Пијам росвера таблети, дали да ги прекинам додека пијам ова другово?
Да!
„Росфера“ (rosuvastatinum) треба да ја прекинеш или најмалку што можеш да сториш е да се намали на најниска почетна дневна доза на статинот од 5 мг и тоа со пауза секој трет ден!
„Сумамед“ (azithromycin) е антибиотик од групата азалиди, подгрупа на макролидите даден ти е како терапија на бактериска инфекција на горните и долни респираторни патишта,
...истовремена примена на azithromycin и групата на лекови „статини“ настанува интеракција што доведува до миопатија и рабдомиолиза, што е причина во моментот на твоите силни мускулни болки по телото, доведува до хепатална инсуфициенција што можеби е причина на твојата болка на десна страна под градата, како и појава на акутна бубрежна инсуфициенција како резултат на појавената рабдомиолиза,
...и кога ќе додадеме дека ти ја имаат дуплирано терпијата со azithromycin (сумамед) со статинот rosuvastatinum (Roswera) воопшто не изненадува ситуацијата во која се наоѓаш и затоа кога ќе го прекинеш статинот ќе прекине и самата интеракција и несаканите ефекти или пак да ја намалиш целосно дозата на 5 мг од статинот со пауза на секој трет ден да се напиеш,
... ах да, заборавив, ако на сето тоа ја додадам остеопорозата што ја имаш, шилците на кичма, симптомите од инфекција со коронавирус навистина си издржлива особа, но пола од овие маки што ги имаш се од невнимание на секундарните работи како интеракцијата на терпијата што може да направи повеќе штета од самата болест за што се пијат тие лекови.
... мој совет да пиеш Есенцијале Форте (како фосфолипиди не мора да биде по препорака на лекар) за јетрена оптовареност во овие моменти, пробиотик (Линекс) добро што пиеш,