Morphine, Portishead, што е следно? За Massive Attack има тема, така?
Portishead беше првиот трип-хоп бенд кој го слушнав и ме натера да навлезам во жанрот кој денес ми е меѓу омилените. Уште пред 6-7 години ми ги кажа еден другар од Србија, мислам дека ми ја прати Only You, се сеќавам дека ја преслушав, се почудив, и никогаш не ја пуштив пак. Се почувствував некако непријатно додека ја слушав, дури и по малку засрамено. Веројатно затоа што се` уште бев дете. По неколку години ги најдов повторно, не знам дали сама или некој ми ги кажа, но знам дека првата песна што ја слушнав тогаш беше секако Glory Box. Оттогаш ги немам напуштено.
Излишно е да зборувам колку пати го имам преслушано концертов, но се работи за троцифрена бројка. Не знам која песна да ја ставам следна, но било која од
Dummy или
Portishead е совршена.
Third не ми е толку по мерак, но тоа не го прави лош. Еве ќе ја ставам All Mine затоа што ми се допаѓа и спотот, кој перфектно ја доловува налудничавоста во гласот на Бет.