Повредени лавови

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
С

Сатори

Гостин
Ги отварате широко очите и наредната секунда ги затварате со надеж дека се ќе прекине и ќе се претвори во халуцинација.Сите ваши моментални слики за реалноста се искршени со таа ситуација која што е насекаде околу вас и само се повеќе продира во вашиот крвоток.
Повреда, болка, измама, фрустрација.
Лавот паднал во борбата ... или можеби не?

Како се справувате со болката?
Барате виновници?
Се одмаздувате ли?
Што правите со преостанатото достоинство?

И обратно, кога вие сте тие кои што ја причиниле болката:
Се обидувате ли да најдте начин за да ја решите ситуацијата и да ги средите работите?
Глумите жртви?
Продолжувате да повредувате?
Каде е вашето достоинство?

Повелете ...

(Потенцирам:Темата да не се поврзува со авторот. Благодарам.)
 
Неуспех... колку и да звучи фрустрирачки мора да се преживее ако веќе те посетил. Виновниците ги знам, а јас сум прва на листата. Чим завршило со таков крај значи негде и во некој момент сум потфрлила свесно или не. Некогаш се навраќам и анализирам каде јас сум згрешила, а каде некој друг брцнал прсти и придонел кон мојот неуспех. Некогаш или немам сила за тоа или не вреди цела работа. Али генерално јас секогаш си се обвинувам.
А за пораз... лавот припаѓа на родот мачки и како таков по неуспешно завршена работа се склупчува во едно ќоше и седи мирно како маче, следи, за да во првата наредна прилика повторно кога ќе му се создадат услови ја дозаврши почнатата работа пак како лав. :)
 
Комплетно се согласувме со овој дел од постот.
Само што, јас би потенцирала дека лавот кога еднаш ќе ја загуби битката треба да се насочи кон други арени.:smir:
 
.
Само што, јас би потенцирала дека лавот кога еднаш ќе ја загуби битката треба да се насочи кон други арени.:smir:

Јас пак не се согласувам со тоа.Кога некој проблем те совладува треба да направиш нешто ти него да го совладаш.Без разлика колку пати си ја загубила битката не значи дека секогаш си лузер,и дека си ја загубила војната.Со секоја битка,со секој пораз ти нешто учиш и ти си секако на некој начин излегуваш како победник од нејзе..А и со упорноста ќе успееш на крај и конечно да победиш и да надминеш се.Не треба никогаш да се насочуваме кон нешто друго,се додека не имаме расчистено со остатокот,ако се насочиме кон друго нешто,без да имаме ставено крај на старото се јавуваат само повеќе проблеми..Од бегање нема спас.
 
Темава страшно ме потсеќа на К-15 , кога Цацко збори за јазици (говор) а уствари користи метафора со вистински јазици и нивно приготвување во кујна. (уствари прави пародија на фаци што незнаат како да напраат соодветна метафорична претстава)
И така , лавот што уствари не е лав, уствари е мачка, ама сепак е лав , затоа што мачката си е мачка а лав си е лав, и тој не паѓа на грб никогаш, и иде да се бори во арени , небарем ќе кркне некое кутро гладијаторче....Роарррррррррррр, ГРррррррррррррррррррррррр,.........а што е поентава со лавот , ќе ми објасни мене некој.А кај се продава тоа?
Лав бе ......симбол за моќност, владење.....кај бе со него избравте да се споредувате....опасна паралела, нема што.
 
Imperatore, metaforata e mnogu jasna, razbirliva i soodvetna! Pa zarem zivotov ne e edna golema borba?Vo arena ili dzungla..whatever?:smir:

On topikov!
A sto koga sami ke se povredime? Jas se povelekuvam, se sobiram vo najmalite i najtemnite delovi od mojot svet i stradam! Ne se zalam , ne baram pomos, ne podlegnuvam na povredata! Prvo se prepustam na bolkata koja najprvo mi ja zamatuva ama potoa mi ja izbistruva i vraka svesta!Ne i se nasladuvam mazohisticki, tuku ednostavno mi treba vreme da gi procesiram rabotite, sostavam kockite! Sekogas e isto, koga ke me povredat, koga jas ke se povredam sebe ili ostanatite! Ne mozam da zboruvam, ne mozam da slusam, mozam samo da razmisluvam...E posle nadoaga krvta vo zilite, se vraka i silata! A bogami i sposobnosta za razgovor koja do togas se povlekuva, isceznuva, zamira...kade i zosto neznam! Ednostavno taka funkcioniram!
Fala mnogu, prijatno:smir:
 
Јас пак не се согласувам со тоа.Кога некој проблем те совладува треба да направиш нешто ти него да го совладаш.Без разлика колку пати си ја загубила битката не значи дека секогаш си лузер,и дека си ја загубила војната.Со секоја битка,со секој пораз ти нешто учиш и ти си секако на некој начин излегуваш како победник од нејзе..А и со упорноста ќе успееш на крај и конечно да победиш и да надминеш се.Не треба никогаш да се насочуваме кон нешто друго,се додека не имаме расчистено со остатокот,ако се насочиме кон друго нешто,без да имаме ставено крај на старото се јавуваат само повеќе проблеми..Од бегање нема спас.
Ако сакаш да ги поставиш работите како бегање, да, веројатно не би држела водата теоријата.Но, јас тоа сакам да го гледам како еден вид на задржување на достоинството на лавот.
Затоа што треба да биде доволно мудар и паметен и да се повлече од борбата пред целосно да биде прегазен.Затоа го потенцирав барањето на други арени каде можеби борбите ќе бидат поуспешни.:pipi:
...а што е поентава со лавот , ќе ми објасни мене некој.А кај се продава тоа?
Ќе се придвижиш полека до некое основно училиште, ќе се обидеш да те собере во клупа со дечиња од шесто одделение и на час за стилски фигури се ќе ти објаснат.
И метафора и хипербола и иронија и сите други што можеби во текот на животот ќе ти притребаат за наводна употреба.
 
Пошто сум лав во хороскоп:)....
Во зеленото доба, болката на повредената суета се решавала со бунт, нормално:) Не дека се решавала навистина, ама тоа бил првиот импулс. Ама фала богу, ренесансата се случи, и ја надмина суетата.
А после, нема веќе повредено достоинство...после, болката е реална и се врзува за реални проблеми а тие не го повредуваат достоинството. И тогаш се трудам да се насочам конструктивно, проблемот да не се избегне туку да се соочи.
Е другата ситуација...ме потсети на луѓе кои не знаат да примат -извини-. Сум ги имала неколку кои на искрено -извини- реагирале со надмена цинична насмевка. Како -извини- да е некое понижување на тој што го кажува, срамота. Али нивен проблем...
Исто ме потсети на луѓе кои се почувствале повредени беспотребно. Во тој случај, што и да направиш нема да има ефект, бидејќи ако некој се убедил дека е во право и сака да верува во својата илузија-тогаш е во право и не е фер да му ја срушиш илузијата, колку и да сакаш. А во тој случај немам навика да се извинувам за работи кои не сум ги направила/мислела.
 
Ако сакаш да ги поставиш работите како бегање, да, веројатно не би држела водата теоријата.Но, јас тоа сакам да го гледам како еден вид на задржување на достоинството на лавот.
Затоа што треба да биде доволно мудар и паметен и да се повлече од борбата пред целосно да биде прегазен.Затоа го потенцирав барањето на други арени каде можеби борбите ќе бидат поуспешни.:pipi:.

Предходно споменав можеби ќе има неколку порази,но со тоа нема да го наруши неговото достоинство,заради што на крај исходот ќе биди неговата победа.Храброста е слепа,не ги гледа опасностите,а таа храброст и тоа достоинство нема да дозволи тој да избега,туку да се спротистави на се што му е пред него..
 
Ако некој потенцира борба во животот, тогаш тоа сум јас.Но се бориш за оние работи кои вистински вредат. :)
Но понекогаш храброста е повеќе лудило или понекогаш еротоманија, за кој како.

едитирано од администратор.
 
Ако некој потенцира борба во животот, тогаш тоа сум јас.Но се бориш за оние работи кои вистински вредат. :)
Но понекогаш храброста е повеќе лудило или понекогаш еротоманија, за кој како..

Да,точно,се бориш за оние работи што вредат.Епа зошто тоа повлекување покасно?Ако нешто не вреди,нема ни да стартуваш со борбата,нема да се насочиш накај таа цел.Ако веќе си се фатил за орото треба да го доиграш,затоа што работата штом вредела за да изгубиш и барем малку време за нејзе,тогаш доволно вреди и да ја добиеш.Значи сепак повлекувањето испаѓа како начин на справување со било што ако сакаш да си лав,а ако го прифаќаш сепак можеби се наоѓаш во некој занес дека си лав,а на крај испаѓаш мало плашливо маченце.
 
Знаеш.предизвиците и подвизите се движечка сила на секој човек за да се докаже и да си докаже на себеси дека неговата вистина е објективна вистина.Дека неговата фикција може да стане реалност.Гледано од тој аспект,борбата е оправдана.Поразот,како таков и повредувањето како последичност,се сосем очекувани.
Не треба да си дозволи човек на себе да дојде во ситуација на таква несигурност во која може да биде повреден,па да мора потоа да се иницира себеси како фактор кој всушност,во објективната реалност не постои.

Второ,јасно е дека секогаш има победници и губитници.Меѓу нив постои и она кое,грубо кажано,е наградата.Ако гледаме на неа како на мртов предмет,работно место,фаќање спонзори за снимање спот или ток-шоу...тогаш можеме да го активираме сопствениот капацитет,да учиме од поразите,од победниците,да го асимилираме тоа во себе,па да се подобриме за следната прилика.
Темава повеќе алудира на човечкиот фактор.А човекот е сосема друга материја.Различни замисли,различни концепти,гледишта,вкусови...
Крајно лесно е некој да се затупи во замислата дека може да извлече нешто од некоја индивидуа,а уште полесно е да се убеди дека другата индивидуа сака тоа да биде извлечено од нејзе.
Треба да се игра на картата "чиста сметка-долга "љубов" "(:)).За да поразот и болката бидат избегнати кога сме во корелација со луѓе,мораме да се позиционираме на одреден начин,за да не оставиме простор за дилузија на себе и илузија во очите на другите,која,ако не се оствари и оди против нашите замисли,би ја сметале за повреда или предавство.In this world,not everything is as your eyes can see and your heart can tell you.Most of the time,you just imagine things...
Некои борби немат смисла.Не постои наградата,наградата е само во нечија луда имагинација.Зошто би одела таа личност до крајност кога само ќе се заморува себеси и останатите?
Не.
Тоа е како инвалид кој секоја вечер сонува дека освоил златен медал во троскок.И секое сабајле се буди со ентузијазам дека еден ден ќе прооди и ќе може да го оствари својот сон.
Останува на тоа.
Умира со тоа.
 
Никој не рече дека секогаш има награда.Доволна е понекогаш само победата.И како што напоменав горе ако не вреди борбата зошто и да почнуваш.Мене нешто кога не ме интересира за мене и не постои,и нема потреба да се трудам да го добијам нештото кога го нејќам,или ако сум реална и знам дека не можам.Ако за мене вреди тогаш и ќе го добијам,без разлика дали ќе има награда или не на крај,доволна ми е победата.Но сепак различни аспекти се тоа.И да не победам во битката,знам дека сум направила нешто никогаш не би останала на прашањето:а шта би било кад би било,со тоа значи дека сепак сум излегла како еден вид победник..
 
Wrong. :)

Тука навлегуваме во многу интересна сфера.Победата е своевидна награда,океј,прифаќам.
Но,кога првичната замисла нема теорија да се оствари,и самата стануваш свесна за тоа,тогаш мораш да го промениш начинот на делување,а со самото тоа таа првична замисла го менува текот,па и победата како таква не е таа истата која ја имаш конципирано од почеток.Едноставно,она што си го сакала е неостварливо,па разјадуваш по страните за сепак да добиеш некоја себеафирмација,оправдување и утеха.Глупаво,себично и без поента.
Интересно е како луѓе тонат во желбата да го добијат неостварливото,колку и да тоа ги крши.
Интересно е како потоа,кога знаат дека биле скршени,продолжуваат упорно да го пијат тој отров и да мислат дека со тоа ќе добијат себегратификација.Можеби во нивниот ум и ќе ја добијат.Ама дали е тоа размислување на здрава психа?Дали е потребно за тој тн. "повреден лав" да се исправи и да продолжи во нови победи?
Не е.Тоа е само трошење време на дефиниран пораз.Глобален пораз.За кој сите знаат,освен магарешкиот инает на егоистот и себичњакот.
Сите сме херои и победници во темнината на четирите ѕида.Лесно е да се убеди човек во победата после поразот и поуката.За жал,фактите во реалниот свет укажуваат дека понекогаш мора да се изеде гомното,да се поврати,и да не се пика повеќе упорно главата во газот на коњот. :)
Нови сфери-нови победи.
Инает,само дома....пред компјутер :)
 
Точно нови свери,нови победи.Но како да продолжиш во една,кога неможеш да излезиш на крај со друга.Нормално треба да бидиш малку реалист.Типичен пример се скоро сите македонци,целта им се парите,нормално ако си седиш дома и си чекаш нема да ти паднат од на небо.Земи,работај,направи нешто.Не може наеднаш да се сврти на тоа,ако не може да го реши тој проблем дека е идеалистички настроен и дека се што е негово ќе си дојде.Треба труд да се вложи..Нормално се во свои граници.Ако размислуваш дека можеш да леташ ,тогаш си на погрешно место,би требело да си во некоја лудница..Реалноста е сурова да,не можеме секогаш да добиеме тоа што посакуваме точно и тука се сложувам,врти сучи на крај ќе испадне истиот муабет да го правиме и двајцата,затоа што и јас сум за да се насочиме кон свери во кои можеме да успееме, значи да ја насочиме борбата коннешта конкои ни значат за на крај кога ќе не поразат да не речиме дека тоа не беше тој пат,требаше да се насочам кон друга цел,туку и тој пат кога ќе не бувнат ние пак да станиме и да продолжиме со борбата,затоа што заради нештото вреди да се вложи труд..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom