Здраво пријатели моето име е Ренато
Сакам да се распрашам со луѓе што имале повреда во колено ( предниот вкрстен лигамент ) се повредив на 10 април, на магнетна отидов 12 јуни .
Значи пред 2 месеца играв натпревар фудбал и во трчање . осетив лизгање на коленото и тропна , во тој момент одскокнав ,што направив да ми се врати коленото , да не би го сторил тоа не би ми се вратила во старата положба на Tibia коската.после 2 дена коленото ми беше отечено како ЈАБОЛКО

, отидов налекар ми рекоа да одмарам 1 нед , пак на контрола да отидам ,дојде време отидов пак ми рекоа дека дека веројатно имаш повреда на лигамент ке те пратиме на МР. Ми закажаа толку касно 2 месеца. одкако поминаа 3 недели јас си почнав некои вежби што ми помогнаа навистина да го смалам отокот во рок од 5 дена ,опадна отокот , но мал дел остана отечен од 2те страни на пателарниот лигамент што се поврзува на Patella(капачето).Поминаа 2 месеца отидов на МР снимав ми рекоа дека го имам малку оштетен предниот вкрстен лигамент ,за 1 недела да си ги земам резултатите .
Сега што ми викаат
-(ПВЛ) со променет сигнален интензитет ( зголемен ) и не се прати по цела негова долзина - лезија на истиот.
-(ЗВЛ) со скратен агол но со сочуван сигнален интензитет-индиректен знак на лежија на ПВЛ
другите лигаменти се ок и менискусите исто така се ок
Коскените и рскавичните структури уредни .
Но се детектира течност во супрапателарна бурса,ретропателарно и во парапателарни рецесуси .
Ногата неможам да ја свиткам целосно , до некаде можам но осеќам болка како да ми е оштетена рскавицата на левото колено од десна страна (кога ја виткам ) . инаку кога одам нормално не ми смета ништо само не сакам да ризикувам ,да ја испружам право ногата како нормален чекор . затоа што после повредна ми се случи неколку пати да ми се лизга коленото , но не осеќав тогаш никаква болка , само така гадно лизгање .
Дали има некој одговор , дали може да ми се средат сите оштетени делови без операција?Има ли некои специјални вежби ?
Му се заблагодарувам на тој/таа што ќе се помачи да прочита текстот , и да одговори . Поздрав Пријатели