ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.971
- Поени од реакции
- 57.779
- Возраст
- 34
Би ми претставувало огромно задоволство и чест да бидам бидам наградена на една таква престижна манифестација, манифестација на која единствено може да и` парира 12 Величествени на Антонио Димитриевски, така што во наредниов период ќе вложам начовечки напори да ја остварам замислата.
Еве, веќе ги гледам моите во публика, мене ми ја предаваат наградата, татко ми аплаудира, гордо исправен, со сјај во очите, мајка ми не може да ги задржи солзите радосници, брат ми е во славенички делириум, баба ми инстантно ми ги препишува најубавите јамболии, што ги фрла во очај моите братучеди.
Ја гледам насловната на Вест каде што комшиите откриваат пикантерии од мојот живот "Ексклузивно! Дознајте во кој маркет пазари Мачорка, какви влошки купува и дали се симнува пешки или со лифт", ги гледам написите во Фокус "Скандалозно! Мачорка во шесто одделение имала тројка на полугодие по ликовно! Дали е на повидок нова афера?", ги гледам писанијата на Зоран Буревесник "Мачорка, обична девојка од соседството, или рептил испратен од Ватикан?", ги гледам учителките од градинка како раскажуваат за Теа Модерна "Од мали нозе беше бунтовна и со немирен дух, не сакаше да спие после ручек", го гледам Драган Вучиќ како организира избор за Mачорка на годината (пандан на Хурем на годината) , ги гледам муслиманите од подфорум Религија како самоуверено тврдат дека сум преминала во ислам, ги гледам папараците како се пентарат по дрва да ме сликаат, ги гледам Зоран Крстевски и оној другион астролог што личи на Тодор Петров како ми ја толкуваат наталната карта "Меркур е во девица и во деветтата куќа исто како и Сонцето, а тоа е несомнено показател за успех"...и на крај гледам дека сум влегла во опасен еготрип.
Хахахахаха, стварно бе тој од Вест личи на Тодор Петров, ја се чудев на кого ми личи.
