Потреба од “те сакам“?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
море си требаат тие зборови :toe::toe:
 
Не верувам на зборови ...така да немам потреба од некој да ми речи те сакам.
Повеќе сакам дела и гестови.:smir:
 
Абе, збор ко збор, букви се, гласови, сеедно, не е важно колку го кажувам, важно е колку го мислам. :)

Моите дома, другар(к)ите, партнерот, кучето/мачето, сеедно... Има многу луѓе и нешта што ги сакам, па не менува многу дали сум им го кажала тоа или не. :)

Мене не ми се свиѓа тоа „те сакам“ во ран стадиум од врска кога едвај се познаваме. Се губи значењето на тој збор, а воедно и мојата желба за понатамошен интерес спрема личноста.
 
Имам потреба... Ама нормално, не само да го слушам туку и да можам и да се уверам во тоа... Додека не се уверам ми е онака, убаво што го слушам, ама, кога ќе се уверам ми е уште поубаво :) И не ми смета ни милион пати да ми го каже... А ако само ми го кажува, а знам дека не е така, тогаш ми е одбивно... И не сакам да го слушам....
Јас кажувам секогаш кога ќе осетам дека треба :) И не ми смета да го кажувам... И кажувам на сите што ги сакам (уствари на моите дома ретко.... незнам зашто :toe:)....
Памтам дека првиот пат кога сакав да го кажам не ми излегуваше од уста :) Многу ми беше тешко да го изговорам... Ама сега не ми е проблем и дури некогаш се прашувам дали премногу го кажувам... Али не е битно, се' додека стварно го мислам тоа...
 
Најискрено кој сака нема ми каже дека ме сака ... ама доколку се празни тие зборови може да ми се фа*и...
Иначе јас не ги користиам тие зборови доколку навистина не ги мислам ... ама сепак ... делата ми се поважни од зборовите ... :toe:
 
Немам некоја голема потреба од "те сакам". Немора ни да ми го кажуваат тоа. Знам кој вистински ме сака, кој не.
 
Потреба или непотреба, грдо е чувството кога одамна го немам слушнато. А на жалост тоа е често. И затоа престанав да го кажувам и јас. Мајка ми и татко ми не ги бројам, они не мора.
Инаку на се` што ми значи, само што кога некого толку многу го опсипуваш со такви нешта, веројатно му здосадуваш. Глупа сум бе, изузетно. Толку многу љубАв имам, толку желба и време, али океј, на сила можам некому да му земам, да дадам не. И онака све што е право мора да не е ценето, на запад нишо ново. Јебига. :pipi:
 
Одамна не ми кажал некој дека ме сака така да сеедно ми е. :) Ептен другаркеве ама тоа формално е :)
 
дали имате потреба да го слушате она “те сакам“ постојано? или пак,кога е многу-ве гуши?
дали често кажувате “те сакам“ или го кажувате во посебни и одредени моменти?
значи: дали имате постојана потреба од примање и давање љубов кон/од сите,или сепак сте скржави со овие зборови?

секако не мислам само на љубовно искажување,туку и “те сакам“ кон другари/другарки; родители; брат/сестра итн.
Немам потреба да го слушам тоа, а ни нешто посебно обожавам да го кажувам јас. Како што кажаа неколку мои истомисленици, делата се далеку повредни од зборовите. Што ако некој ми труби дека ме сака, кога не чувствувам ништо поконкретно од него? Без оглед кој е, не мислам и јас само на дечко. Дали треба да се сомневам дека ме сакаат луѓето кои се околу мене, ми го разубавуват животот, прават се` за мене, само затоа што не ме гушат со тоа "те сакам"?
И уште нешто ... примањето и давањето љубов нема врска со овие зборови. Мене ми делуваат сосем спротивно. Кога слушам некој како постојано се расфрла со нив, мислам дека последно нешто што има намера да прави е да сака. Толку ми е лигаво постојаното нивно изговарање, што неможам да опишам со зборови.

Само два патиии... па тоа е жално бе :uvo: јас не би можел да издржам вака.
Секој ден да ми го кажуват ова многу ќе сум среќен. Ти дава сила, храброст, среќа...
Јас го кажувам тоа по 2-3 пати неделно
Жално? Јас па мислам дека е жално што некој има толку слободно време од неправење ништо за да го докаже тоа, па му останува постојано да зборува.
Ама добро, секој човек си е посебна приказна, само ете, не мислам дека треба да се жалат тие што живеат од љубов, а не од зборови.:pipi:
 
немам потреба...искрено...еден збор ништо не кажува...едноставно само збор
 
Не го сакаш. Откачи го и барај друг, веднаш.
Мене искрено, ме заболе за зборчето. Сум рекол милион пати, покажи ми, не мора да ми кажуваш...
за болдираното.не зборев за машко,за било која личност,без разлика дали мајка/татко/брат/сестра/другар/другарка...итн.
не сакам да ми кажуваат секој ден/саат дека ме сакаат.не мора во секоја порака,не мора на крај на секој мсн муабет.
тоа ме гуши премногу. има спротивен ефект,барем кај мене.
ако ме сака ќе почуваствувам,ќе доживеам.
баш-ме заболе за зборот,битно е да ми покажат.
 
Жално? Јас па мислам дека е жално што некој има толку слободно време од неправење ништо за да го докаже тоа, па му останува постојано да зборува.
Ама добро, секој човек си е посебна приказна, само ете, не мислам дека треба да се жалат тие што живеат од љубов, а не од зборови.:pipi:
Од неправење ништооо...Сосема си грешка! Сепак така е секој си има своја посебна приказна и секој си знае само за себе! :smir:
 
Зборови ништо не ми значат...Ако ме сака, ќе најде начин да ми го докаже тоа...А зборовите, се сосема непотребни...
 
па шо знам...немам потреба од секој и секого да ми речат те сакам....ама од таа шо најмногу сум сакал...никогаш не ги добив тие два збора иако премногу ке ми значеа...а велам те сакам само кон тие шо го чуствувам тоа...сеа има различно значење...зависи до за кој е
 
самиот поим ТЕ САКАМ за мене нема значење..
поимот добива значење и сакам да го слушам кога го кажуваат луѓе кои веќе ми имаат покажано и докажано со дела и факти дека навистина го мислат и чувствуваат тоа што ќе го кажат..
една од личностите од која најмногу и најчесто го слушам овој збор е дечко ми кој ми има докажано дека ме сака и затоа тие 2 збора ТЕ САКАМ ми значат премногу:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom