Види, ако сакаш квалитетна дискусија мораш да ги дефинираш своите ставови. Ова е подфорум за религија, повели дефинирај, веруваш или не веруваш, и во што веруваш...
Јас од тебе неколку пати имам слушнато само прилично магловити ставови во врска со религијата.
Нема врска, нема тука квалитетна дискусија. Мислам дека и си кажав во разговор со Дибек дека нема да се трудам околу сериозни дискусии на тема религија, оти тоа било да се покаже дали христијанскиот бог е антропоморфен или не. Нешто во тој стил би требало да одат дискусиите или си за едно или си за друго.(Ако грешам околу заклучоков кој Дибек го даде, поправете ме).
Така да КВАЛИТЕТНА ДИСКУСИЈА не може да постои. Што е битен мојот став во однос на религијата за една квалитетна дискусија?
Мислев дека на форумот за религија треба да се урнат некои табуа и да видиме што македонскиот интелектуалец (повеќето на форумов се такви нели) размислува по тоа прашање, а не само категорично читање и демантирање на одредени цитати од библијата, вадење зборови од контекст и слично.
Јас убаво си го кажав мојот став за религијата, воопшто не ми смета истата ниту луѓето кои се религиознио-напротив,
не верувам во антропоморфен бог, но верувам дека Исус воскреснал, верувам дека направил дел од чудата запичани,
не верувам дека шетале мртовци низ Ерусалим,
не верувам дека поповите се продолжена рака на Исус,
не верувам во Теоријата за еволуција на видовите од Дарвин, повеќе држи вода дека сме луѓе од епрувета,
не верувам дека сите празници се правилно испочитувани,
не верувам дека мајка Тереза треба да биде светица,
верувам дека исламот е најлошата религија,
верувам во љубовта,
верувам во причинско-последичните односи итн..
Меѓутоа сето ова не ме прави Атеист, ниту Верник. Мое мислење беше дека форумов треба да понуди различни гледишта на иста работа за да човек осознае и другата страна (или страни) што мисли. Ама сум згрешил требало да одбереш страна и валда да докажуваш кој е у право.
п.с Ете гледаш и самиот си вртиш на заебанција се што ќе можеш да извадиш од контекст. Затоа ќе си тераме на заебанција тука и ќе вадиме нон стоп од контекст зборови и ќе тераме сеир.
--- надополнето ---
Е така де. Навивање за твојот клуб без да веруваш во него е празно и безпредметно. Навиваш оти ти е полесно да се приклучиш, по принципот „ако не можеш да ги победиш, приклучи им се“.
Ајде така нека биде како што велиш ти. Зарем би требало да не навиваш за никого ако знаеш дека за другите клубови е уште побеспредметно и попразно да навиваш. А доколку немаш клуб за кој навиваш ништо повеќе не добиваш?