Portishead

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Случајно или не, масонски план или не, на нашиов форум немало тема за Portishead. Има ли некој што после слушање на барем една нивна трака не му се допаднале? Има? Е сега ќе нема.


Portishead се бенд создадени во Бристол, ЈуКеј, 1991та година добивајќи го името од мало градче во нивна близина. Едни од претставниците на трип-хопот, користејќи разни комбинации од џез, хип-хоп битови, електрични гитари и што уште не за да го произведат тој нивни магичен звук.

Членовите, Geoff Barrow како мулти-инстументалист во бендот, Adrian Utley и чоколадната Beth Gibbons. Barrow работел и со Tricky од Massive Attack за потоа да дојде и да го создаде овој бенд.

Почнуваат со работа, односно првиот официјален студиски настап "Dummy" во 1994 година. Интересно, гитаристот Adrian Utley станал нивни колега кратко после издавањето на овој албум во кој вмешал прсти во 9 траки. Овој албум им е можеби најдоброто нешто, прва и одскочна даска, милион позитивни критики со продадени над 150 000 копии и добиено многу награди. Овој албум содржи моќни песни како "Glory Box", "Numb", "Sour Times" дефинираќи го како еден од најдобрите трип-хоп албуми воопшто.

Успехот го продолжуваат со следниот албум, истоимен со бендот, "Portishead" во 97'. Најпознатата "All Mine" била како најава за овој албум. Следуваат и песни како "Over", "Only You" кои се искачуваат на листите во Британија. Исто така доста успешен и прифатен албум.

До 2005 година имаат разни проекти, настапи во живо, проекти на Bett Gibons со Rustin Man создавајќи го извонредниот албум "Out of Season" во 2002 година. Во 2005та година се појавуваат повторно сите заедно, како Portishead на Тsunami Benefit Concert во Bristol.

Се до 2008 имаат многу малку акција, за во таа година да излезе нивниот најнов, воедно трет албум. ”Third” излегува после многу чекање, кој како најава предходната година на All Tomorrow's Parties концертот во Англија ги добива "Silence", "Hunter", "The Rip", "We Carry On", и "Machine Gun".

Во 2011та Portishead ни беа најблизу и тоа на Exit во Србија, кој отиде, отиде. Кој не, не.

Нема да претерувам со видеа, освен ова пошо ден недела.

@Forrest Gump да си го постира видеото и да ни каже за нивните силни емоции прикажувајќи ги на сцена. Ајт.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Намештаљка!

Овој настап кој го нема видено, исто ко да не живеел!


Чера драг Ендреј на профил ти го пишав ова:

"Она ко на почетокот било ништо, ти текнува? Е тогаш, веројатно настапила малава и БААААМ! Настанало се. Сончев систем, Земја, љуѓе..."

И цврсто верувам дека е така.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Не ми се верува дека до сега немало тема за бендов o_O

Браво за темата (y).
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Види го бе, види го бе колку е најјак овој Andrew. Да беше женско, слика од тебе ќе ставев во дневна.:icon_mrgr:
Бендот е пекол.

Инаку Beth Gibbons ми е неостварена љубов. Сакам да ја слушам док седам на шанкче, пијам пиво и пушам цигара, а она вака да ми пее под светло.




Преслушајте и го нејзиниот соло албум Out of Season.
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710
Portishead се безвременски.
За мене се еден од ретките бендови кои звучат подобро во живо. Ако не сте ги слушнале не сте доживеале ни половина од она што може да се доживее. Бет на сцена изгледа прескромно ама каква емоција има во гласот тоа е чудо едно.
Магично, совршено, неповторливо.

Изгледа на повеќето тука Beth ни е неостварена љубов. Еве и ја се пријавувам. :pipi:

Да не можеш да се одлучиш која песна да ја постираш.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Преслушајте и го нејзиниот соло албум Out of Season.
Спомнав го и него погоре у темата. У комбинација со Rustin Man. Савршенство. :love:


И овај настап ако човек го нема гледано, нема живеено.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Маестрален бенд....нема што повеќе да се каже....trip hop at its best.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
Како бе немало тема за Portishead на форумов? Сигурно ова, Ендрју? Anyway, сега темата за Трип Хоп дури и уште посиромашна ќе биде. :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom