Последниот збор

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Дали секогаш го имате последниот збор во дискусии, муабет или слично?
Дали за секое лонче имате капаче или пак и да знаете нешто и да знаете одговор преќутувате?
 
Па вака коа ќе размислам...Скоро секогаш сакам да го имам последниот збор,не знам...Се фурам некад бааги! Е сеа некад преќутувам...ама поретко...:smir:
 
Кој сака нека го има последниот збор.....но јас сум тој што ќе ја стави точката:wink:
 
Па пред малку се карав и искрено изгледа јас го имам последноти збор што да правам таква сум ама зависи со кого се карам и за што се карам и дали сум у право или не. Ама обично јас:helou:
 
Леле а замисли да се караат двајца што секогаш го имаат последниот збор?? :pos:
 
Дали секогаш го имате последниот збор во дискусии,муабет или слично?
Дали за секое лонче имате капаче или пак и да знаете нешто и да знаете одговор преќутувате?
Не патам од комплекс да секогаш последниот збор биде мој,но кога се расправам за нешто и знам дека сум во право е тогаш терам до крај се додека не докажам
Да за секое лонче капаче,макар и не било тоа точен одговор,знам од сериозен муабет со тие капачиња сеир да направам...:kesa:
 
Па сакам да го имам последниот збор, али најчесто кога доаѓа до караница, кажувам се` што мислам и се што треба да се каже, и почнувам да правам со друг муабет или почнувам да си пеам и свиркам...
Али како што кажа Точкест, битно е кој ја става точката..:pipi:
 
Дали секогаш го имате последниот збор во дискусии,муабет или слично?

Обично кога се расправам, кога се карам и кога доаѓа крај на дискусијата, и да сум и да не сум во право, попуштам. Другиот сам ќе сфати отпосле дали бил или не бил во право.

Дали за секое лонче имате капаче или пак и да знаете нешто и да знаете одговор преќутувате?

Има има. Како нема :)
Зависи од ситауцијата. Некогаш клавам капаче, ама некогаш ќе се воздржам од коментар и ќе остам така како шо е, да не мислат дека се прам многу паметна.
 
Сакам да го имам пследниот збор, и најчесто го имам. Понекогаш си премолчувам и оставам сами да си сфатат кој греши а кој не. :)
 
ЛЕЛЕ...добра тема!!
Мразам што сум таква, ама посилно е од мене...кога ќе се запнам за нешто го бранам цврсто, па дури да ми се смени мислењето, се прешалтувам неосетно, без да ме примети ,,противникот,,
Ама сепак, најбитно е да се има аргументи за тоа што се брани, да не биде просто терање на инает...кој го бива за тоа, има и право да го има последниот збор:salut:
 
Кога сум сигурна во нешто дека е така, секогаш сум јас онаа која става капаче на се. Имало случаеви и кога не сум во право, али пуста тврдоглавост... :toe:
 
Ах, не се замарам да се расправам и да ставам точки... Речиси секогаш попуштам и стално испаѓам “поглупиот“ се додека не се свртат работите како што треба, па после се си доаѓа на место.
 
многу често кога се расправам кажувам се што мислам и сакам да го имам последниот збор,пуста тврдоглавост и инает,ама сепак се зависи од ситуацијата..некогаш и попуштам зашто едноставно нејќам повеќе да се расправам..ама по некое време се си доаѓа на свое место и нормално ја сум во право
 
не одам до последен збор најчесто си преќутувам затоа после извесно време ќе се види дека сум бил во право
 
,,,,,моите последни зборови ќе бидат непосредно пред да си умрам..(ааааа)...којзнае што глупост ќе треснам тогаш...може од погреб да се претвори во комична ситуација..хаха
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom