Потреба од “те сакам“?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Убаво е да се слушне ова, и тоа почесто но ако знам дека е кажано искрено, во тој случај никако и никогаш не би можело да ме гуши
 
Зборовите се празни ако нема дела...
Да, имам потреба да ми каже некој дека ме сака, но тоа нема да ми значи ништо, се додека не ми го докаже тоа... Зборовите немаат мн. големо значење ако немаат цврста позадина зад нив...
Врз таа основа, јас повеќе практикувам да му покажам на некој дека го сакам, без разлика дали тоа е некое момче, другар/ка, член на семејството итн... отколку да му кажам само „Те сакам“!
 
Од секојдневно слушање на те сакам немам никаква потреба...уствари кој ќе размислам,не ни мора да ми се каже те сакам за да знам дека некој ме сака.Колку е “искомерцијализирана“ фразава што не ми значи ништо,и затоа не ја користам,освен некогаш у момент на излив на емоции,што се дешава многу ретко.
Тие што се секојдневно околу мене се тие што ме сакаат,нема потреба да ми кажуваат зошто го знам тоа,го чувствувам и го гледам секојдневно,во спротивно,што бараат во мојот живот?
А и плус што ми е лигаво тоа те сакам го прави уште поодбивно.
 
Sekoj den mu go kazuvam i pokazuvam toa na mojot soprug i isto taka i toj na mene i super se cuvstvuvam.:back:
 
..ретко го кажуам..ама кога ќе го кажам..навистина го мислам..
...на другаркете не мора да има кажуам..си знаат дека највииииише ги сакам...и нејчем мн тој збор да го слушам..заш едноставно глупо е кога некој ми вели колку те сакам..а зад грб се прае:jaj:
..а инаку на дечко ми...би му кажала..кога навистина би го осечала тоа...и нејчем он за онака да ми каже те сакам..сакам да го мисли..да го чуствуа =)
 
Кога ми треба тоа "Те Сакам" тогаш сите се тргаат настрана...а ако се рачуна секојдневнототе те сакам кое појќе ми изгледа како рутина отколку како навистина тоа да се мислело...тогаш не ми е баш најпотребно..
повеќе ги сакам нештата кога се искрени и од срце ако не не ми ни требаат:toe:
 
Со оглед на тоа дека сум мошне емотивна личност, со огромни емоции во себе, сакам да го слушнам зборчето те сакам и сакам да го велам.
Се согласувам со тоа дека делата повеќе зборуваат и повеќе докажуваат, но ете, јас и покрај нив сакам да слушнам едно „те сакам“.

И, уште нешто.
Доколку некој вистински сакате, и доколку сте сигурни во чувствата што тој/таа ги гаи за вас, (без разлика за кој се работи, дали за дечко/женска/мајка/татко/баба/дедо/сестра/брат/пријател), никогаш изразот „те сакам“ нема да биди клише и досаден, затоа што е кажан искрено- од љубов.
 
Нормално дека сакам да ми кажуваат дека ме сакаат, пријатни ми се зборовите и прават да се чувствувам убаво, но не дека ми се потребни. Можам да функционирам и без нив и тоа да ми биде исто толку прекрасно како и со нив, само што убаво е да ги слушнеш. Е сега другата страна т.е. од моја страна гледано, мене ми е ужасно тешко да ги изустам тие два бедни збора, премногу тешко дури. Колку и да сакам да кажам некому дека го/ја сакам не можам да го направам тоа. Осеќам грутка во грлото, па затоа на секој можен начин се трудам да ја покажам љубовта а не да ја кажам.
 
" ТЕ САКАМ" - фраза со толку силно значење а ја расфрламе наоколу како да е НИШТО...

не ја употребувам често.. бидејќи кога ке ја употребам сакам тој што ја прима така и да се почуствува (сакано) ..

а не као да сум кажала нешто сосема обично, нешто секојдневно..
 
Немам потреба од изговорено "Те сакам".. Туку имам потреба од те сакам кажано на друг начин.. Со насмевки, прегратки, бакнежи.. Не ми вредат зборови.. Тие можат да бидат кажани и онака.. Вреди однесувањето, гестовите.. :toe:
 
немора никој да ми се лицемери и да ми кажува „те сакам“, тие шо ме сакаат не мора да ми речат „те сакам“ дека знам :pipi:
 
Имам потреба да, али да е искрено и од прави луѓе и луѓе шо ми значат нешто, а не од глупави лицемери кој во моментот кога му требаш "те сакаат" и му значиш, а потоа никој и ништо си за нив :pipi:
 
доволно ми е само еднаш да го слушнам тоа, ама не и да стане навика и рутина ,секој ден да слушам тоа па тоа!
 
Сакам да слушам ТЕ САКАМ, никогаш не ми смета, па и јас сакам им викам на оние кои навистина ги сакам.
 
Ја одобрувам да само кога е поткрепена со докази џабе ке си кажуваме и најубаив зборови ако на дело нема ништо од тоа ....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom