Повраток на ДДВ за физички лица? (Мој ДДВ)

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Има ли новости за кога ке биде пуштена апликација за ios? Гледам никој не се буни :)
 
Не е точна, сметка од 1180 денари вклучува 180 денари данок, таа од 1000 вклучува 152 денари данок.
Што сумата уште ја смалува и станува уште помалку значајна.
 
Јас не сум во можност толку да учествувам во ова пошто немам сретства да купувам толку за да стигнам до 600 ден на крај, скапо ми е ептен, освен сметки од леб јајца ова она до кај 400 денари, па ќе добијам на крај 20 ден повраток. Тутун од пазар купувам, таму нема фискална, мебел, бела техника земам на колку што може повеќе рати, така нема фискална, па дури и алишта така на рати купувам од жени што одат наваму натаму со кесите со алишта, за сметките што ги плаќам исто нема фискална, овошје и зеленчук на пазар исто каде што нема фискална. Кога ќе видиш џабе само ќе се малтретирам, а и ко мене цел народ е и сигурно нема да идам да пазарувам во маркети се што ми треба и да платам дупла цена отколку по пазари пример за да добијам 45 денари. Ни скенирам ни се замарам. Да беше повраток на цел ддв можеби ќе размислам. Враќање на 15% oд 18% тоа веќе и навреда е.
 
мебел, бела техника земам на колку што може повеќе рати, така нема фискална.
вакви производи и поретко се купуваат така да не е честа ставка на која може да се надеваме туку, нели и со рати повторно се добива фискална. Која пак е потребна за гаранција или рекламација. Ние скоро земавме нешто бела техника на неколку рати и добивме фискална. Мислам, да не ситничарам, оваа информација ме збуни малку.
 
Никогаш јас не сум добила фискална за плаќање на рати, само документи со захефтана гаранција на нив без фискална.. Сега брзо купував во Сетек, исто нема фискална.
 
Прво, јас не сфатив - кога ќе се враќаат парите? На крај на година? Квартално? Апликацијава само ми ги регистрира сметкиве, а не кажува колку ќе ми враќа. Да знам дали да се замарам.
Допрва ќе настануваат глупи ситуации и ќе се покаже дека целава работа е климави нозе.
Ова што го зборите со прикажување повеќе потрошено од заработено - не можа да значи дека е нелегално. Реална ситуација - мажот зема 20000 денари плата, а жената 40000. Домашниот буџет е заеднички, а мажот ако прикаже дека потрошил 30000 у месецот пошо скенирал сметки што ги плаќале со пари од платата на жена му, ќе иде у зандана? Ќе го чешлаат од УЈП? Ова е нон сенс.
Нормално дека нема да го чешлаат.
Јас зборував ако заедничкиот буџет е помал од скенираното, како ќе го прикажеш тоа?
Што правиме ако скенираме и 2цата, и на крај имаме повраток на данок дупло поголем од заработеното?
Секако дека ова можеш да го постигнеш со земање на фискални од продавници (ако имаш пријател), но работата е како ќе го докажиш тоа на УЈП.
Јас се јавив директно кај нив и прашав за ова т.е. што ако земам сметки од продавница и ги скенирам сите, дали ќе има проблем. Таа рече не.
Сепак на крај, некако не им верувам.[DOUBLEPOST=1562244575][/DOUBLEPOST]http://ujp.gov.mk/uploads/File/Baza na prasanja MOJDDV.pdf

faq
 
Последно уредено:
Никогаш јас не сум добила фискална за плаќање на рати, само документи со захефтана гаранција на нив без фискална.. Сега брзо купував во Сетек, исто нема фискална.
Не е точно ова.
 
Не е точно ова.
Твоја грешка шо не си барала фискална. И баш си ја погодила фирмата шетек. Они така нема да платат данок. Ратите си немаат врска со фирмата туку со банка. Они се зимаат кеш од банката а ратите ти ги уплакаш у банка.
 
Дечки гледам дека сите пишувате дека не може да се направи поврат на ДДВ од услугите од мобилната и фиксната телефонија, но веројатно тоа е така само Телеком и Вип. Јас денеска си платив сметка за мобилна во Телекабел, на самата фактура е заќефтана фискална сметка која си ја скенирав и без проблем си влезе во системот. Планирам сите услуги да ги префрлам тука, зошто на годишно ниво тоа е голема сума...

Се надевам дека ќе изнајдат опција и другиве оператори да има код на сметките, зошто озбилни пари фрламе за телефони, интернет и телевизија...
 
Убаво пишува дека месечни сметки не признаваат, освен тоа тој што ќе го прекрши правилото има глоба од 250евра.
Внимавајте.
 
По принципот дека за ситни пркршоци у државава се завршуе како Илко, Илија, а разноразни орцевци, латаси спроведуваат општа пљачка и своевиден пропаганден терор и за тоа се наградени од секоја власт, јас со ујп би играл крајно претпазливо. Тоа е институција со свои корени у турско, кога безмилосно се зимале арачи, даноци у крв исл.
Чисто као пример ќе спомнам - знам неколку примери со фирми, кои без намера да праат криминал, сметководството им праи некоја погрешна пресметка и го преплатуваат данокот. Во таа ситуација, ујп наместо поврат, правеше калкулација со која во следниот месец, квартал, година (не знам тоа како иде) ќе треба да им овозможи да пресметаат пониска давачка, пошо претходно преплатиле. За да им испаднат статистиките "прифатливи" и пошо на "фамозната лева страна на Вардар" и ден денешен имаат очајни фискални показатели, тие на фирмите им праќаа пар инспектори за да "проверат" дали фирмата што бара пребивање има чисти книги....и во 99% од случаите завршуваа со блокади на сметки, казни, а со тоа уништување на некои помали бизниси, од вака-така народов се снаоѓаше и крпеше крај со крај. Инспекторите се фаќаа за точки, запирки у фактурите (зборам за нормални македонски фирми, не за пластичарска улица и Бит пазар) и многу нормално е да ти најдат нешто за што уште ти си должен, а не ујп на тебе, нормално проследено со казна. Ова го имало и во време на едните и на другите, а ујп само си е алатка за мачење. Да не се чудите зошто народ испобега од држаава и заврши у Бутел....а со ујп ја не би се заебавал и ако рекле да не скенирате сметки за комуналии, боље не го праите тоа, за ваше добро.
 
Добро, каде има инфо од ујп дека не смеат да се скенираат одредени производи/услуги заради глоба? Видов една слика од твитерџии, пишуваше за глоба ама не најдов таков документ на нивната страна. Исто се збори и за цигарите. Толку ли е тешко јавно да се објасни дали невработени и социјалци ќе имаат проблем ако прикажат прилив, дали ако приходите се 40.000, а се скенираат сметки вредни 50, ќе мора да ги докажуваат и плаќаат евентуално данок. Затоа што се повеќе гледам продавници порано што ми давале сметки, сега "ги забораваат" печатени на каса.
За функционалноста, пак ништо не направија со проблемот со оштетени сметки од лоши тонери, нема реална сума, нема преглед за повеќе денови, тапа преглед.
Ваљда читаат реакции твитерана, фб и кајгана. Дремат, сакаат успешен проект ама ние не сме ги ценеле парите.
Дечки гледам дека сите пишувате дека не може да се направи поврат на ДДВ од услугите од мобилната и фиксната телефонија, но веројатно тоа е така само Телеком и Вип. Јас денеска си платив сметка за мобилна во Телекабел, на самата фактура е заќефтана фискална сметка која си ја скенирав и без проблем си влезе во системот. Планирам сите услуги да ги префрлам тука, зошто на годишно ниво тоа е голема сума...

Се надевам дека ќе изнајдат опција и другиве оператори да има код на сметките, зошто озбилни пари фрламе за телефони, интернет и телевизија...
и колку пишува во извештајот дека треба да земеш од ддвто?
 
Последно уредено:
Читаат кајгана 100%
Темине у љубов и секс кој мислиш дека ги отвара...
...а оваа тема им доаѓа нешто како чек дис аут
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom