A
AnFem
Гостин
Луѓето се еволутивно тврдоглави и нивната комфорт зона налага постојано да се чувствуваат како да се право, најчесто без разлика на доказите. Ова значи дека е многу тешко, скоро невозможно да го промениш мислењето на една единка. Сакам да кажам дека доколку кретенот смета дека убиството што го извршил ултимативно не е негативен чин тогаш тој никогаш нема да седне и да се преиспита дали неговите постапки се добри или лоши.
И обратно, ако се кае од старт тогаш актот ќе делува на неговото психичко стање, е сега дали ќе полуде од вина или нешто друго зависи од самиот криминалец.
Во секој случај затворот најверојатно нема да му влијае.
Се соглласувам целосно. Не сакав да давам поопширни одговори за алтернатива, затоа што ќе ја одвлечкав дискусијата во сосема друг правец кој знам до што ќе доведе.
Ајде да зборуваме конкретно за случајов и за околностите, такви какви што се, плус по некоја имагинарна идеја...
Колку и да прават жртвено јагне од човеколикиов, сепак извршил убиство со умисла. Покажал агресија на многу помал и послаб од него, која ни малку не е оправдана, затоа што не е во самоодбрана, на пример. Мислиш ли дека е подобро оваквите случаеви да се изложени на редовен разговор со психијатар, секојдневно аргатење (ова се покажало како доста успешно во капитализмот, на тој начин што се створени мирни и послушни робови
