KvAzI
Дипломиран Ѓубрар
- Член од
- 3 септември 2007
- Мислења
- 175
- Поени од реакции
- 62
Се шири пожарот на планината Беласица
=Сузана Тасева=
Знае некој нешто повеќе за ова? Дали постои опасност пожарот да го зафати и градот?
=Сузана Тасева=
19.08.2008 16:57
Само дожд може да го изгаси пожарот на планината Беласица, вакви се коментарите по четиридневната борба со огнената стихија, чиј сојузник и денеска е силниот ветер. Од него пожарот се шири кон врвот на планината, поради што директна опасност за населените места нема.
Во гаснењето на пожарот и денеска учествуваат хеликоптерите на АРМ, а на пламените јазици им се спротивставуваат и 120 луѓе, од Дирекцијата за заштита и спасување, од шумското и комуналното претпријатие, пожарникари и месното население.
„Утрово, во раните утрински часови, некаде околу 30 до 40 луѓе беа излезени на пожарот. Со лопати, со гребла“, вели Ване Крстев, претставник на МЗ во с. Куклиш.
Поради непристапниот терен, пожарот тешко се става под контрола. Се претпоставува дека досега уништил околу 500 хектари дабова и букова шума.
Нов пожар попладнево избувна и на планината Еленица, меѓу селата Вељуса и Варварица. Гори шума, но се уште не се знае колкава површина е зафатена. Пожарникарите се обидуваат да го локализираат.
Знае некој нешто повеќе за ова? Дали постои опасност пожарот да го зафати и градот?