Па и не е толку топло во Прага, особено минатата година беше прилично облачно времето. Во споредба со нас секако имаат пониски температури. Сакам градови со богата историја и разни културни институции, а во тој поглед Прага воодушевува. Имаат висок стандард, цените на прехрамбените продукти немаат некоја разлика со нашите, за разлика од Словачка каде се дури и до три пати поскапи. Јас најчесто си пазарував во најблискиот трговски-Теско, и речиси на секој излог пишуваше 'Sale'. На познати и не толку познати спортски брендови (тоа најмногу ми го задржа вниманието), оваа година имаше 70% попуст. Најки, Пума, Адидас пример, со попуст од 500-1000 круни. Минатата година исто така за солидни цени си најдов убави чевлички во Bata. Поврзано со храната, имате ресторани за сечиј вкус, мексикански, кинески ресторани особено. Сите љубители на сладолед, како јас на пример
, задолжително да си поминат до Angelato. Највкусен сладолед има таму.
Инаку она што ми го задржа вниманието е начинот на комуникација на луѓето. Повеќето се доста некомуникативни, а и поголемиот дел се од онаа 'комунистичка школа' и не умеат многу со англискиот јазик. Позитивната страна ми е тоа што многумина, од најмлади до најстари, имаат изградено сопствен и оригинален стил на облекување, не се тангираат како кај нас за тоа што мислат другите.
Во текот на летото има премногу туристи, ако можете посетете го пред да започне таа сезона. Инаку штета што темава е конкретно за Прага, па би била офтопик ако се задржам на другите градови. Само накратко ќе ги споменам Карлови Вари (го пропуштив филмскиот фестивал годинава) , Слани и Либоховице. Во последниот има прекрасен замок и една девојка која ќе ви ја раскаже историјата за секоја соба поединечно. Фотографирањето внатре беше забрането, па морав однадвор.
Кој може, ќе го замолам нека раскаже нешто накратко и за другите градови кои ги посетил, а и по некоја фотографија не би била на одмет.