Прага, Чешка

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Прекрасен град со богата историја и неверојатна архитектура.Немам лоши зборови ни за градот ни за луѓето во него.Чисто,средено,мирно,секој си ја гледа својата работа но е пријателски настроен (мене барем таков впечаток ми оставија жителите).Морам да ја пофалам организираноста во градот.Никаде нема застои,нема гужвање,нема туркање.Се е под конец.Немам многу прошетано но Прага сега за сега ми е најубав Европски град.
 
Не ви е многу тажно во Прага додека сте таму ?
Сонце не ги грее таму ...
 
Не ви е многу тажно во Прага додека сте таму ?
Сонце не ги грее таму ...

Летно време во Прага знае да држи 40+ температура нешто слично како тука и да не врне подолг период ама затоа зимите се доста студени сепак е многу посеверно од кај нас... А за посети најдобро мај-јуни или крај на август посебно септември тогаш температурата не е многу висока. Тогаш се и гужвите посебно во текот на летото да отидеш во ноември нема да видиш ни двајца туристи низ град освен доселените од надвор кои работат и живеат таму.
 
Па и не е толку топло во Прага, особено минатата година беше прилично облачно времето. Во споредба со нас секако имаат пониски температури. Сакам градови со богата историја и разни културни институции, а во тој поглед Прага воодушевува. Имаат висок стандард, цените на прехрамбените продукти немаат некоја разлика со нашите, за разлика од Словачка каде се дури и до три пати поскапи. Јас најчесто си пазарував во најблискиот трговски-Теско, и речиси на секој излог пишуваше 'Sale'. На познати и не толку познати спортски брендови (тоа најмногу ми го задржа вниманието), оваа година имаше 70% попуст. Најки, Пума, Адидас пример, со попуст од 500-1000 круни. Минатата година исто така за солидни цени си најдов убави чевлички во Bata. Поврзано со храната, имате ресторани за сечиј вкус, мексикански, кинески ресторани особено. Сите љубители на сладолед, како јас на пример :X3:, задолжително да си поминат до Angelato. Највкусен сладолед има таму.
Инаку она што ми го задржа вниманието е начинот на комуникација на луѓето. Повеќето се доста некомуникативни, а и поголемиот дел се од онаа 'комунистичка школа' и не умеат многу со англискиот јазик. Позитивната страна ми е тоа што многумина, од најмлади до најстари, имаат изградено сопствен и оригинален стил на облекување, не се тангираат како кај нас за тоа што мислат другите.

2mqn7mb.jpg



Во текот на летото има премногу туристи, ако можете посетете го пред да започне таа сезона. Инаку штета што темава е конкретно за Прага, па би била офтопик ако се задржам на другите градови. Само накратко ќе ги споменам Карлови Вари (го пропуштив филмскиот фестивал годинава) , Слани и Либоховице. Во последниот има прекрасен замок и една девојка која ќе ви ја раскаже историјата за секоја соба поединечно. Фотографирањето внатре беше забрането, па морав однадвор.


2eogvfr.jpg


Кој може, ќе го замолам нека раскаже нешто накратко и за другите градови кои ги посетил, а и по некоја фотографија не би била на одмет. :)
 
Можеби е уште рано но имам некои замисли,оваа нова година што иде да ја минам во прага - ако има понуди од нашиве агенции. Прашањето ми е дали некој бил на дочек на нова година во прага и дали вреде да се иде во тој период ? :)
 
Можеби е уште рано но имам некои замисли,оваа нова година што иде да ја минам во прага - ако има понуди од нашиве агенции. Прашањето ми е дали некој бил на дочек на нова година во прага и дали вреде да се иде во тој период ? :)
Истово ме интересира и мене, ако некој има информација .
Исто така, коку е повратна карта до Прага да не знае некој ?
 
Прага е едноставно магичен град.Толку мирно,спокојно,премногу работи за да се видат.Иако бев само два дена одушевена сум од градбата,архитектурата.Едноставно дише во свој дух.И сега навистина ми се оди повторно.
Еве нешто од двата дена.
DSCN0664.JPGDSCN0671.JPGDSCN0675.JPGDSCN0698.JPGDSCN0714.JPGDSCN0681.JPGDSCN0680.JPG
 
Гледам има доста заинтересирани за Прага и општо Чешка.Па мој предлог е ние што сме заинтересирани за посета (10-дневна) да се договориме овде.Може??
 
Истово ме интересира и мене, ако некој има информација .
Исто така, коку е повратна карта до Прага да не знае некој ?

Повратната автобуска карта е 140 евра а за авионска не знам точно, околу 200-300 евра. Инаку прекрасен е градот како и цела Чешка, сум била во повеке градови и можам да кажам дека иако навидум чешкиот менталитет наликува на македонскиот (легачење, пиење и јадење) се води сметка на секој детал од организациска гледна точка и се вложува труд во секоја работа што се извршува. Исто така многу се вложува во културата, секој објект поврзан со историско значење е направен во туристичка атракција. И најважната одлика на Чешка:
becherovka-40-big.jpgpilsner_urquell2.jpg
 
Одам за една недела во Прага на ескурзија .. таму ќе бидам 3-4 дена
Па дај кажете кај има убаво ресторанчиња места за јадење .. и за шопинг каде што како :)
 
Zdravo dali nekoj moze da mi kaze dali moze da idam do praga vo cetvrtok a pasosot mi vazi do ponedelnik jas planiram vo ponedelnik popladne da bidam veke stignat vo mk
znaci problemot e vo ungarija taa granica sto treba da se pomine da ne mi praat problem sto pasosot ke mi vazi uste 2-3 dena ??? ve molam koj znae neka mi odgovori zatoa mi mi e hitno fala
BILO KOJ?!?!?!
 
Карловиот мост ми остави најголем впечаток,стариот градски плоштад,астрономскиот часовник(кој има доста интересни легенди)
 
Позитивни моменти - Историја, духот, аристократија (не толку како Виена), уметност, пиво, дуди, хаге, beer garden, лабав боемски живот, пропорционални плати со стандард, гурмет храна, кнедли, свињетина, педалинка на Влтава.

Негативни ствари - Полиција за странци, времето, балканци.

Живеев 4 години, ако некој сака да пали натака и да си бара среќа нека пише знам пар фирми што вработуваа наши и им бркаа работни визи.
 
Да не знае некој отприлика колку чини превоз со автобус до Прага? Ме интересира поточно за од кај 30 декември до кај 4-5, гледам по агенциите има ама од една ми одговорија дека цел аранжман морало да се плати не давале само превоз освен за лица помали од 10 години. Ќе прашам и по други агенции ама ме интересира да не има некои други алтернативи а да не биде поврзано со новогодишни аранжмани?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom