Конечно и ти да признаеш дека православните не постат како што постеле изворните христијани (Христос, апостолите, пророците итн) туку нивниот пост е новотарија од византискиот пост.
Не е во прашање никакво мое (не)признавање туку напишав каков е редот со постот во православната Црква. Неколку реченици и за тоа, за да не останам недоискажан.
Во раните векови од Црквата, постоеле само два пости: великденскиот и богородичниот, кои траеле не повеќе од 2 недели, пред соодветните празници, покрај редовните еднодневни пости ви среда и петок.
Создавањето на источното римско царство, со аминистартивен и духовен центар во Цариград (Константинопол) значи и создавње на општество со двојна власт: царска-световна власт и црковна-духовна власт, секоја со своите надлежност и области на делување. Источното римско царство, или Византија, се покажало како доста стабилно и добро уредено општество. Изобилувало со многу световни богатства, така да црковни извори велат дека во Византија, дури и златото веќе не претсавувало некаково богатсво. Во едно такво богато и стабилно општество, зачленувањето во Црквата на некој начин станало рутина, помодна активност, така да секој кој сакал, моел да биде член во Црквата. Таа лабавост во црковното живеење ја имаат забелеано тогашните црковни високодостојници, така да, за да не испадне дека членувањето во Црквата е само обичен комодитет и баналност, Црквата одредува построги начини и услови околу можноста да се биде христијанин. Вселенските собори донесуваат многу строги правила за начинот на живеето во Црквата а еден од тие услови е воведувањето на построги начини на постење. Од тоа време,ги наследуваме денешните пости: еднодневни и повеќедневни, какви што се: великденскиот, апостолскиот (петровденскиот), богородичниот и божикниот пост.
Под пост, не се подразбира само воздржување од храна од животинско потекло ниту се поставува дилемата дали треба или нетреба да се пости. Едноставно, постот е НАЧИН на живеење од православните верници.