Порака до бившите

  • Креатор на темата Креатор на темата Ganimed
  • Време на започнување Време на започнување
Не ме барај насекаде... Не сум таму...Не сум никаде... Не припаѓам на друг...
Не ме барај помеѓу пролазниците...Не сум помеѓу нив...Не ме барај ни таму...
Не ме барај по светот... За мене повеќе свет не постои...Не ме барај повеќе...
Побарај ме во ТЕБЕ...таму е моето срце...моите трагови...моето минато...
таму сум јас...и зар не е касно да ти кажам се уште ТЕ САКАМ...те сакам...
 
За мене, бившите се далечно минато. Оддамна сум ги архивирал некаде под спомени. Затоа и не сум пишал баш тука.
Обично, со бившите сме останале пријатели, со голем дел од нив. Ако ништо повеќе, барем едно „здраво“ си кажуваме.
Ќе раскажам една денешна случка:
Сретнав денес една моја бивша. Фина беше, и сеуште е, имавме врска некогаш, ама не успеа, не е ни битно, се разделивме како пријатели, без циркузи.
Знаев за неа дека е мажена во друг град, понекогаш се среќававме во Струмица, едно „здраво“ и толку...
Денес беше сама...
И пак, стандардно „здраво, како си?“ и застанавме на улицата... И, ми рече дека е разведена, дека се вратила дома со детето, демек работи нешто во Струмица за ептен мала плата, дека не бидело ништо од бракот, дека фрлила седум години од животот со погрешен човек... такви работи... Изгледаше огорчена и разочарана.
Едноставно, не заслужува животот да биде така суров кон неа...
Тоа ми даде повод да ги напишам овие редови во оваа тема:
На сите мои бивши им посакувам се најубаво во животот! Сите бевте прекрасни, имавме прекрасни заеднички моменти, имавме и кавги, понекогаш се радувавме, понекогаш тагувавме... Но, животот сакал да не бидеме повеќе заедно.
Знам дека некогаш мојот карактер ве нервирал, свесен сум дека сум тежок човек, некогаш премногу сум ги забележувал вашите недостатоци, а не сум ги сфаќал сопствените... Сте имале и вие некои буби во главата, па ми дошло преку глава...
Многу од вас, мои бивши, сте прекрасни личности!
Се на се, било што било, било убаво, поминало...
Имајте прекрасен живот!
 
Ме излажа... за се ме излажа :place:
арам да му е...
А солзи, солзи не сакаат да потечат, остануват во срцето да болат и да печат...
заборави,батали,почни од почеток,не биди сама,гледам сјај во очите твој и среќа...
имаш време за љубов
има време пред тебе
не е касно да почнеш
затоа излези сега
мечтаеш за нешто далечно
мислиш дека нема да дојде
а не знаеш дека е блиску
можеби покрај тебе тука
љубовта мора да се чека
кога ја бараш ја нема тука
мислиш дека немаш среќа
па ја викаш и бараш секаде
но некој ќе ти подаде рака
и некој друг живее за тој час
да те води и да те чува
како никој друг до сега
 
Не е лошо да си ми бивш хаха кога си сеуште во моја близина.Господ ке те благослови за твоето добро дело.:tapp:
Сега гледаш зашто бев со тебе цело време само коа е он тука.хахах барем кум ке ни бидеш ако прајме свадба :pos:.
 
Уште те сакам мамицата твоја... Знам дека не заслужуваш, знам дека сум идиот ама ете...
 
You know, the least you could do is kiss me first because I like to get kissed before I get fucked.
 
За мене, бившите се далечно минато. Оддамна сум ги архивирал некаде под спомени. Затоа и не сум пишал баш тука.
Обично, со бившите сме останале пријатели, со голем дел од нив. Ако ништо повеќе, барем едно „здраво“ си кажуваме.
Ќе раскажам една денешна случка:
Сретнав денес една моја бивша. Фина беше, и сеуште е, имавме врска некогаш, ама не успеа, не е ни битно, се разделивме како пријатели, без циркузи.
Знаев за неа дека е мажена во друг град, понекогаш се среќававме во Струмица, едно „здраво“ и толку...
Денес беше сама...
И пак, стандардно „здраво, како си?“ и застанавме на улицата... И, ми рече дека е разведена, дека се вратила дома со детето, демек работи нешто во Струмица за ептен мала плата, дека не бидело ништо од бракот, дека фрлила седум години од животот со погрешен човек... такви работи... Изгледаше огорчена и разочарана.
Едноставно, не заслужува животот да биде така суров кон неа...
Тоа ми даде повод да ги напишам овие редови во оваа тема:
На сите мои бивши им посакувам се најубаво во животот! Сите бевте прекрасни, имавме прекрасни заеднички моменти, имавме и кавги, понекогаш се радувавме, понекогаш тагувавме... Но, животот сакал да не бидеме повеќе заедно.
Знам дека некогаш мојот карактер ве нервирал, свесен сум дека сум тежок човек, некогаш премногу сум ги забележувал вашите недостатоци, а не сум ги сфаќал сопствените... Сте имале и вие некои буби во главата, па ми дошло преку глава...
Многу од вас, мои бивши, сте прекрасни личности!
Се на се, било што било, било убаво, поминало...
Имајте прекрасен живот!


баш би сакала и мојот бивши вака да размислува, а не толку време заедно и сега неќе очи да ми види :(
 
баш би сакала и мојот бивши вака да размислува, а не толку време заедно и сега неќе очи да ми види :(
Јас тргнувам од две работи:
Прво, си бил со некого, значи постоело нешто.
Второ, тоа нешто поминало, како што е се минливо во животот, па станало тоа што станало.
Оттука, нема зошто да се лутиме. Дел сум од нејзиниот живот, макар како спомен, исто и таа во мојот.
 
Драг мој бивши..

Ти го пишам ова зошто не знам на кој друг начин да ти докажам дека си глуп :unsure:
Не знам зошто не сфаќаш дека не сум љубоморна на никоја од твоите фуфици, уствари зошто би била кога ни една од нив не ми е ни до колена.
Наредниот пат кога ќе се присетиш на мене и ќе почнам да ти недостигам тогаш знај тоа е знак дека конечно почнала да ти стига крвта до мозокот, но нажалост премногу касно.. затоа што веќе не ми е гајле и не ме интересираш. Ти имаше многу шанси и прилики кај мене, и сите ги пропушти. За мене повеќе не постоиш.. А сега биди таму каде што ти е местото.
На дното - со курвите.

Поздрав! ;)
 
Не е лошо да си ми бивш хаха кога си сеуште во моја близина.Господ ке те благослови за твоето добро дело.:tapp:
Сега гледаш зашто бев со тебе цело време само коа е он тука.хахах барем кум ке ни бидеш ако прајме свадба :pos:.

Покварена,се надевам дека ќе страдаш многу во животот. Ова е најрасипаното нешто што може да го направи некоја на некој,или обратно...


Он.

Иначе внуката од сестра ти се вика ко моево куче,знаев дека цел живот ќе ме памтиш барем по нешто,во случајов со кутрето...овај внучето.
 
Знаеш ли дека се запознавме пред три години? Вака и не звучат толку долго, но ми се чини како да те знам цела вечност. Не го паметам точниот датум, мислам дека беше 15. март. Нејсе.

За нешто повеќе од година заборавив како мирисаш, зборуваш, веќе подзаборавам и како изгледаш. И ти добро се држиш. Имаш сериозна и веќе прилично долга врска, девојка ти изгледа симпатично и заљубено во тебе. Го немам кажано ова досега, но мило ми е за вас. Мило ми е што продолжи понатаму и што ја побара среќата во друга. Се надевам ја најде.

Не ти бев прва ниту последна. Не ти бев најдобра ниту најлоша. Не ти дадов се`, но ти дадов нешто. Нешто што можев да ти го прочитам во очите. И ти ми даде убави моменти кои нема да ги заборавам. Мило ми е што поделив парче од мојот живот со тебе.

И покрај се`, оставив неколку капки од твојот мој омилен парфем. Никогаш не се знае, зарем не? Чисто пријателски :)


И споменувај ме понекогаш...
 
Случајности, случајности... Кога беше последен пат? пред скоро година дена? кога со очи те пцуев?
Така некако... А сега татко ми случајно ме насамари да дојдам во работилницата од твојот татко... каде често висеше.
И: Еј... and i'm like oh shit...

ајде кафе да пиеме, нека си завршат тие работа... и седнавме, тераса, цигара, кафето ти е уште добро како некогаш и уште обожаваш да ме гребаш. И рандом муабет, како факс како ова како она, ама зошто ме прашуваш? Мислам стварно, кога требаше некогаш да ти биде гајле, отиде со друг, со кој си и ден денес и покрај целиот муабет се каеш за истото.
Па нормално дека ќе се каеш, а дури и ти било криво за „пропуштена прилика“ ... Која пропуштена? Па ти ништо не пропушти, само испушти за да продолжи да е некаква прилика.

Абе смешно ми беше, најсериозно. Тоа кога рече дека сум се сменил, дап се сменив, се сменив за тие што заслужија, а и ти спаѓаш во тие. Ама гледам и ти си се сменила, те корне емпатија на сите страни, зелениот ирис изгледа често гледа во некого насолзен...
Епа не се плеткај со сељаци, немам што да ти кажам...

Ќе се видиме, рече, хм, се надевам нема... Нема поента да се видиме, беше одамна, 3 години?

Не знам што да ти кажам, не можам (читај не сакам) да ти помогнам... Тогаш сама кажа дека ти било убаво, па колку работи можат да се сменат за 3 години? Ужасно многу ама убаво ти е, заглави со таков од тие што ги мразеше... Ипак извини, не можам да ти помагам, имам некој за кој ми е гајле и не можам да си дозволам да трошам време на некој кој упорно толку време ми остави рани...

Ти простив, но не заборавив... со среќа, иако може во некое време ќе седнеме пак на муабет и кафе и нешто слично, барем имам срце до толку... А сега, сега немам потреба, а очигледно не паѓам по трет пат на таа твоја финта (и не само твоја) : немам никој, немам другарки, немам другари... едноставно изгубив желба да изигравам дежурен другар на некој/а ... нема поента.

Така да, со среќа во животот, ако некогаш ти згусне секако ќе ти подадам рака, ама само моментално, една ситна секвенца... и ништо повеќе..
 
како ѕидот на плачот е темава
инаку за бившите исто како и за умрените , се најдобро :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom