Потребна ви е помош околу мобилни? Пишете тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Дали може на При Пејд да си платам и самиот да си одберам број и колку ќе ме чини? Кај било кој оператор...
 
Декодирајње на htc one v?
 
ме интересираат ваши мислења...вака-

се мислам помеѓу следниве модели

-NOKIA E7-00
-Nokia N8
-Nokia X7

е сега,имам и друга опција..другар отиде во УСА и се враќа за 10 месеци,а таму како што знам се е поефтино,и можеби за истиве пари што би ги дал за овие,кога ќе се враќа он,со истите ќе земам Iphone 4s,или galaxy новиот..прашањето ми е,дали мислите дека за тоа време ќе им паднат цените на овие два телефона(во уса) или да не чекам,да си земам тука некој..?
 
..прашањето ми е,дали мислите дека за тоа време ќе им паднат цените на овие два телефона(во уса) или да не чекам,да си земам тука некој..?
Тие Нокии што ги наброја се со Симбиан што практично веќе умира, и лично не би те советувал да земеш. Баш еден другар сакаше Нокија да земе со Симбијан, ама се премисли за Андроид и кажуваше како ќе згрешел ако земел Нокија.

10 месеци ти се многу за чекање, особено во светов на мобилниве, до тогаш ќе излезе нешто понапредно од ова денес што го имаме. Најдобра и најефтина опција во моментов од Америка е Samsung Galaxy Nexus што е 350$ без договор. Ако не сакаш Андроид, можеш да земеш и iPhone, особено ако се земе во предвид дека се очекува петка да излезе наскоро, па да му падне цената на 4S. Лично сум наклонет кон андроид, ама ти земи си тоа што мислиш дека тебе ќе ти одговара.
 
Колку мислиш дека следно лето ќе има цена 4С,во уса ?

сега се по 500-600 долаари без договор..истото прашање и за галаксито новиот..

и фала на одговор..не ми се брза,сакам само да земам добар,јак телефон во секооја смисла,а овие два погоре ми се чини дека се токму тоа..
 
Под јак телефон подразбираш добар хардвер или бренд телефон. Ајфотнот е неприкосновен како бренд телефон, што не значи дека е лош, само дека е екстремно популарен. Ѕверови телефони ти се SGS3 и HTC One X, и LG има еден четворојадрен модел, што е исто многу солиден. Од андроидиве, тој Нексусот што ти го спомнав погоре е „дете“ на Гугл и има и ќе има најдобра подршка ако тое те интересира (апдејти и слично). Самсунг и ХТЦ вадат апдејти ама поспоро. Ајфон има исто редовни апдејти.

Не знам колку ќе му биде цената, Samsung Galaxy S2 е излезен веќе година и неколку месеци (фев, 2011), и има цена на Амазон од 450 долари. Тоа ти е за отклучен модел, што значи дека до следното лето С3 најверојатно нема да биде под таа цена. Ако ти го земе другарот на договор таму, ќе го земе многу поевтино. А од доста другари знам дека и да земеш телефон на договор и да си се вратиш во МКД ништо не ти прават Америте, едино може да имаш проблем за следниот пат ако се враќаш.
 
Ајде некој што има ХТЦ Десире ХД колку му држи батеријата, пошто мене онака со средно користење за 1 ден ми се троши батеријата, тоа му е нормала или не? пошто сега го земав, фала.
Јас имам ХТЦ Десире ХД и толку држи батерија освен ако го смениш поасален РОМ и може малку подолго ќе држи еден и пол ден дури и помалку и другото постои батерија 1600 и 1800 милиампери специјално за Десире ХД ама во Македонија никаде нема гледај на YouTube и ќе ти стане јасно;)

Sent from my iPad 3 using Tapatalk HD
 
Под јак телефон подразбираш добар хардвер или бренд телефон. Ајфотнот е неприкосновен како бренд телефон, што не значи дека е лош, само дека е екстремно популарен. Ѕверови телефони ти се SGS3 и HTC One X, и LG има еден четворојадрен модел, што е исто многу солиден. Од андроидиве, тој Нексусот што ти го спомнав погоре е „дете“ на Гугл и има и ќе има најдобра подршка ако тое те интересира (апдејти и слично). Самсунг и ХТЦ вадат апдејти ама поспоро. Ајфон има исто редовни апдејти.

Не знам колку ќе му биде цената, Samsung Galaxy S2 е излезен веќе година и неколку месеци (фев, 2011), и има цена на Амазон од 450 долари. Тоа ти е за отклучен модел, што значи дека до следното лето С3 најверојатно нема да биде под таа цена. Ако ти го земе другарот на договор таму, ќе го земе многу поевтино. А од доста другари знам дека и да земеш телефон на договор и да си се вратиш во МКД ништо не ти прават Америте, едино може да имаш проблем за следниот пат ако се враќаш.

мислев звер телефон во смисла,систем,апдејти,камера,брзина и слично...го гледав и ХТЦ-ТО(оне X) ми се свиѓа и тој...така да,или ајфон,или хтц-то или самсунгот...ќе видам тогаш како ќе се со цени,или пак кога ќе имаат попусти за Божиќ.

а хтц-то ваљда ќе биде поефтин тогаш,во споредба со овие 2 ?

и каков проблем би му праеле ако отиде 2 пат во уса ? ако ги заебе така ?
 
Можеби не е за тука но сигурно ќе се најде некој што би одговорил,
Дали знае кои се така наречени бенефиции - за две годишен корисник во ВиП и сакаш да обновиш договор пост пејд, на 600 претплата, е сеа коа ќе бираш телефон пример колку би ти намалиле на одредени телефони доколку некој е купувал да ми каже :) Пошто бев неќна и ми кажаа дека е рано (пошто у септември некаде октомври ќе обновувам) дека сум имал доста попуст ?
 
Не знам дали ти кажале дека ќе ти дадат дополнителен попуст од тој што им е прикажан онлајн, ама колку што знам од луѓе не даваат. Они попустот го гледаат во смисол дека телефонот ти е пример 20.000. На М тарифа ти го дава за 15 на 2 години договор, на L тарифа ти го дава за 13.000 итн. Точно дека тоа е пониско одколку да го купиш телефонот без договор, ама немаат некои големи намалувања на цените (генерално, за сите оператори кај нас). Ти сакаш да си останеш на истата тарифа, за пола цена? Ајде пиши какво искуство ќе имаш. Јас најрано можам да продолжам на 30 септември, па ќе видиме.
 
Едно прашање: Имам нокиа 5800. батерија, се ми е ок. е сега, имам и една батерија, од нокиа 2680 слиде.батаријата од овој 2680 цела година не е уклуцена на неа, и пак е полна. пробав да ја ставам во нокиа 5800 и ми успеа. Прашањето е дали може да се расипе телефонот ако ставам батерија од друг телефон? на пр од овој 2680?
 
Кај повеќето телефони од иста марка имаат исти батерии ... еве јас имав 2 батерии од нокиа н73 и истите пасираат и на н95 едната ја користам на н95 пошто старата слабо држеше а другата на н73 . Нема гајле :)
 
Ok. Fala.
 
Колку часа треба да се полни прв пат мобилен телефон кој штотуку е купен?
Знам отприлика 12 часа, али сум заборавил одамна немав купено нов телефон.:giggle:
 
Нема потреба од поленње со часови, на новите телефони се полни батеријата додека не се наполни до 100%, и после нема потреба од полнач.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom