Повраток на ДДВ за физички лица? (Мој ДДВ)

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
mindfuck е цела оваа работа со фискалните. Место да намалат ддв, фискални инспектори ќе изигравале граѓаните.
Само ги вртат работите, на крај ќе испадне владата пари дава на народот од што е многу добра.
имаше намалување на многу производи. Цените раснеа, профитот одеше кај газдите, граѓаните не осетија олеснување.
Со одбивање и скенирање на самата фискална каса при пазарење, да, такво нешто е попрактично, но со намален ддв немаше нешто аир. Ама па за такви каси можеби фирмите треба да вложат дополнително.
 
Ќе има 10 дневни награди и тоа четири од 1000 денари, три од 2000 денари и три награди од 3000 денари. На месечно ниво ќе има 12 кола на извлекување, а сите сметки кои биле скенирани, а не биле добитни за дневни награди, ќе учестуваат во месечното извлекување. Двете главни награди ќе бидат во вредност од три милиони денари и тоа едната ќе биде извлечена во март, а другата на крајот на наградната игра во декември 2020 година.
 
значи цела година народот ќе има занимација
 
Му легнаа пари на некој? :)
 
Последно уредено:
1800 ден. А гледам за тримесечен извештај 7-8-9 ако исплаќаат, 2.506 треба да имам?? [emoji848]

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
1800 ден. А гледам за тримесечен извештај 7-8-9 ако исплаќаат, 2.506 треба да имам?? [emoji848]

Sent from my iPhone using Tapatalk
Не може повеќе од 1.800 да биде за тромесечје, односно, повеќе од 600 за месец :)
 
ајде сега право во кафана да ги потрошите
 
Не може повеќе од 1.800 да биде за тромесечје, односно, повеќе од 600 за месец :)

Супер. Фала што ме информира. Значи максимум земам повраток. Битно да им исцицам на државава некој повраток назад и така не дерат со ддв. [emoji16]

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Супер. Фала што ме информира. Значи максимум земам повраток. Битно да им исцицам на државава некој повраток назад и така не дерат со ддв. [emoji16]

Sent from my iPhone using Tapatalk
Може и повеќе, затоа што ова е максимум од „корисник/обврзник“. Можеш да ги даваш сметките да ти ги скенира брачен партнер, брат, сестра или било кој друга - за и тој да добие поврат на неговата сметка. Арно ама, сериозно се сомневам дека има граѓани кои имаат толку пари да потрошат за 3 месеци, а да се замараат со скенирање на сметки :) Јас на пример, уште не сум го достигнал максимумот, иако скенирам речиси се. Евентуално во декемвери ако ме извади трошењево за празниците :D
 
1800 ден. А гледам за тримесечен извештај 7-8-9 ако исплаќаат, 2.506 треба да имам?? [emoji848]

Sent from my iPhone using Tapatalk

1.800ден е максимумот што може да се добие по тромесечие. Но тука имам прашање, што е со останатите пари (вишокот), дали се префрлаат за нареден месец?

Пример во прво тромесечие сум направил 2.500ден поврат а ми пуштиле само 1.800ден, што е со тие 700ден? дали ќе ми бидат префрлени во нареден месец (тромесечие)?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom