Има 2.4 милиони државјанства, од таму и доаѓаат тие 1.8 милиони во избирачкиот список.

Според пописов 1 800 000 луѓе се попишани на терен (значи имаат постојано живеалиште во Македонија) од кои 400 000 се малолетници и немаат право на глас. На минатите локални избори 1 800 000 имаа право на глас во Македонија според избирачкиот список, тоа значи дека имало екстра 400 000 гласачи на избирачкиот список зошто тие лица не живеат во Македонија.
Тие вкупно 1 800 000 гласачи кои имаат право врз основа на државјанство а не се со постојано живеалиште во Македонија имаат право да гласаат само за претседател, референдуми и за тие тројцата пратеници доделени за дијаспората. За локални избори и во шесте изборни парламентарни единици во Македонија немаат право на глас ако немаат постојано живеалиште во Македонија.
Според "пописов" во Македонија има 1 400 000 луѓе со право на глас кои се постојани жители на Македонија, според тоа 400 000 лица треба да бидат заведени во избирачкиот список дека немаат право да гласаат повеќе на територијата на Република Македонија и правото на гласање за соодветните избори да смеат само да го исполнат во локалните амбaсади.
На кратко оваа разлика од 400 000 ако според МВР и другите институции се воделе како постојани жители на Македонија тогаш ќе беа вклучени заедно со тие 130 000 ( 530 000) на луѓе кои се евидентирани дека имаат постојано живеалиште тука али ете поради некоја причина не биле попишани. Во спротивно изборна комисија при последното прочистување на изборниот список за локалните избори направила кривично дело зошто дозволила 400 000 луѓе кои според МВР не се постојани жители на Македонија да имаат право на глас.
Павле од Австралија не смее според закон да гласа на локални и парламентарни избори во Прилеп, исто како што не смее Хасани од Швајцарија да гласа во Тетово.
Последно уредено: