мислењето на една единка. Сакам да кажам дека доколку кретенот смета дека убиството што го извршил ултимативно не е негативен чин тогаш тој никогаш нема да седне и да се преиспита дали неговите постапки се добри или лоши.
И обратно, ако се кае од старт тогаш актот ќе делува на неговото психичко стање, е сега дали ќе полуде од вина или нешто друго зависи од самиот криминалец.
Во секој случај затворот најверојатно нема да му влијае.

Се соглласувам целосно. Не сакав да давам поопширни одговори за алтернатива, затоа што ќе ја одвлечкав дискусијата во сосема друг правец кој знам до што ќе доведе.
Ајде да зборуваме конкретно за случајов и за околностите, такви какви што се, плус по некоја имагинарна идеја...
Колку и да прават жртвено јагне од човеколикиов, сепак извршил убиство со умисла. Покажал агресија на многу помал и послаб од него, која ни малку не е оправдана, затоа што не е во самоодбрана, на пример. Мислиш ли дека е подобро оваквите случаеви да се изложени на редовен разговор со психијатар, секојдневно аргатење (ова се покажало како доста успешно во капитализмот, на тој начин што се створени мирни и послушни робови :icon_lol:), како и, можеби, редовно соочување со член од семејството на починатиот (нормално, измеѓу нив да има решетки, за да не му наштетат)?
 
Да ве прашам нешто да беше некој што еве направил тешка кражба и осуден на 2-3 години затвор ќе се буневте ?
Добар дек од затворениците се со вакви привилегии па досега не гледам да се буневте, ме интересира само дали ви смета тоа што ова говедо ги има "привилегиите" или општо за сите затвореници што уживаат вакви права?

Не дека го бранам говедото, за мене заслужува смртна казна .
 
ајде бе не заебавајте, па какви нелегалности има у затворите, им замерувате што јадат? БОГ ДА ЧУВА СТЕ ЛУЃЕ, тој уби човек и си ја доби казната, секако дека не е легално ама ставете се ајде на негово место? Не сакате ли еднаш во годината да кркате свинско, пици, еклери и такви ствари?

Од некаде мора да се почне со нелегалностите, така да - ДА, ќе замеруваме, бидејќи треба да има јасна разлика меѓу затвореник, криминалец кој е осуден, и некој кој се уште има статус на обичен граѓанин.

Некој дрндаше за човекови права ова-она, он се уште има човекови права, но голем дел од нив му се одземаат при потврда и осуда на злосторот. Да скајпуваш, твиташ, да висиш на фејсбук, да јадеш шведска маса и да имаш Blizoo кабелска на телевизор таму, и да си викаш пријателчиња на посета да играте карти - тоа обичен граѓанин може, и треба да може да си го дозволи - А НЕ ОСУДЕН КРИМИНАЛЕЦ.
 
Таквиот радикален пристап ќе доведе до голема политичка шизма помеѓу поддржувачите и противниците на спроведувањето на таквите казни.
Јас сум целосно за почитување на туѓите мислења.Тие што сметаат дека казните се престроги и со убаво повеќе се постигнува, нека им дадат да посвојат по еден тежок криминалец.
Нека им дадат соодветни финансиски средства и нека си ги приберат силувачите и убијците дома. Ќе имаат одлична шанса на дело да го докажат своето гледиште и став за „хуманост и попустливост„ можеби додека батките им ги онадат домашните.
 
Јас мислам дека ние, „обичните„ луѓе, не сме толку очајни за да го разбереме феноменот на злото (а со тоа и на криминалот). Тоа што очајно ни треба е справувањето со тоа зло и тоа преку радикализација на системот.
Методот на радикални мерки и тоа како добро функционира внатре во самите криминални кругови. Сосема извесно и логично е дека ќе делуваат и на самиот криминал. (прилика за цитат: „На гомнарот со гомнарска цевка„)

Нормално, дека ситуацијата ќе ескалира до тоа на кој му е поголем... потенцијалот. Државата не треба да се плаши од ескалација на борбата со криминалот. Во спротивно ајде барем и формално да прогласиме анархија, па да смее секој да се брани како умее и може.
Или пак со практичен пример, ако веќе те напаѓа Неандерталец со пендрек, заеби непримена на прекумерна сила и свирни му олово во главата (и онака е празна).

Само ова...
Ако голем дел од луѓето се способни да расудуваат што е добро, а што е лошо, а поединци не можат, нели по некоја логика ќе се обединат и ќе им се соберат за да ги решат, за да имаат квалитетен живот без проблеми? Од каде ова „секој да се брани како умее и може“?
 
Се соглласувам целосно. Не сакав да давам поопширни одговори за алтернатива, затоа што ќе ја одвлечкав дискусијата во сосема друг правец кој знам до што ќе доведе.
Ајде да зборуваме конкретно за случајов и за околностите, такви какви што се, плус по некоја имагинарна идеја...
Колку и да прават жртвено јагне од човеколикиов, сепак извршил убиство со умисла. Покажал агресија на многу помал и послаб од него, која ни малку не е оправдана, затоа што не е во самоодбрана, на пример. Мислиш ли дека е подобро оваквите случаеви да се изложени на редовен разговор со психијатар, секојдневно аргатење (ова се покажало како доста успешно во капитализмот, на тој начин што се створени мирни и послушни робови :icon_lol:), како и, можеби, редовно соочување со член од семејството на починатиот (нормално, измеѓу нив да има решетки, за да не му наштетат)?

Болдираното е сосема точно, убиството не смее да биде оправдано. Мислам дека не е правилно да се обидуваме да дозволиме одмаздољубивост да ни го попречи критичкото размислување и да се осврнеме кон тоа долгорочно да го намалиме илегализмот, впрочем еден сегмент навистина ќе биде намалување на криминалците кои служат затвор повеќе од еднаш.
Е сега, останува единствено на стручни лица да развијат концептуализација која би функционирала во поголемиот дел од случаите, правејќи ја поефективна од сегашните темпорални решенија.
--- надополнето: 14 јули 2013 во 14:15 ---
Јас мислам дека ние, „обичните„ луѓе, не сме толку очајни за да го разбереме феноменот на злото (а со тоа и на криминалот). Тоа што очајно ни треба е справувањето со тоа зло и тоа преку радикализација на системот.
Методот на радикални мерки и тоа како добро функционира внатре во самите криминални кругови. Сосема извесно и логично е дека ќе делуваат и на самиот криминал. (прилика за цитат: „На гомнарот со гомнарска цевка„)

Нормално, дека ситуацијата ќе ескалира до тоа на кој му е поголем... потенцијалот. Државата не треба да се плаши од ескалација на борбата со криминалот. Во спротивно ајде барем и формално да прогласиме анархија, па да смее секој да се брани како умее и може.
Или пак со практичен пример, ако веќе те напаѓа Неандерталец со пендрек, заеби непримена на прекумерна сила и свирни му олово во главата (и онака е празна).

Злото е субјективен поим кој диференцира на различна скала од човек до човек. Унификацијата е апсолутно невозможна.
Проблемот ќе настане доколку проблемот се пренесе од дебатерските седишта на улица, во вид на насилни протести и слично. Со оглед на генералниот човечки менталитет рестрикции засега мора да постојат.
 
Само ова...
Ако голем дел од луѓето се способни да расудуваат што е добро, а што е лошо, а поединци не можат, нели по некоја логика ќе се обединат и ќе им се соберат за да ги решат, за да имаат квалитетен живот без проблеми? Од каде ова „секој да се брани како умее и може“?
„Секој за себе„, го понудив како подобра алтернатива од „Сите за никаде„. Не кажав дека е добра опција сама по себе.

Од аспект на правниот систем, мислам дека приципот на порота е најдобар. Како што кажаа предходно, поимите зло и добро се релативни од индивидуална гледна точка. Затоа мислење на поголема група луѓе има поголема тежина.
Инаку индивидуалноста (и коруптивноста) на поединецот (судијата) има премногу моќ и потенцијал за злоупотреба.
--- надополнето: 14 јули 2013 во 14:32 ---
Злото е субјективен поим кој диференцира на различна скала од човек до човек. Унификацијата е апсолутно невозможна.
Проблемот ќе настане доколку проблемот се пренесе од дебатерските седишта на улица, во вид на насилни протести и слично. Со оглед на генералниот човечки менталитет рестрикции засега мора да постојат.
Токму тие рестрикции не функционираат, ги почитуваат жртвите ама не и насилниците.

Радикализацијата е добар и проверен метод, а унификацијата на мислењата не само што е невозможна (како што велиш) туку и не е толку важна како што е важна сигурноста на поединецот, и сигурноста на општеството.
На противниците на радикализацијата да им се даде право на направат нешто повеќе од јадење бурек. Мојот предлог е да им дадат по еден злосторник, дома да го превоспитаат на „убав„ начин.
Да не бидам лицемерен, се согласувам и јас да го направам мојот дел, преку метод на радикално справување со радикалните кримилаци.
 
Твојот предлог сам по себе наговестува иницирање на криминални дејствија врз оние кои веќе се криминалци од страна на оние кои не се. Проблемот е многу покомплексен и не може да се реши со чиста агресија.
 
Забрането телевизор нема везе Кумановскиот БОС како што се нарекуваше Бајруш гледајте што се има
614664_121132261364146_1992523652_o.jpg

704382_177628485714523_1958299987_o.jpg

615537_121134998030539_1057638999_o.jpg

@МајМуН еве ти за мистер Олимпија услови што му се замараш иди затвор се ти платено чисти пари ке имаш за појаки суплементи да се правиш ѕверка.
Инаку ако имаш пари во затвор поготово Идризово се ке имаш телефони еве справи за вежбање исхрана телевизори нека си лајат рајата и медиумите кој ги шиша одамна е тоа присутно по затворите кој има идено во посета ке се увери.
Инаку до тој што ги жали братот ЉУБЕ И РАМЧЕ нека си гледа својата работа за неговиот трагично починат брат да си ја истера правдата а не да се секира за нив остава впечаток дека е од опозиција премногу очигледно.Инаку тие ке си се снајдат си имаат пари по сметки нека си гледа својата работа а не да споредува со некого
 
Тексашкиот законик треба да се усвои во Македонија и под итно да се врати робија. Говедово е еклатантен пример зашто треба да постои смртна казна во државава! Друштво на бесилка треба да му прават и дегенериците од Смиљковци.
Бесење на плоштад и не е така лоша идеја башка туристи ќе донесе.
 
Твојот предлог сам по себе наговестува иницирање на криминални дејствија врз оние кои веќе се криминалци од страна на оние кои не се. Проблемот е многу покомплексен и не може да се реши со чиста агресија.
Проблемот е онолку комплексен колку што го правиме да биде.

Mojoт предлог повеќе се однесуваше за државата и за општеството. Тоа да им се дозволи на поединците активно да се бранат е втората опција, и само во ситуации кога државата нема да успее да ја заврши обврската.

Кога сме веќе на подтема „иницирање на криминални дејствија врз оние кои веќе се криминалци од страна на оние кои не се„. Кажи ми дали мислиш дека е исправно тоа што во земјава скоро никако не можеш легално да имаш лично огнено оружје (теоретски е возможно, во пракса не е)? Не само тоа, туку дали мислиш дека е ОК да не можеш легално да поседуваш макар и пепер спреј или тејзер за самоодбрана?

И не само тоа, згора на се „приципот на неупотреба на прекумерна сила„, значи дека дури и ако имаш легално оружје и ако те нападне орангутан како убиецот од темава... пак не смееш да употребиш оружје за да се одбраниш, макар и кога е како неубиствена сила.
 
Заеби затвор.
Наместо тоа ај да одржуваме гладијаторски игри. Наместо година дена затвор, да преживееш десет мечеви во арената.

Ем гледаност, ем пари, ем џганот ќе погине.
 
Заеби затвор.
Наместо тоа ај да одржуваме гладијаторски игри. Наместо година дена затвор, да преживееш десет мечеви во арената.

Ем гледаност, ем пари, ем џганот ќе погине.
Може ли, за да биде според нашите закони, да важи принципот за неупотреба на прекумерна сила? ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom