Е па се стори, купив Сони Ериксон Vivav U5

И ајде сега помош малце околу средувањето на телефонот, пошто не можам баш да се снајдам, првпат имам ваков телефон. Прво шо ме мачи е...вчера снимав видео и ми вика нема доволно меморија, стопирајте некоја од апликациите. Телефонот има своја меморија од околу 80 МВ и картичка од 2 GB. Е сега снимив едно видео од 7 минути и пошто снима со 720р зафаќа фајлот доста место, 400 МВ, значи се снимил на картичката. Проверувам картичката, вика има уште 1370 МВ место и како тоа немало повеќе место?

Друго...пробувам да го поврзам на лаптоп, ставам кабелот, се појавува на телефонот избор за начин за приклучување, PC Suite, Mass storage, Media transfer...се појавува телефонот во My Computer можам се да префрлам оттаму, ама зошто проклетото PC Suite на лаптопот не може да го најде телефонот? Одам во How to connect паѓа програмата

И дали е паметно да направам еден ресет и јас да си подесам се од почеток, дали треба само формат на картичка, дали hard reset или како се вика тоа? Дали е исто со фабрички ресет шо го викаат? Дали може нешто да тргне наопаку?