За мене, бившите се далечно минато. Оддамна сум ги архивирал некаде под спомени. Затоа и не сум пишал баш тука.
Обично, со бившите сме останале пријатели, со голем дел од нив. Ако ништо повеќе, барем едно „здраво“ си кажуваме.
Ќе раскажам една денешна случка:
Сретнав денес една моја бивша. Фина беше, и сеуште е, имавме врска некогаш, ама не успеа, не е ни битно, се разделивме како пријатели, без циркузи.
Знаев за неа дека е мажена во друг град, понекогаш се среќававме во Струмица, едно „здраво“ и толку...
Денес беше сама...
И пак, стандардно „здраво, како си?“ и застанавме на улицата... И, ми рече дека е разведена, дека се вратила дома со детето, демек работи нешто во Струмица за ептен мала плата, дека не бидело ништо од бракот, дека фрлила седум години од животот со погрешен човек... такви работи... Изгледаше огорчена и разочарана.
Едноставно, не заслужува животот да биде така суров кон неа...
Тоа ми даде повод да ги напишам овие редови во оваа тема:
На сите мои бивши им посакувам се најубаво во животот! Сите бевте прекрасни, имавме прекрасни заеднички моменти, имавме и кавги, понекогаш се радувавме, понекогаш тагувавме... Но, животот сакал да не бидеме повеќе заедно.
Знам дека некогаш мојот карактер ве нервирал, свесен сум дека сум тежок човек, некогаш премногу сум ги забележувал вашите недостатоци, а не сум ги сфаќал сопствените... Сте имале и вие некои буби во главата, па ми дошло преку глава...
Многу од вас, мои бивши, сте прекрасни личности!
Се на се, било што било, било убаво, поминало...
Имајте прекрасен живот!