Порака до бившите

  • Креатор на темата Креатор на темата Ganimed
  • Време на започнување Време на започнување
Возовите заминуваат и се враќаат. Секогаш било така. Тогаш, на небото, пак ќе има бели лесни облачиња кои ќе си играат со есенското сонце, додека страотната бучна локомотива наближува кон станицата, уморно влечејќи ги вагоните со патници.

И јас пак ќе те чекам таму кај што те допратив. Со истите бистри и искрени очи. Со истото срце кое секогаш бие за тебе. Со истиот копнеж да те гушнам, со истата врелина на усните, кои треперат за да те бакнат...

А вечерва те мислам и само твојот лик ми дава сила да дотрајам до тој ден. Лека ноќ, најмило мое. Утре нашето Сонце ќе грее посилно. А ноќва, ѕвездите нека ти сплетат венче од слатки сништа... Спиј, најмило мое...

P.S. Да, навистина возовите заминуваат... И се враќаат.
Само патниците се други...:cry:

И чувај се, најмило, оти лош е векот.
Во срцето чувај само вистинска, искрена љубов. Се друго е минливо... запамети -СЕ’. И верувај во љубовта, цени ја, почитувај ја, биди искрен со неа. Чувај ја како капка вода на дланка во пустина, како најсвето нешто. Оти, материјалното е минливо, денес го имаш, утре не. Ама чистата и искрена љубов засекогаш ќе го грее твоето срце.

И прости што не можевме да најдеме заеднички јазик, што различно гледавме на светот и неговите вредности. Неискреноста ја уништи нашата света љубов. И љубомората и зависта на луѓето со кои ТИ ме запозна.

Ама и без нив, знаевме дека само ќе патиме еден крај друг.

Нека те чува бог и неговите ангели.
Ангелу мој.
 
Срцка може уште една слика од матура од тебе, ја загубив другата... имам глувци во подрумот.
 
нека си го живеј животот срејќно ...али подалеку од мене....:pipi:
 
Не ми е криво што ме лажеше него ЖАЛ МИ Е ШТО МИСЛЕШЕ ДЕКА ТИ ВЕРУВАМ !!!!!
А Како ми правеше сеа така ти се враќа И ЕПТЕН МИ Е ЌЕЈФ!!!!
 
Ni prva ni posledna, i zasho pa mislish deka sum jas podobar od prethodnite.:pos2:
 
Злато...тркалото на среката се врти,затоа пази се...ке дојде време ти да трчаш по некоја а за возврат таа ке бега од тебе(дај боже тркалото да се сврти со мене па да видеш како е):pipi:
 
Оваа у наредните денови шо ќе ми стане девојка...е поубава од тебе, има поубави очи од тебе и има поголеми цицки од твоите...ФАК ОФ! :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom