Нафтата под 90 долари за барел
Нафтата денеска се спушти под 90 долари за барел, откако вниманието на трговците се сврти кон претстојниот состанок на ОПЕК, од кој се очекува зголемување на производството.
Лесната американска нафта се спушти за 1,11 долари, на 89,90 долари за барел, што е најниска цена од крајот на октомври.
Во Лондон, северноморскиот Брент поевтини за 1,26 долари, и денеска чинеше 88,96 долари.
Нафтата од август годинава поскапе за повеќе од 40 проценти и се доближи до цената од 100 долари за барел, поттикнато од слабиот долар,зголемената побарувачка поради зимата и берзанското тргување.
Мислам дека сега ќе ви биде малку појасно зошто се поскапува.