Поради грипот на распуст од декември

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Па не ни мислев дека е потребен распуст, можеби требаше на почетокот на октомври ама сега веќе не е важно. Штом вирусот се пренесува од човек на човек секаде може да се заразиш. А и ако свинскиов грип ќе ни биде реалност секоја есен.. јеби га...:toe:
 
И сега демек од 20ти ни е Распустот или ?
 
Па колку што сватив, тоа комисијата ќе чекала до 20- 25 најверојатно да види како се развива...:/
Во меѓувреме ние, учиме.
 
Во право е Бат-Елохим. Џабе е сега распустот. И онака е веќе касно за распуштање. Требаше порано да им текне ако веќе планираа заштита на населението.
Во темата за Јосип Брзо си кажав, ама ајде и тука.
Многу повеќе ми одговара да останам во школо уште 20 дена, отколку да треба да тргнам после на 10 јануари.
Плус, ако би не распуштиле на 20 (што фала богу нема да се случи), тоа автоматски значи од утре, па се до 20ти декември во школо наместо пополека да се припремаме за матура, кај нас би фрчеле тестови, испрашувања, затоа што сите сакаат да имаат оцени. Епа не може тоа така.
Нема распуштање на две недели до крај на полугодие. Едноставно, апсурдно е!

И сега демек од 20ти ни е Распустот или ?
Не е од 20ти. Од први јануари ќе си биде:)

Па колку што сватив, тоа комисијата ќе чекала до 20- 25 најверојатно да види како се развива...:/
Во меѓувреме ние, учиме.
Ако чека комисијата до 25, ќе почека после уште 5 дена. Уште поглупо е па 5 дена да се скратат.
 
Како прво државава не е асолна ни спретна место да интервенираат порано две недели
кога починаа првите жртви од грипов тие сега им текнало да зезаат. Ама и сега не е лошо да се интервенира зошто за оваа недела според предвидувањата бројот на заболени ќе се дуплира не дај боже само тоа да се случи и со бројот на жртвите зошто тогаш ќе биде офф и леле како прво немаме толку добри кадри за да се справат со заболените ниту пак капацитети кај да се сместат... Така да треба подобро да дејствуваат:toe:
 
@гладиус
Ова конечно е или ти претпоставка направи?
Вчера по вестиве кажаа дека нема да има предвремен распуст, т.е. распустот ќе си започне од 1 јануари. Па сега дали ова е конечна одлука или не врска немам:smir:
 
Кај и да е ќе излезат и ќе кажат дека ќе има распуст и голем број на установи ќе се затворат заради големиот пораст на заболени од грипов.
 
@гладиус
Ова конечно е или ти претпоставка направи?
Колку што ме служи слухот (а се надевам добро ме служи:)), конечна е.
Вчера баш слушав на вести дека комисијата сметала дека и ПОКРАЈ илјада и нешто заболени немало причина за прогласување на епидемија и предвремено затворање на училштата.
 
Штета =\
 
Паметна одлука. Што ќе се распуштаме кога и така самите си знаеме дека нема дома да седиме.
 
Напротив, многу поубаво е што ќе си завршиме на време. Грипов нема да стивне набрзо. Ако отидеме сега на распуст, ќе почнеме порано, а до 10-15 јануари сигурно нема да исчезне туку така. Тебе и да ти речат да не одиш на школо ќе излезеш во кафич/дискотека/клуб или што знам каде, и пак си во гужва.
На крај, твоите одат на работа. И тие можат да ти го донесат грипот дома. Секако дека ризикот се намалува со самото тоа што не одиш на школо (една средина помалку во која има масовност на присутни луѓе), ама освен проблеми во школо со тестови и испрашувања, друго ништо нема да се добие.
Знаеме како е густо пред тромесечие/полугодие/крај на година кога сите сакаат да си завршат во исто време со ставањето оцени. Епа таа гужва и тој напор, ако завршиме порано ова полугодие, дупло ќе се зголемат.
 
Ја се Ве сваќам. Али.. едноставно, не ми е ич доено до грипов, а најмалку до школото, па затоа едноставно ми се раѓа желбата, да не идеме воопшто, без разлика на последиците. Едноставно, доста ми е за оваа година.

:tv:
 
И јас сакам многу работи да ги избегнам во животов, ама нема.
 
Ја се Ве сваќам. Али.. едноставно, не ми е ич доено до грипов, а најмалку до школото, па затоа едноставно ми се раѓа желбата, да не идеме воопшто, без разлика на последиците. Едноставно, доста ми е за оваа година.

:tv:
Прочитај ја Џену над мене и ќе ме сватиш зошто ти го зборам ова:)

Не можам јас да не правам ништо ако знам дека последиците од тоа можат да бидат негативни:) Сепак, си зборам лично за мене, што не значи дека треба сите да го прифатат или дека е точно.

На крај пак, ако ти е доста за оваа година, не иди во школо:) Оправдај се со грипов. И онака доволно е само да го спомнеш, и во школо сите маки ти се завршени:) Бар кај мене во школо е така:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom