Повраток на ДДВ за физички лица? (Мој ДДВ)

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е во ред. Само ние не знаеме на кои точно даночни обврзници се однесува овој дел (зошто не се однесува, веќе е тема за муабет) и како да знаеме дека следува глоба за член 2. Најголем дел од нас не се правници ниту сметководители, ниту пак толкувачи на закон. Не верувам ни правниците да се сигурни кои се точно овие категории.

(1) Одредбите од овој закон не се однесуваат на фискалните сметки за кои е издадена сметко-потврда, фактура или друг документ издаден кон правно лице, трговец поединец, физичко лице кое врши самостојна дејност и физичко лице регистрирано за цели на данок на додадена вредност.
(2) Одредбите од овој закон не се однесуваат и на фискалните сметки кои се издадени заедно со сметките кои се издаваат од лицата кои извршуваат континуиран промет и за кои се предвидени последователни плаќања (испорака на струја, вода, телефонски услуги, греење и ладење и друго).

Не ми е јасно зошто истите не ги внесат во база за да може скенерот да ги блокира тие оператори преку апликацијата. Дали, ако девојката погоре навистина скенирала фискална по грешка од мобилен оператор, реално ќе плати глоба од 250 евра? Тоа нигде на страната не е објаснето и остава простор за шпекулации и сомнежи.
 
Последно уредено:
Dali dogramadziite, plockarite se DDV obvrznik? Dali od od niv mozi da se bara fiskalna smetka?
колите што ги продаваат автоплацевите одат со фактура 40-50% ( на колку е проценета основица а другото во кеш, на доверба).... е сега законот кажува не ги чепкајте големите износи, само до 30,000мкд ???
од гранката шумата не се гледа..
 
Имало нова апликација (подобрување, со квадратче и избор на јазици:notworthy:). Рецензиите на плејстор се 99% негативни, најмногу за отчитување на кодот и не покажување целосен извештај за исплата. Како што прочитав, треба да се има камера со автофокус, ...најнов модел хјунади јоник хибрид, пеко бугати и рејбанки :vozbud:
 
Дечки гледам дека сите пишувате дека не може да се направи поврат на ДДВ од услугите од мобилната и фиксната телефонија, но веројатно тоа е така само Телеком и Вип. Јас денеска си платив сметка за мобилна во Телекабел, на самата фактура е заќефтана фискална сметка која си ја скенирав и без проблем си влезе во системот. Планирам сите услуги да ги префрлам тука, зошто на годишно ниво тоа е голема сума...

Се надевам дека ќе изнајдат опција и другиве оператори да има код на сметките, зошто озбилни пари фрламе за телефони, интернет и телевизија...

Кои се тие озбилни пари за телефони интернет и телевизија и која е таа голема сума на годишно ниво? За просечен корисник е оваа:

Претплатата за телевизија e 450 месечно. 5400 годишно за 4 ТВ приклучоци.
Претплатата за интернет, пакет од 40/40 оптика е 1000 месечно. 12000 годишно.
Претплата за, еве да речеме 2 линии мобилен по 500 е исто 12000 годишно.

На годишно ниво е 29400. Ќе ти вратат 793 годишно на сумава. Или 66 денари по месец.

Доста бе со овие популистички постови, од штаб ли ги пишувате? Седнете, израчунајте (ако знаете како) и пишувајте после вакви глупости.

Eве ќе ти израчунам и за две претплати за ТВ (осум телевизори), за оптички интернет 1гбпс/1гбпс и за 4 мобилни по 1500 денари. Ќе ти вратат 3861 денари за цела година. Или 321 денар по месец.
Не ме јеби со озбилниве суми, до толку ли сте неписмени да си израчунате не знам...
 
Ти па и 8 телевизори, во палата да не живееш, обичните семејства имаат до 2 телевизори или кабелска па и таа сериозна сума не е баш толку сериозна.

Добро де знам дека се шалеш ама со 321 денар ќе можеш на детето да му купеш 3-4 мајци од шутка, да го пратиш да си купи 3-4 сендвичи, ќе можеш да му купеш патки што траат 1 носење.....:pos:

Овие кога земале да сметаат ја земале министерската, директорската, партиската плата (тендерашката) и виделе дека уствари имаат многу пари што трошат, па кога пресметале виделе дека ќе земат 30к и одма истрчаа да кажат дека сите ќе зимаат 30к,
а реално тоа е сума која не ти врши никаква работа, да земеш каталози од по маркетите и да купуваш само на попуст што има ќе собереш повеќе одколку да се ебаваш со ова.
 
800 денари само од една услуга не се за фрлање. Премногу сме великодушни за така сиромашен народ како што велиме дека сме.
 
се опаривте ли. кај ќе ги трошите сега парите. на Палма де Мајорка?
 
800 денари само од една услуга не се за фрлање. Премногу сме великодушни за така сиромашен народ како што велиме дека сме.

Великодушноста нема никаква врска со мизерноста и популизмот на оваа дегенска мерка. Да не зборам за можноста на увид, да си спојат од УЈП кој-што си пазари.
Луѓево скенираат фискални, а не знаат дека автоматски се знае и што е купено со таа фискална и од кого.
 
Некој од вас што ја има симнато апликацијата, да каже дали ја има прескенирано со антивирусен, антималвер и антиспајвер програм.
 
Великодушноста нема никаква врска со мизерноста и популизмот на оваа дегенска мерка. Да не зборам за можноста на увид, да си спојат од УЈП кој-што си пазари.
Луѓево скенираат фискални, а не знаат дека автоматски се знае и што е купено со таа фискална и од кого.

И што ако УЈП има увид од кај пазариш?? Бомби да не купуваш? Ако толку сакаш да скриеш нешто баш таа фискална не ја сликај, сликај си ги тие фискални што сакаш. А и има опција да не сликаш.
Меркава не ми е ништо посебно, за многу мал процент се работи ама мислам дека е добро да се практикува па макар би зеле и 3-4000 годишно, нема да ти сменат ништо значајно ама може да ти завршат работа за нешто ситно.
Инаку ги користел некој тие бар код читачи во УЈП? Јас имам ios оперативен систем па ми треба алтернатива додека не ја пуштат апликацијата.
 
Шо прајме со тие фискални шо имат 2,3 или 9 % ддв колку ке иаме поврат од нив о.5 деннари?
 
Великодушноста нема никаква врска со мизерноста и популизмот на оваа дегенска мерка. Да не зборам за можноста на увид, да си спојат од УЈП кој-што си пазари.
Луѓево скенираат фискални, а не знаат дека автоматски се знае и што е купено со таа фискална и од кого.
Шо се филмаш? У УЈП да не има вработено миљон души па ке проверуваат кој шо купувал?
 
Шо се филмаш? У УЈП да не има вработено миљон души па ке проверуваат кој шо купувал?
а да не случајно нема.
а работата оди кон целосна контрола на парите. ќе се фалат одгодина рекордна наплата на даноци. да има буџетот да се полни, да се гради држава.
 
а да не случајно нема.
а работата оди кон целосна контрола на парите. ќе се фалат одгодина рекордна наплата на даноци. да има буџетот да се полни, да се гради држава.
:facepalm:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom