Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Bush(av) напиша:Верувате ли дека може да се повикаат духови? Знам дека има слична тема, ама некако не ми се става ова таму. Мене ме интересира конкретно самото повикување. Некои т.н. техники, искуства?
п.с. Ако темава не е за тука, преместете ја или спојте ја со онаа сличната.
мижи асан да ти баам е муабетов
Вака сега... Бев со моите, сестра ми и уште 3-4 фамилии во Лазарополе, тоа е село после Маврово (можеби сте слушнале на временска прогноза, стално го спомнуваат, btw не е битно). Тоа беше пред некој си 7-8 години. Во вилаа како што кажав бевме повеќе фамилии и една вечер се договоривме повеќемина од нас (околу 10на души вклучувајќи ги и родителите) да повикуваме духови. Повикувавме со игла, она класичното кога се врзува на конец и кога иглата треба да се движи накај одговорот. Го повикувавме духот на дедото на две деца кои беа со нас, а беше и нивната мајка (неговата ќерка). Во тој момент од негдека се појави кафеав лептир и леташе над масата и се спушти точно над едното дете (помалото). Мајката тогаш ни кажа дека дедото го сакал многу него. Продолживме да повикуваме, набрзо слушнавме како крцкаат скалите кои водеа до горните соби. Сите се стаписавме но набрзо ни помина стравот кога свативме дека е само мажот на едната жена која беше со нас. Се симнал по вода Почна да се смее што правиме и се врати горе. Продолживме и почнавме повторно да слушаме крцкање но овој пат од надвор (од пред вратата, вратата беше дрвена како на хорор филмовите) . Тоа беше доволно за да престанеме и да идеме на спиење. Утрото кога се разбудивме додека доручкувавме една жена која не беше со нас вечерта ни кажа "-сум ја сонувала мајка ми, не сум ја сонувала веќе 10 години" сите се стаписавме и се погледнавме знаејќи дека мајка и е почината. Веднаш по неа се надоврза и уште еден човек кој беше тамо, а не беше вечерта и никој му немаше кажано. "-што збориш бе, па и јас вечерва го сонував татко ми".
Чудна работа, дали беше коинциденција или пак не, никогаш нема да дознаам.
Ај кажете некои начини на повикување духови,сите што знаете различни начини пишете,ама убаво све објаснето,ако може mALEFACTOr да го опише неговиот начин(специјална покана)!
Може да биде интересно!