Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.856
Лавот во мене никогаш не паѓа, барем не пред другите. Во мене ќе падне, ќе се повреди, па дури и ќе се убие од плачење, но само во мене. Само така се справува со болката ... сам по дома, со ретки исклучоци како што е паѓањето и во очите на најблиските, што често изгледа како еден нервозен испад.
За виновник обично ме гледа само мене. Како може да ми е некој друг крив за нешто што сум му го дозволила? Затоа јас се трудам да го слушам, за да не ми се повторуваат некои работи.
Одмаздата ја нема во неговиот, а и мојот речник. Ја има на збор, во првите моменти на повредата, но на тоа останува. Никогаш ништо од одмаздата, после повратеното достоинство веќе наредниот ден.
А кога јас или мојот лав повредуваме, наоѓаме начин да го средиме тоа. Тешко е, но кога се мора се` се може. Не глумиме, затоа што не сме добри со глумата во такви моменти.
А повредите никогаш не се повторуваат затоа што не се намерни. Достоинството исто така го нема кога треба да се извиниме кај некој што сме го повредиле. Такви сме мутави, јас и мојот лав.
едит: Карајте се на мсн, тука ќе продолжам да ве бришам ако продолжите.