Попис 2021

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
https://maktel.mk/makedonija/reakczija-na-avaja-romite-ne-gi-priznavaat-rezultatite-od-popisot/
Еве за ова говорев претходно, да ги тргнеме најголемите два етникуми во државава, зошто е волку мал процентот на останатите етникуми кои се сведени на статистичка грешка, Турци 3 посто, Роми 2 посто, Срби 1 посто, Власи и Бошњаци по 0.5 посто, ова е смешно и нереално !
Роми гарант се барем дупло повеќе///
 
Не за џабе битката претходната деценија е префрлена за одредени стратешки места, а не за цела држава.

Југозападниот и североисточниот дел се клучни. Струга и Кичево најмногу.



Интересно, дури и од ваков попис.


Мајчин јазик

Кичево

Македонски 18 520

Албански 16 351

Непопишани/бојкотирале 2 405


Струга

Македонски 22 090

Албански 23 898

Непопишани/бојкотирале 3 530
 
Битно е што за следните фази во растурањето на државата за комуњарите ќе бидат криви тие што не се попишале. Тоа е барем добро, може да здивнат.
Сега дури и патриоти станаа, одеднаш некој друг ја продал државата.
Подржувачите на "пописот" имаат погрешни наративи кои ги верглаат од шупље у празно. Зборам за нивните ставови по социјалните мрежи.
Но, има неколку од тие наративи кои се меѓусебно контрадикторни, што секако сиротиве не ги спречува да ги тераат од еден у друг пост.

- Криви сте вие кои не се попишавте, затоа ќе бидеме малку.

сепак, истовремено го фураат ова:

- Сите ги знаеме, бесполезен ви е бојкотот, има други бази од кај што ќе видиме.


Тоа се меѓусебно контрадикторни наративи кои можете да ги прочитате од неколку членови на форумов, што заговараа етнички инжињеринг или како они што го викаат - "попис".
 
Последно уредено:
Во Македонија повеќе не постои ниту една доминантна религија која изнесува над 50%
https://maktel.mk/makedonija/4614-s...ova-se-podatoczite-za-religiskata-pripadnost/
А зошто ги делат православни и христијани?
Католиците и протестантите се веќе во друга група, не ја гледам поентата да се делата првиве.
 
А зошто ги делат православни и христијани?
Католиците и протестантите се веќе во друга група, не ја гледам поентата да се делата првиве.
Еве:
Мое мислење е дека ова не е заради попишувачите или заради тоа какви графи имало (немаше графи кај нас, можеш да кажеш и дека си пастафаријанец и како таков ќе те внесат), туку до неукоста на самиот народ. Еве ти прост пример: имав двајца колеги на работа, ниско-интелигентни, едниот Јеховин сведок, другата Евангелист. Нормално, јас Православен. Четврта колешка, Муслиманка, не прашуваше како нашите религии биле различни, кога сите сме верувале во истиот Бог и сме ја користеле Библијата како света книга. Одговорот на (нискоинтелигентниот) колега беше: „па да, исто е, само што колешкава е Евангелист, колегава Православен, а јас сум Христијанин“ (а тоа е баш тој кој е Јеховин сведок). Муабетот ми е дека во државава постои народ кој не знае да се изрази добро, тие сметаат дека се Христијани, ама да ги прашаш какви Христијани се, не знаат да ти кажат, зашто се неуки. Затоа има такви чудни „графи“.

Од секогаш имало такви нешта, btw. Не е ова ексклузивитет само на овој попис. Ете, види друго што е чудно, кај етничка припадност - има едни кои се декларирале Торбеши, други Македонци-Муслимани. Тоа е од неукост, не се криви попишувачите за тоа.

Еве ти и податоци за религиска припадност од пописот во 2002, и таму го има истото:
Прегледај го приврзокот 327056
Автоматски споено мислење:


Не те сфатив баш тука, ама Евангелисти и Евенгалести-Методисти се различни религии и припадници на различни цркви. Има и Евангелисти-Конгрешанци, плус.
 
Ај намали малку дрскост и читај внимателно што сум напишал.
Не можам дрскост да намалам.
Прочитав уште еднаш. Истите глупости како и прееска коа прочитав, ништо не е сменето: Албанците биле незадоволни оти не успеале да ги симнат Македонците под 50%.
Глупост која нема никаква основа во реалноста.
Да, сега назад парите од СДСМ и ВМРО ќе ги бараат.
 
Подржувачите на "пописот" имаат неколку погрешни наративи кои верглаат од шупље у празно. Зборам за нивните ставови по социјалните мрежи.
Но, има неколку од тие наративи кои се меѓусебно контрадикторни, што секако сиротиве не ги спречува да ги тераат од еден у друг пост.

- Криви сте вие кои не се попишавте, затоа ќе бидеме малку.

сепак, истовремено го фураат ова:

- Сите ги знаеме, бесполезен ви е бојкотот, има други бази од кај што ќе видиме.


Тоа се меѓусебно контрадикторни наративи кои можете да ги прочитате од неколку членови на форумов, што заговараа етнички инжињеринг или како они што го викаат - "попис".

Паричните казни ги чекам , извини малце :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom