Поради грипот на распуст од декември

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Од една страна добро е, а од друга има и негативни работи.

Добро е што ќе одмориме повеќе, мала шала.:pipi: Инаку добро е, нема да бидеме изложени толку со други кои на пример се заболени, во школо еден - двајца да се разболат и по една недела, 10 - 15 души отсутни. Сепак не е и школото само место каде што може да се заразиме, тука се и кафичите, дискотеки, ова - она, така да ако се затворат школите треба се да затвори, а ако се затворат кафичите, каде ќе се оди за нова година ? И то е.

Инаку лоша страна е тоа што ако се рече дека на пример од 20 или кога било почнува распустот, сега секој ден ќе правиме тестови, и нема да стигниме ни да поправиме ни ништо. Инаку да се учи во јуни потоа нема шанси, можно е некоја сабота да се учи. Ние лани 2 - 3 недели штрајкувавме и на крај ни се закануваа дека ќе ни продолжат, но ништо од тоа.

Искрено јас мислам дека подобро ќе биди, распустот да си почне на 1-ви јануари, и после 20 да ни продолжат, зошто мислам дека тогаш ќе има повеќе заболени од грипот. Инаку и сега има многу отсутни по училиштата, речиси по 10 души од секој клас.
 
Нека си остане како што си е. И така неможат да го спречат ширењето на вирусот за време на Новогодишните празници бидејќи луѓето пак ке слават во големи групи.
 
И шо решија некој да не знае нешо од кога ке се распуштаме??
 
Засега нема ништо. Се останува по старо. Ќе учите (нажалост) до Нова Година.
 
Засега нема ништо. Се останува по старо. Ќе учите (нажалост) до Нова Година.

Подобро така, таман до тогаш да ни стават оценки да поправиме што ќе треба и после зимскиот распуст може да дадат, како што кажа барем на телевизија ќе гледале да може да се избегне прекинување на наставата до зимскиот распуст потоа можел да се продолжи.
 
Сеедно и предвреме да завршиме 90% сигурно нема да седат дома.
И глупо е шо ак завршиме така цел материјал за учење ќе ни го напикаат во една недела,ко минатиот пат шо ни ги поместија советите за една недела и после тепај се кој да стани побрзо да одговара.
 
Нема да има предвремен распуст!!!!:tapp::tapp:
 
Се повеќе и повеќе отсутни, денеска од 32 ученици 21-22 бевме на школо.
И јас планирам до Вторник да одам ќе одморам една недела повеќе:)
 
sabajle na radio slusnav deka raspustot e od denes pa do 8 mi januari, ima i nekoj drug vakvo nesto slusnato? kaj da prasame da proverime dali e tocno?
 
Абе каков грип какви бакрачи , ке кажеа соопштение или слично а денес тестови се праат така да .. нема распуст ... можда и школото само да го продолжат :D

Ќе се чека дур некој не погине на клупа млад и невин па после распуст ...:vozbud:
 
ustvari ne e radi gripov ova tuku radi ladnovo
 
Ќе се чека дур некој не погине на клупа млад и невин па после распуст ...:vozbud:

Хахахах... А, бе вака звучи смешно, ама секогаш испаѓа така, не само за болести, чекаат до последен момент (кога ќе биде касно) и тогаш интервенираат... :/
 
Абе каков грип какви бакрачи , ке кажеа соопштение или слично а денес тестови се праат така да .. нема распуст ... можда и школото само да го продолжат :D

Ќе се чека дур некој не погине на клупа млад и невин па после распуст ...:vozbud:
Убаво кажа дечкото, во гимназијата во Струмица има во некои училници има и по 20 отсутни и пак ништо, додека не погине некој млад и невин на клупа нема распуст :pos2:
 
Другарка вика дека во 4 на вестите на сител кажале дека уше утре се иде, па после основните и средните училишта одат на распуст ради свинскиот грип...
Ги глеал некој вестиве?
 
Другарка вика дека во 4 на вестите на сител кажале дека уше утре се иде, па после основните и средните училишта одат на распуст ради свинскиот грип...
Ги глеал некој вестиве?

И јас случајно го видов ова, рекоа од 21 Декември на распуст, е сеа дали ќе учиме утре тоа не знам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom