Еве и на
www.mmm.com.mk од промоцијата на спотот како прилог:
Во кино Фросина денес Miyatta го промовираше својот најнов спот, сработен за песната Постојам, која потсетува на страшниот егзодус на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.
Спотот за Постојам е веќе дел од нашата видео-галерија...
Со силна порака:
Простуваме, но не забораваме, бидејќи Постоиме!, Miyatta потенцира: Не можеш да им се лутиш на луѓе што не размислуваат длабоко, туку само скокаат како мали деца. На нив можеш само да им простуваш. Зошто не пораснат за да сватат дека сме неуништива нација?
Во спотот, во кој таа самата е дел од режисерскиот тим, Мијата е облечена како Македонија. Картата е рачно насликана од слкикарката Боркица Арсевска. Сликата ја надополнува традиционалниот накит, вреден над 1000 евра. Во спотот се користени материјали од документарецот Туглеш, за егоздусот на децата бегалци од Егејска Македонија во 1948 година, во режија на Коле Манев. Користени се и фотографии позајмени од друштвото на егејците Незаборав, како и материјали на Борис Дамовски од последните протести против промената на уставното име.
Мијата самата го напишала текстот за песната уште пред една година, силно инспирирана од музиката на младиот гостиварчанец Кузман Маркоски. Аранжманот е нејзин, а песната е снимана во студиото 57 на Едмонд Амзаи.
Жал ми е што од технички причини не успејав да го промовирам спотот додека траеше самитот, како потсетник да опстанеме во битката за идентитетот, вели Miyatta и додава дека песната ја напишала инспирирана од силна љубов.
Во идејата, режијата и монтажата и помагнаа Тања Рибарска и Бистра Кумбароска.