Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Попсихопатско нешто од сите политичарски лаги се вашето некрофилско манипулирање со вистината и манипулирање со родителите што ги загубија своите деца.
Да бевте добри луѓе ќе ви беше жал.
Под итно да си го хоспитализирате лидерот.
 
Под итно да си го хоспитализирате лидерот.
Ќе те хоспитализира некој убаво на интензивна нега, ако продолжиш да лажеш.
Ова е форум, ама во реален живот, пази се.
 
Сега ќе докажам дека лажеш, ти да си го избришеш профилот. Ок Боби?
Случајно го гледав видеото пошто зборуваше за мигрантите нешто тука.
Еве го видеото во целост, нити им се обраќа на родителите, нити во некаков контекст со пожарот го кажува тоа.

Последно уредено:
Мене и другарот не стаи милиција во комбе во 22.10ч, 1966 во Пула, а имавме по 16 години,
Кој си бе ти, Александар Македонски?
Автоматски споено мислење:

Сите сме оделе по дискотеки кој веројатно биле неисправни како Пулс.По твојата логика дека родителите се криви не ти држи вода.Ако се функционирало како што треба прво немало да има дискотека, второ и да имало требало обезбедувањето да регулира колку луѓе ќе влезат и кој луѓе ќе влезат внатре.Плаќаме даноци на оваа држава по 1/3 од нашата плата за луѓе како овие обвинетите да не штитат нас и нашите деца.
Глеј како си контрадикторен, од една страна повикуваш на институции и држава за неправилностите поврзани со дискотеката, а од друга страна не бараш одговорност од оние кои пуштиле малолетни деца во дискотека да се пијанчат и да шмркаат. Не велам јас дека родителите намерно пуштале деца после полноќ или како и да е законот само за да умрат, скраја да е, меѓутоа и за вакви работи во иднина треба да има одговорност ( не во случајов затоа што предалеку отиде работата, се изгубија многу животи и може само да се доуништат повеќе ако се преземаат мерки и за родителите чии малолетни деца загинаа или беа повредени). Ова го кажувам од проста причина што невозможно е државата да има контрола над секое малолетно дете и затоа за него е одговорен родителот и треба да биде свесен што му прави детето и каква одговорност сноси ако не се почитуваат законите.
 
Последно уредено:
 
„Ако немало цијанид внатре, голем дел од луѓето ќе се спаселе. Ваква катастрофа ќе била избегната“, ни рече професорот Беќаровски.
Еден цитат што ми привлече внимание. Докторе објектот е со погрешна намена и нема дополнителни излези не знам како мислиш да се спасат. Тоа е клучот на се, а тоа дали за акустика имало обичен сунѓер или сунѓер со графит е втората грешка во ситуацијата. Јаглероден моноксид може и во мали концентрации да биде смртоносен во затворен простор бидејќи внатре има повисока температура, а излезот е само една врата на која имаш 200 луѓе и имаш стампедо за да стигнеш до истата. Пожарникарот-доброволец влегол внатре без боца со компримиран воздух (SCBA), а тој од обука за гасење на пожари во објекти морал да знае како да се опреми. Често доброволците кај нас гасат само шумски пожари тоа е проблемот во оваа ситуација.
 
Вчера имаше судење и доста потресни сведоштва на родителите на загинатите. Врвот на лицемерието го достигнало кога еден од обвинетите им рекол на родителите дека и тие требало да бидат на обвинителна клупа бидејќи дозволиле нивните малолетни деца да бидат во кафич.

Настанаа викотници и префрлања меѓу обвинитите и родителите на крајот од денешното сведочење на мајката Габриела Наунова, чија ќерка Надица загина во дискотеката „Пулс“ на 16 март 2025 година.

По кратко конфронтирање меѓу обвинетите и родителите, реагираше судското обезбедување и ги замоли родителите да бидат тивки. Дел од нив излегоа викајќи. Судијката Диана Груевска Илиевска ги предупреди родителите дека ако така се однесуваат, судењето ќе се одржува без нив.

На бурното соочување претходеше сведочењето на Габриела Наунова, мајка на Надица Наунова.

– На 15 март Надица беше на роденден кај нејзина другарка во Штип. Кога се врати од забавата, договорот беше да не излегува во саботата, оти за роденденот потрошивме пари, подарокот беше скап, како што заслужува другарка и се договоривме во саботата да не излегува. Таа дента беше на кафе, потоа зборуваше со другарките. И ние не бевме како мајка и ќерка, бевме другарки. Ме викна „Мамо дојди, те бараат другарките“. Ми рекоа „Тетка Габи, пушти ја вечер да излезе“. Јас ѝ реков нели се договоривме вечерва да не излегуваш, оти претходната вечер потрошивме пари. Ми рече, ама Филип ќе дојде. Филип ѝ беше симпатија од Штип. Како мајка, не сакав да ѝ стојам на патот на среќата, па ја пуштив. Ми рече ако одат и другите во „Пулс“ после, и јас ќе одам. Јас вечерта излегов со моите другарки. Кога се вратив околу 10, таа не беше дома. Ѝ свртев, ми рече јас излегов, сега сум во „Булевар“. Тоа беше последен пат кога се чувме. Ѝ реков јас ќе легнам, ме боли многу главата, ако нешто треба ѕвони ми. Телефонот ми заѕвони околу 2.40 часот, ама јас не можев да го најдам. Па заѕвони телефонот на сопругот, се јавив јас. Беше мојата пријателка Анита, ми рече „Габи, диското гори“. Јас го склопив телефонот и веднаш отрчав кај Надица во собата. Кога видов дека Надица не е во собата, претпоставив дека отишла во диското. Го зедов мојот телефон, зедов палто, го разбудив сопругот и тргнавме кон диското. Неколку пати ѝ ѕвонев, не ми се јавуваше, а таа секогаш ми се јавувала. Сфатив дека нешто големо се случува таму. Кога стасавме на кружниот кај „Национал“, имаше полиција, не ни дозволија со колата да се качиме нагоре кон дискотеката. Јас излегов од колата. Кај кружниот тек стоеја луѓе од обезбедувањето, Мартин и Бојата, не знам како му е името, Столе, еден од обвинетите. Се држеше за глава, едниот од нив, не се сеќавам кој, извика „Леле што направивме“. Трчав нагоре, викајќи по Надица, се надевав дека ќе ја видам пред дискотеката. Ама начекав хорор, децата пиштеа. Сакав да влезам во дискотеката, не ме пуштија. Слушав викотници од левата страна, од кај женскиот тоалет и отрчав таму. Имаше девојчиња, се држеа за шипките и викаа „Воздух, воздух, дајте ни воздух“, а од таму излегуваше црн чад. Јас само ги прашав „Надица таму ли е?“ Никој ништо не ми одговори. Се вратив пред влезот и почнав да кршам, бидејќи знаев дека од другата страна се тоалетите. Сакав да направам дупка во ѕидот за да им влезе воздух на девојчињата. Како што кршев, некој ми подаде некое девојче, целото исцрнето, ама живо. Ја потпрев до ѕидот, ја исправив, ја прашав дали е добро, таа само кимна со главата и јас пак се вратив кај влезот. Второ девојче што ми го подадоа беше мојата ќерка. Мојот сопруг влегол во дискотеката и ја нашол пред самиот влез. Кога Аце ми ја подаде Надица, ја зедов и клекнав веднаш за да ја држам исправено, очињата ѝ беа отворени. Мислев дека е онесвестена. Почнав да барам помош, некој вода да ми даде. Едно дете ми даде вода, ја шлапкав, немаше никаква реакција. На сопругот му реков да ја донесе колата. Побарав помош од полицајците што стоеја околу мене. Еден од нив се заврте и ми вика „Не сум јас обучен за тоа“. Па дотрча Жарко, сопругот на починатата Моника, тој ми помогна да ја качиме Надица во неговата кола – сведочеше мајката Габриела.

На прашањето од обвинителот дали знае кој е полицискиот службеник и како се вика, мајката рече дека не знае.

Ја однеле Надица во кочанската болница. Таму имало околу 10 луѓе, биле меѓу првите во болницата.

– Ја зедоа Надица и ја качија директно на Хирургија, ја внесоа во сала, мене ми рекоа да чекам во ходникот. Мојот сопруг си го беше заборавил телефонот дома и нашите патишта се разделија пред дискотеката, кога отрча да го земе нашето возило. Додека се молев во ходникот да ми го спасат детето, дојде доктор Томче, го молев да влезе во сала да ѝ помогне на Надица, ми ги фати рацете и ми рече „Не е само твоето дете“. Пред салата имаше помала просторија, таму имаше друго девојче кое примаше кислород. Тоа девојче викна и јас отидов кај неа. А претходно сопругот ми заѕвоне од нечиј друг телефон, ме праша каде сум. Тој кога дојде, праша како е Надица, а претходно излезе една сестра и ми рече дека на Надица ѝ го вратиле пулсот. Кога викна девојчето, отидов до нејзината соба, имаше еден прозорец од каде се гледаше Надица. Кога видов дека детето ми лежи само на кревет, без никој околу неа, без никој да ми каже дека е почината, целиот свет ми се сруши. Многу е тешко да си го гледаш сопственото дете мртво – рече Габриела и почна силно да плаче.

Заплакаа и другите родители во судската сала во Идризово.

Судијата ѝ рече на мајката да излезе за да се смири.

– Потоа на ништо не се сеќавам, избришани ми се некои моменти. Бев крвава. Мислев дека е кошмар, дека ќе стане, дека тоа што ни се случува не е вистина. Никому не му посакувам да си го види детето мртво. Без изгореница, без трага, уште ѝ мирисаше парфемот на телото – рече мајката.

Обвинителот ја праша кој не ја пуштил да влезе пред дискотеката.

– Тоа беа некои луѓе кои стоеја пред влезот. Не беше никој од обезбедувањето, ни пожарникарите. Тоа беа луѓе кои помагаа, кои ги изнесуваа децата надвор – рече Габриела.

tuka
 
Изгледа пак некоја слична пиротехника... Треба најстрого да се забрани пиротехника во затворен простор.

Сите сме оделе по дискотеки кој веројатно биле неисправни како Пулс.По твојата логика дека родителите се криви не ти држи вода.Ако се функционирало како што треба прво немало да има дискотека, второ и да имало требало обезбедувањето да регулира колку луѓе ќе влезат и кој луѓе ќе влезат внатре.Плаќаме даноци на оваа држава по 1/3 од нашата плата за луѓе како овие обвинетите да не штитат нас и нашите деца.
Најлесно е да се забранат сите ризични работи, но после младите ќе измислат други предизвици...па имаше пред 2-3 години, девојка се качи на ел.локомотива , било тик ток предизвик од горе да слика, па загина од струен удар...одма на фејс тролови ја оптужија Данела зошто локомотивата не била обезбедена, иако тоа е на ЖТП.... Значи треба одговорност за непочитување на прописи при градба на објекти и инсталации, иако и тоа не е 100%гаранција... Има друго што ми смета, зошто се дига галама само кога ќе се случи крупна работа, а на пример пак да повторам, во Гостивар 2х гореа станови поради неисправна инсталација, немаше истрага за тоа, само вториот пат мвр истражуваше зашто дете со посебни потреби било врзано за радијатор и тоа починало...Важно и во двата случаи Таравари прогласи ден на жалост...И по мене горење на станови е полошо и од дискотеки, може на спиење да се случи, а не само станот си неисправна инсталација, гори и станот до него, иако е се по пропис...Ова што ме изненадува е зошто и во технички , понапредните држави се случуваат и денес несреќи во објекти, ај порано не се знаеше, на пример поради изолација изгоре огромна висококатница во УК пред 40-на години, па хотел во Вегас итн...Сега во истрагата за Кочани важно е и да се казнат виновниците, но и да се откријат сите причинители, зошто може и на друго место да се напраи беља ако се нема сознание за ризиците
 
Никој не рекол да се забранат.Треба да се почитуваат протоколите за да ема овакви катастрофи од такви размери.
 
Не е ова истата пена од шупата во Кочани ?

Изгледа сепак сме биле Швајцарија на Балканот.

Останува да видиме каква ќе биде правната завршница кај Швајцарците, а каква кај нас. Чисто за споредба.

e595698b-bf05-4d5a-be40-f77f0c1b4a94.jpg.webp
 
Еве ја Швајцарија за сите шупци кои бладаа како сите сме виновни за кочани, како системот е трул оти сите ништо сме згрешиле во животот... еве истото срање се деси и у Швајцарија. И сега, сите швајцарци се виновни? Системот у Швајцарија е трул? Не, одговорноста има име и презиме, и у Кочани и у Швајцарија, не сме сите виновни, не релативизираате, не разводнувајте.
 
Моет со прскалки :facepalm:. Не е истата пена туку оваа е европска и по стандарди, прописи, дрн, дрн јариња. Секоја пена наменета за акустика не е огнотпорна. Многу е низок таванот овде како и во Кочани. Да се помине со пониски цени важи и тука и таму.
Еве ја Швајцарија за сите шупци кои бладаа како сите сме виновни за кочани, како системот е трул оти сите ништо сме згрешиле во животот... еве истото срање се деси и у Швајцарија. И сега, сите швајцарци се виновни? Системот у Швајцарија е трул? Не, одговорноста има име и презиме, и у Кочани и у Швајцарија, не сме сите виновни, не релативизираате, не разводнувајте.
Другар Швајцарија не е истата и таму може да се помине вака посебно во туристичките центри. Парата врти каде што бургијата не сака. Овде среќа во несреќа е што нема малолетници за да нема одговорност и за оние кои најмногу викаат и бараат правда, а сами се криви зошто испратиле малолетници таму после 23:00.
Мене ме интересира што ќе кажат техничките документи (елаборатите).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom