Повеќе причини да бидеш атеист

  • Креатор на темата Креатор на темата mALEFACTOr
  • Време на започнување Време на започнување

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045
Нема што да одлучувам. Погледни си го постот што го посочуваш. Првиот пасос ти е препишан од Библијата. (Прикаската за Ное) а Другите ти се безвезни наклапања на тема, можда било или можда не било.

Па мојов пост е од мое Христијанско гледиште. Сигурно не очекувате да пишувам за настанокот на светот и религиите од атеистичка гледна точка. Јас верувам во Бог, и со мојот пост го објаснив постоењето на другите религии, и измислени богови.
 
Знам уште нешто.... се ближи крајот на религиите... уствари, сигурен сум во тоа.

Ето, некои се сигурни дека ги виделе и Мики Маус па и Елвис.
 
Можеби, а можеби лукавиот им дошепнал за египќаните за тоа каква ќе биде вистинската вера Христова, па египќаните подраниле и си напраиле своја-идолопоклоничка, , која наликува на Христовата. И така, подоцна, се јавил некој мангуп и открил дека у ставри, египќаните ја „октриле„ вистинската вера оти биле „постари„ од рисјаните, а рисјаните се тешки идолопоклонци, оти ги ископирале египќаните....
Да да секако...... Баш така било. Ти го виде тоа..... И тогаш ѕвони будилникот.... Мики треба да оди на работа. ..... Ту Беља, бар 5 мин. покасно да ѕвонеше да го видеше крајот од сонот.....
 
Воа е некоја Твоја „куќна„ контенплација која ја „истураш„ вака, јавно, на форум!??? А од кај знаеш дека Бог не ја создал Вселената? Ти текна? Ти се сони? Се сети? Како!?
Ми текна. Пред доста време кога ги анализирав податоците од двете спротиставени страни.
 
Ето, некои се сигурни дека ги виделе и Мики Маус па и Елвис.

Убаво за нив.
Пред 500 години сите веруваа во религиите.
Денес не е така.

Иначе Елвис го имаат видено многумина.
 
Ако се наследство на некоја од паганските религии, тогаш кое е потеклото на тие пагански религии, дали имале претходно друг вид религии кои паганските го наследиле или паганските религии се почетокот на религиите?

Не е за отфрлање, но ако верувам на енглезите и воопшто уредувачите на историјата нели треба да им верувам и дека грците се прастар народ, дека грчкото писмо датира од пред многу векови и дека Александар е всушност грк.

Значи накратко, дали сметаш дека сите оние изнесени тези за позајмувањето на моно. од поли. религија за Исус Сонце, Великден... се точни?

Почеток на религиите е во камено доба - анимизмот, па шаманизмот, па митологиите, па на крај денешните монотеистички религии. Јас не зимам се здраво за готово. Читам, проучувам, малку здрав скептицизам иде далеку.

Така да, сигурна сум дека монотеистичите се базираат увелико на претходните пагански религии. Човек со отворен ум кога ќе ги чита сумерските митови, митовите за Митра, египетски митови не може а да не ги види сличностите.

После тоа си доаѓаат разните начини на славење и разните светци по државите - зависно од културата на тоа поднебје и кои пагански богови ги славеле.

Христијанството е убаво осмислено и држи многу тајни, ама луѓето како и секогаш, го имаат искривено.
 
Уште да кажеше од кај го знаеш тоа. Па ако кажеш со еден пост ќе ги уништиш религиите, и сите ќе станеме атеисти.
Од читање на повеќе книги. Не само една.
 
Ми текна. Пред доста време кога ги анализирав податоците од двете спротиставени страни.

Убо.
Биди коректен и сподели ги тија Твои „анализи„ сос нас, неуките и неписмените верници и дај конечно, просветли не.
А мене све ми се чинит дека ќе се впуштиш во (пре)пишување, како и многумина пред Тебе на форумов.
 
Од читање на повеќе книги. Не само една.

Абе знаеш во што е штосот. Ако некој, било кој човек на земјава, знае дека не постои Бог, тогаш откога ќе ги прикаже доказите, сите ќе ги прифатиме. Ама ете досега немало таков јунак.
 
Убо.
Биди коректен и сподели ги тија Твои „анализи„ сос нас, неуките и неписмените верници и дај конечно, прсветли не.
А мене све ми се чинит дека ќе се впуштиш во (пре)пишување, како и многумина пред Тебе на форумов.

Нема што да препишувам.
Земи некоја друга книга, не само истите "божји" книги. Истражи малку.
Дури и чичкоти Стефан мисли дека еволуцијата е точна...
 
И ти веруваш дека освен Единиот Бог, сите други се измислени од човекот?

Не верувам, знам. Вклучително и тој Единиот Бог (трофазниот де)
 
Абе знаеш во што е штосот. Ако некој, било кој човек на земјава, знае дека не постои Бог, тогаш откога ќе ги прикаже доказите, сите ќе ги прифатиме. Ама ете досега немало таков јунак.

Важи и обратното.
Ако ти ги прикажиш доказите за постоењето на бог, сите ќе го прифатиме. Досега немало таков јунак.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom