Да,точно,се бориш за оние работи што вредат.Епа зошто тоа повлекување покасно?Ако нешто не вреди,нема ни да стартуваш со борбата,нема да се насочиш накај таа цел.Ако веќе си се фатил за орото треба да го доиграш,затоа што работата штом вредела за да изгубиш и барем малку време за нејзе,тогаш доволно вреди и да ја добиеш.Значи сепак повлекувањето испаѓа како начин на справување со било што ако сакаш да си лав,а ако го прифаќаш сепак можеби се наоѓаш во некој занес дека си лав,а на крај испаѓаш мало плашливо маченце.
Знаеш.предизвиците и подвизите се движечка сила на секој човек за да се докаже и да си докаже на себеси дека неговата вистина е објективна вистина.Дека неговата фикција може да стане реалност.Гледано од тој аспект,борбата е оправдана.Поразот,како таков и повредувањето како последичност,се сосем очекувани.
Не треба да си дозволи човек на себе да дојде во ситуација на таква несигурност во која може да биде повреден,па да мора потоа да се иницира себеси како фактор кој всушност,во објективната реалност не постои.
Второ,јасно е дека секогаш има победници и губитници.Меѓу нив постои и она кое,грубо кажано,е наградата.Ако гледаме на неа како на мртов предмет,работно место,фаќање спонзори за снимање спот или ток-шоу...тогаш можеме да го активираме сопствениот капацитет,да учиме од поразите,од победниците,да го асимилираме тоа во себе,па да се подобриме за следната прилика.
Темава повеќе алудира на човечкиот фактор.А човекот е сосема друга материја.Различни замисли,различни концепти,гледишта,вкусови...
Крајно лесно е некој да се затупи во замислата дека може да извлече нешто од некоја индивидуа,а уште полесно е да се убеди дека другата индивидуа сака тоа да биде извлечено од нејзе.
Треба да се игра на картата "чиста сметка-долга "љубов" "

)).За да поразот и болката бидат избегнати кога сме во корелација со луѓе,мораме да се позиционираме на одреден начин,за да не оставиме простор за дилузија на себе и илузија во очите на другите,која,ако не се оствари и оди против нашите замисли,би ја сметале за повреда или предавство.In this world,not everything is as your eyes can see and your heart can tell you.Most of the time,you just imagine things...
Некои борби немат смисла.Не постои наградата,наградата е само во нечија луда имагинација.Зошто би одела таа личност до крајност кога само ќе се заморува себеси и останатите?
Не.
Тоа е како инвалид кој секоја вечер сонува дека освоил златен медал во троскок.И секое сабајле се буди со ентузијазам дека еден ден ќе прооди и ќе може да го оствари својот сон.
Останува на тоа.
Умира со тоа.