Пожар во Струмичко!

  • Креатор на темата Креатор на темата KvAzI
  • Време на започнување Време на започнување

KvAzI

Дипломиран Ѓубрар
Член од
3 септември 2007
Мислења
175
Поени од реакции
62
Се шири пожарот на планината Беласица
=Сузана Тасева=

19.08.2008 16:57
Само дожд може да го изгаси пожарот на планината Беласица, вакви се коментарите по четиридневната борба со огнената стихија, чиј сојузник и денеска е силниот ветер. Од него пожарот се шири кон врвот на планината, поради што директна опасност за населените места нема.

Во гаснењето на пожарот и денеска учествуваат хеликоптерите на АРМ, а на пламените јазици им се спротивставуваат и 120 луѓе, од Дирекцијата за заштита и спасување, од шумското и комуналното претпријатие, пожарникари и месното население.

„Утрово, во раните утрински часови, некаде околу 30 до 40 луѓе беа излезени на пожарот. Со лопати, со гребла“, вели Ване Крстев, претставник на МЗ во с. Куклиш.

Поради непристапниот терен, пожарот тешко се става под контрола. Се претпоставува дека досега уништил околу 500 хектари дабова и букова шума.

Нов пожар попладнево избувна и на планината Еленица, меѓу селата Вељуса и Варварица. Гори шума, но се уште не се знае колкава површина е зафатена. Пожарникарите се обидуваат да го локализираат.

Знае некој нешто повеќе за ова? Дали постои опасност пожарот да го зафати и градот?
 
До градот не ми се верува!!! :nenene:
 
Знае некој нешто повеќе за ова? Дали постои опасност пожарот да го зафати и градот?
Епа веројатно тој што ги предизвикал пожарите го превидел тоа.

Се надевам дека нема да го зафати градот или кое било село во близина.

Во меѓувреме убаво ќе е да ги најдете лицата кои ги предизвикаа пожарите.
 
Струмичани се организиран народ......да се надеваме дека организаторите на скорешниве протести нема да потфрлат овој пат.....во гасењето и локализирањето на пожарите.
 
До градот не ми се верува!!! :nenene:

Дознав дека Муртино, Куклиш и уште некои села имале црвен аларм:vozbud:
А знаеме дека Куклиш е само на 500 метри од градот :nesum:
плус оваа реченицава од Сузанчето:
Само дожд може да го изгаси пожарот на планината Беласица
некако не ми иде на арно работава, 4 дена се обидуваат и никако да го изгаснат пожаров, хеликоптери фучаат ли фучаат низ градот:smir:
 
Под итно да се најдат тие шо го подметнале ( а сигурно е подметнат ) и на лице место да се стрелаат...изгледа уште не му иди памет на народов после ланските пожари...само смртна казна за подметнувачите на пожари му е мајката...штета шо во државичево наше нема смртна казна
 
Татко ми веќе три дена учествува во гасењето на пожарот, вели дека имало многу ветар горе и можностите да го изгасат се никакви, хеликоптерите денес дури и врз нив ја истуриле водата. Куклиш е загрозен ако продолжи вака да се шири, веќе преголема штета има направено, а сигурно дека е подметнат, само многу е тешко да се открие кој го сторил тоа, речиси невозможно.
 
Ако Куклиш е загрозен ... не ни сакам да помислам каква катастрофа ке не снајде, селото е веднаш до градот :nesum: имало и мобилизација на луѓето од околните села. Да се надеваме дека што побрзо ке го изгаснат пожарот.
 
пожарот е ставен под контрола ,само што сега има нов(пак подметнат) нема логика на таква надморска височина да избувне пожар..мамичето нивно пироманско ке се справи струмица со пожарите ,туку штетата ке биде преголема ,,,,,
 
Море преку цела вечер само хеликоптери минаат. Јас сум баш во тој дел на Струмица, си мислам низ главата ми минат. Ајде да се надеваме дека ќе го изгаснат што побргу зошто не е на арно работата чим на Куклиш има дадено црвен аларм. :nesum:
 
hahhahaahha :pos2::pos2::pos2:
abe brat i4 da ne se sekirash bog ja taka moze samo od strana da ni se zakanubva a ne ni moze nisto ti rekov jas NEMOZE NAM NIKO NISHTA JA4I SMO OD SUDBINE!!!!!!!!!!! ne se sekiraj :pos2::pos2::pos2::pos2:
 
на Вечерашниве вести имаше информација дека огнот до вечерва ќе биде ставен под контрола, но како што ми стои мене (пред 2 саати поминав со кола од таму кај што се гледа) тешко дека е воспоставено контрола, има ветер, огнот се разгорува, а гаснењето ноќе е речиси минимално, бидејќи теренот е непристапен, неосветлен, а хеликоптерите навечер не учествуваат во гасењето.
Дај Боже да грешам и грешка да сум помислил од она што го видов, но ви велам како што видов огнот не е под контрола.
 
Еее аман бе јас па мислаах веќе изгасиле се го :nesvest: Разгоре се тај огино после 3 дена и текна да почнат да го гасат :tapp::tapp::tapp::tapp:
 
саа ке почнат да летат хелихоптере ...има да го изгасат :)
бтв гореле ниски стебла ако ги зафате тие постарите високи дрва тогај не верувам ни дожд да го изгасе :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom