Pinkie Pie
and Deedee
твое мислење претпоставувам е дека квантната механика сепак не е соодветна солуција за прашањето на „тешкиот проблем“ на свеста. Можам да насетам дека картезовиот дуализам го гледаш низ призмата на импликација на невронските активности во квалитет на субјективни доживувања или квалии, а не дека свеста е посебен колективен или индивидуален ентитет и дека по престанокот на невронските активности престанува и функционирањето на доживувањето на индивидиуата. Моделот на Хамероф и Пенроуз има монист-идеалистички пристап во кој вели онаа супстанца која го манифестира умот има малце поинаква природа од обичната материја и постои како квантна информација и после престанокот на другите животни активности кај човекот. Но добро, секој има право на свое мислење...