Потрагата по нашите 5 минути?

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
30
Локација
Струга
Ја знаете онаа старата поговорка: "Ќе дојдат моите 5 минути"

Дали тие "5 минути" реално некогаш може да променат нешто драстично во нашиот живот тука во Македонија. Велам само за тука во нашата земја дека да сме во некоја друга сигурно дека нешто такво би било возможно.

На пример:
- Да ти падне Лото тука добиваш 100.000 евра..... да ти падне некаде надвор во некоја понапредна држава добиваш милиони.

- Да си ја работиш професионално и најдобро работата препоставениот кај нас никогаш нема да те унапреди во нешто супер..... некаде надвор во некоја понапредна држава за истиот труд ке си многу повеќе награден и унапреден.

- Тука кај нас од нигде-никаде нема шанси да постанеш некој и нешто.... во понапредните држави иако е тешко сепак има луѓе што и во тоа успеале.

- Квалитетниот студент тука кај нас апсолутно ич не се цени и стимулира..... напредните држави ги молат таквите студенти да работат баш за нив и им нудат големи поволности.

Дали се овие тие клучни причини што многу млади сакаат да ја напуштат државата..... дали се овие позивитни стимули реални во тој свет.... или сето тоа е само една причина за ние да си го бараме ксметот.. т.е. да си ги бараме нашите "5 минути" во друга држава дека во нашата тие никогаш немаат ни шанси да дојдат.... пошто нели сепак така останало дека секој барем еднаш својот живот тие 5 минути ги доживува.
 
Значи дека секој во својот живот го очекува денот кога ке биде во можност да ги искористи својте 5 мин. кој ке донесат мн.промени ке се случи пресвртница во вашиот живот.. и ред.др.работи ?
Кој би била главната причина поради која би ги чекале тие Златни 5 мин. ?
Како ке се чуствувате ?
ДАли сте рамислувате што ке направите во тие моменти ?
Како би ги изиграле тие 5мин ?



Јас мислам дека си ги продадов за џабе мојте 5минутки кога на 16 години бев на проба во германија да играм фудбал али поради семејни несогласувања не им беше дозволено да го продлжам животот во Германија и таму да играм фудбал..
За зал сега веке не играм активен голем фудбал и криво ми е за тоа..
Али мислам дека ке си овозможам шанса за Повторни 5.мин али овој пат таа шанса ке ја искористам.:helou:

П.С.ако не ја бива темата бришете ја !
 
Никогаш не сум размислувала на оваа тема иако сепак велам-ке дојдат моите 5 минути!

Како ги замислувам-па најубаво да се чуствувам тогаш,се` да и оди од рака,да нема проблеми, сите проблеми да си дојдат на свое место...
 
за 5те минути ќе му ја мислам во времето кога ќе се случат, тоа е спонтан момент и не се планира... многу често ми се случило да планирам-а да испадне како што не треба, а кога па не сум планирал-искочило перфектно.. така да оставам на судбината и на моментот.
едит: брачко сеа видов, си отворил 2 исти теми...
 
па... за секоја работа си имам по 5минути... иако за повекето ги имам пропуштено... пример можев да продолжам со карате кариерата, можев да продолжам со пливање кариерата, можев да продолжам и со бродомоделарство кариерата... во сите овие претходни работи сум напредувал доста добро и ми се нуделе големи шанси за да се професионализирам... ама не сум знаел што сакам...

во љубовта си ги искористив тие 5минути најсоодветно, не чекав девојка ми да ми понуди и ете сега сум си срекен!!!

не знам мислам дека темава нема за нешто конкретно да се збори...
во скоро секоја работа имате по 5минутки ако се мисли на овие како јас што ги кажав...

евентуално ако не мислите на 5минути кога бев во лондон пред 3 години и наместо да влезам во аеродром да киднев и да живеев поубаво од сега? кхм... штета немаше појке од 4 дена да преживеев. имав само 350 евра во мене... а бев таму неполни 3 дена со 500 евра.

во секој случај ај малце пообјасни на какви 5минути конкретно...
 
Mojte 5 minuti? GOLEEEEEEEEM uspeh vo rapot.. Ama STRIKTNO na Mak scena.. Nesakam podaleku.. Underground Mak Scenata.. Niso dr ne mi treba vo zivotov.. Ili mozebi i uspeh vo dramata i likovnata i umetnost..
 
кај драган вучич у емисија :):):) Шала на страна моите пет минути ги замислувам во моментот кога ќе имам понуда за печатење на мојата книга (ама кога ќе ја допишам), откако ќе ја издадам што сака нека биде, јас важно едно убаво, испечатено издение сакам да си имам кај мене на полица :)
 
5 ке ги искористам со тоа што ке се утепам од тренирање кошарка и ке гледам да успеам во тоа и ке гледам да си најдам некоја лепотицаto e to
 
Со задоволство би си ги потрошила моите 5 на Ville Valo :vozbud:
 
Моите 5 минути во мојот живот? Па сите минути во мојот живот се мои, таман работа да беа само 5.

Значи дека секој во својот живот го очекува денот кога ке биде во можност да ги искористи својте 5 мин. кој ке донесат мн.промени ке се случи пресвртница во вашиот живот.. и ред.др.работи ?
Зошто мора таа „пресвртница” во мојот живот да се случи во „моите” 5 минути? Пресвртници и перипетии може да се случат во секој миг од животот. Најчесто кога сме најнеподготвени. И ако е пресвртница, не секогаш значи дека мора да се сфати во позитивна конотација.
Не се менува животот само на подобро.

Кој би била главната причина поради која би ги чекале тие Златни 5 мин. ?
А зошто да ги чекам? Зошто да не делувам сега и веднаш?

Како ке се чуствувате ?
Како да „дошле моите 5 минути”?

Навистина ми е конфузна темава. Едно е 5 минути слава, друго е 5 минути од мојот живот.
bn.gif
 
ах... сега сфатив што значи како би ги искористиле вашите 5 минути...

па... јас во тоа што сакам целосно да се професионализирам и да успеам, т.е. да имам кариера не е баш како кај спортот или уметноста моментално го имаш утре го немаш... секој ден се повеке и повеке се учи а резултатот сакам да биде - да го заменам Дејан Каљевич. :toe:

п.с. Дејан Каљевич - единствена личност што ја има пробиена BB5 платформата на Нокиа, месечно заработува заедно со неговиот тим кој се состои од 30 члена околу 3-4000 евра минимум само од Македонија. а останатите 130/40 и кусур земји?
 
Више ги искористив..... и сеа ми е досадно.
 
Скулгрл напиша:
Моите 5 минути во мојот живот? Па сите минути во мојот живот се мои, таман работа да беа само 5.


А зошто да ги чекам? Зошто да не делувам сега и веднаш?

Како да „дошле моите 5 минути”?

Навистина ми е конфузна темава. Едно е 5 минути слава, друго е 5 минути од мојот живот.
bn.gif
1.Се мисли на вашите 5 минути како метафора.
2.Ти ако ги делуваш цело време значи тие не се твои пет минути туку се само твои минути
3.На петте минути се алудира на нешто како кулминација,најдоброто што ќе ви се случи во вашиот живот,односно она за што сте сонувале
Тие 5 мин може да траат и година,и десет,а може и да траат само ден или два
4.Не е ништо конфузно...превише си го гледала Драган Вучич и шоуто " Вашите пет минути" па сама мешаш слава со нив :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom