Поп музика

  • Креатор на темата Креатор на темата theTinule
  • Време на започнување Време на започнување
Многу ми е интересен поимов се продале. Конкретно кога се работи за КОЛ пошто нив интензивно ги слушам и им ги имам преслушано сите албуми досега, можам комотно да кажам дека не се продале, просто и едноставно зашто звукот не им се сменил. Тие не свират алтернативен рок кој постепено преминал во комерцијален. Отсекогаш им бил истиот звук. Е сега тоа што Sex on Fire и Use somebody се широкоприфатени тоа не ги прави продадени души. Тоа може да го рече само човек кој не ги преслушал целосно (без навреда..:)). Поентава ми е штом од создавање до денес не смениле ритам ондак не се продадени. А дека имаат комерцијални песни имаат. Само што тие не се најдоброто од нив.

Ми текнува на еден пример. Колку души може да бидат 100% сигурни дека U2 создаваат рок музика? Јас никогаш не сум ги перцепирала како рок бенд. Кога слушам рок музика создадена во 70 тите и 80-тите таа жанровски многу јасно се разликува од комерцијалниот звук. Ама денес некако (после појавата на МТВ), звукот е изјаловен и не можам да сум сигурна дека некој бенд свири строго рок кога во обиодт за кокетирање со маса звукот се смени. Единствено сум сигурна дека свират рок алтернативците. Они не можат да кокетираат со попот. Не се ни обидуваат додуша. Што е добро (пример Muse).
Колку шо сфатив, сакаш да кажеш дека бенд кој не менува стил е добар? Немој!
Металика, Пинк Флојд, Линкин Парк, Масив Атак, Ејр, Мјуз, Продиџи, СОАД, РАТМ - пример за бендови кои промениле звук.

Они се криви шо луѓето корнат коси на нивните песни, и албумите ги купуваат ко луди?
Зар и Мона Лиза е виновна шо секојдневно ја посетуваат милиони луѓе во Лувр? Немој, молим те.

КОЛ станаа познати поради неколкуте успешно промовирани синглови. Верувам дека 90% од тие шо денес ги слушаат немаа слушнато за нив пред да се појави на Ем Ти Ви фамозната Јуз самбади.
 
1. Не не сакав тоа да кажам. Многу добро ти образложив дека тоа се однесува на КОЛ, тој пример го посочив зад тоа стојам. КОЛ не сменија звук т.е со твој речник не се продадоа.
2. А другиве бендови како станале познати? Постои друг начин? Пак со твој речник, немој молим те.
 
Искрено не гледам никаква разлика помеѓу оваа песна и остатокот од мејнстрим поп сцената, и би сакал да добијам мало разјаснување од поупатените во поп музиката.
 
Слушам она што сакам да го слушам, во зависност и од моментот и од расположението и има преубави поп песни кои секогаш и во секое време ги слушам и ќе ги слушам. Никогаш не сум се ограничувала на жанр и секогаш во секој жанр наоѓам нешто вредно и убаво.
 
Темава е многу дискутабилна. Значи, моето гледиште е дека ПОП, не е стил на музика, туку тоа му доаѓа од зборот POPULAR. И затоа не можиме да генерализираме дали оваа музика е добра или лоша. Не можиме оти едноставно не е СТИЛ.
Пример, Lady Gaga - Alejandro ми влегува во топ 3 најгрди песни на сите времина. Од друга страна Justin - What goes around comes around можам да речам дека ми е во топ 10. И можам да направам листа од топ 10 најомилени песни, во кои сигурно барем 50% ќе бидат ПОП, но од друга страна можам да направам исто топ 10 најомразени песни, во кои исто така барем 50% ќе бидат ПОП.
Е сега, не велам не, има песни што се правени и однапред планирани за широката маса. Меѓутоа, тука јас не гледам ништо спорно. Значи, секој има различно развиен слух. Ај ако не сите да слушаме класика. Не можи секој да слуша Бетовен, едноставно нема слух за него, но не треба поради тоа да го осудуваме, или да го омаловажуваме. Едноставно тој е капацитетот.
Исто ко мене да ме прашаш, кој црта подобро Пикасо или некој рандом уметник што нацртал пејсаж. Нормално ќе речам дека поубава ми е сликата со пејсажот, бидејќи мене за ликовна уметност не ми делиле, и се што гледам во сликите од Пикасо се некој фигури што личат како да ги цртало некое дете од предшколска возраст.
После тоа доаѓа вкусот. А златно правило е дека ЗА ВКУС НЕ СЕ ДИСКУТИРА.
П.С Овде барајте ја вината :)
 
Коментарот на Srcee го избришав. Srcee нема љутиш :)
Значи, ќе ве молам темава да биди за дискусија, а не секој што ќе влези да стави рандом видео од некоја песна и да си замини. Мислам, не гледам никаков придонес кон темава ако ставите само песна и толку.
Не велам дека е забрането да се ставаат песни, само нека биди пропратено со коментар и дискусија.
Sincerely yours,
Dee_jay :)
 
Искрено не гледам никаква разлика помеѓу оваа песна и остатокот од мејнстрим поп сцената, и би сакал да добијам мало разјаснување од поупатените во поп музиката.

Има разлика, како нема. Еве една добра песна која излезе во последниве неколку години токму од поп жанрот. Квалитетот на песнава од Роби не може да се спореди со она што го произведуваат инстант ѕвездите.

Коментарот на Srcee го избришав. Srcee нема љутиш :)
Значи, ќе ве молам темава да биди за дискусија, а не секој што ќе влези да стави рандом видео од некоја песна и да си замини. Мислам, не гледам никаков придонес кон темава ако ставите само песна и толку.
Не велам дека е забрането да се ставаат песни, само нека биди пропратено со коментар и дискусија.
Sincerely yours,
Dee_jay :)

:(
Нема везе :)

Значи, Mаroon 5 ми се едни од омилени артисти воопшто, а поп музика прават. Исто така ги сакам и Adele, Alicia Keys, Coldplay, Robbie Williams, Dido, a има песни што ми се свиѓаат од Amy MacDonald, Bebe, Diana Vickers, Eliza Doolittle, Example, Plan B.....
Овие за мене прават поп музика, мада многумина нема да се сложат.
Поентата ми е, не значи дека ако е поп е лошо. Има стварно добри поп песничиња, како што има стварно лоши рок и рап.
 
Pop music rules бе...

Лена владее,да не чујам приговор.
Озбилно,не знам зашо викате дека денес поп музиката не ја бива.
Ја музиката си ја делам на ми се свиѓа-не ми се свиѓа,вака жанровски да се ограничувам нејќам оти не сакам да пропуштам добро парче од жанрови
кои сум ги запоставил.
 
Да ве упатам, постов е во тема за Lana Del Rey.
Не е проблемот во (не) квалитетот на поп музиката. Вистина е, има секаде промашувања, исто како што има и квалитет.
Проблемот (она што ја прави поп музиката неценета) е во тоа на кој начин се обидуваат да ја продадат.

1. Штанцање тралалајки песни по мерка на продуценските куќи, со цел да се залепат за уво, да извлечат по некој денар (долар, сеедно), а реалната музичка вредност речиси и ја нема.

2.Девојкава на пр. има цела маркетиншка приказна има позади себе. Исто како и Лејди Гага. И мнооогу други.
Што значи те л`жат со секакви приказни, се ствара секакаков вештачки имиџ, само за да се попалат повеќе слаби карактери, и да се шитнат повеќе албуми.

Е па ако треба да бирам дали ќе почитувам некој чијашто музика се дере „I'm here to take your money" или некој што навистина се труди, веројатно второто ќе го одберам.

И такаааааа.... :D:D
Се нервирам некој коа ќе ја извреѓа Лејди Гага, многу!

Поп музиката ИМА ЗА ЦЕЛ да земе пари од луѓето.
Поп се прави за да им се допадне музиката на што е можно поширока маса на луѓе, за да се земат пари од тоа.
Исто како што имаат и тезга свирките по градот.

И баш напротив, поп музиката е најценетата музика на светот, според тоа колку луѓе ја слушаат.

А за квалитет на музика, како ти определуваш што е квалитетна музика? Од каде знаеш дека е неквалитетна поп музиката?
 
A бе знајш како, ако почниш реално да зборуваш, будала ќе те направат.
Реално, во денешно време, „критичариве“ музиката ја критикуваат, не ради самата музика, туку некако хипстерски, од тоа колку е успешна, како се продавала бла, бла.
Значи тие буквално ИЧ не им обрнуваат внимание на самите песни, туку повеќе обрнуваат внимание на изведувачите.
Демек, се чуствувам стручњак, или пак прифатен од средината ако ја исплукам Лејди Гага, Ријана па дури прочитав во некој постови и Аделе, Еве Лана Дел Реј....
Следува сега делот од постот на кој што ќе наидам на критики:
Еве една Класика, Евергрин песна:
Еве една ПОП песна:

Aj сега некој што се разбира од музика, која од песниве има поголем музички квалитет, четирите акорди што се повторуваат цела песна од Битлси, или оваа на Аделе?
 
Да, пошо Лејди Гага изгледа како ретардирана, фактички и нејзините песни се неквалитетни.
Факт е дека поп музиката се повеќе и повеќе има електронски елементи, ама за тоа е крива технологијата. А фаци како Гага, умеат да го популаризираат звукот на dial up конекцијата и да направат музика од тоа.

Што не значи дека музиката е неквалитетна.
Не знам како се определува дали некоја музика е квалитетна или не.
Ама ете, некои знаат, па ќе ти кажат дека Adele е квалитетна музика, а Lana Del Rey не.
Или ко ќе ми кажат дека Бритни праела неквалитетна музика. Да, има електронски елементи. Што не е причина да кажеш дека е неквалитетна музиката. Музиката си е добра, твојот вкус само не трпи таква музика.

Иначе, четири акорди песна, FTW!
 
Да ве упатам, постов е во тема за Lana Del Rey.

Се нервирам некој коа ќе ја извреѓа Лејди Гага, многу!

Поп музиката ИМА ЗА ЦЕЛ да земе пари од луѓето.
Поп се прави за да им се допадне музиката на што е можно поширока маса на луѓе, за да се земат пари од тоа.
Исто како што имаат и тезга свирките по градот.

И баш напротив, поп музиката е најценетата музика на светот, според тоа колку луѓе ја слушаат.

А за квалитет на музика, како ти определуваш што е квалитетна музика? Од каде знаеш дека е неквалитетна поп музиката?

Ајдеее где ме наџе бре!

Прво убаво си реков дека не е сета поп музика неквалитетна, ама ај.

Слушај, ако тебе ти е фино да конзумираш се` што ќе ти сервираат, слободно конзумирај го.
И Кока Кола ИМА ЗА ЦЕЛ да земе пари од луѓето, ама свежо исцедениот џус од портокал (рецимо) е поздрав и повкусен.
Ако не сакаш портокал, слободно на праска можеш да се префрлиш. ЛОЛ
Значи алтернатива на она што ти се бута пред нос.

А за тоа како се определува квалитетна музика, не знам, прашај го Моцарт, Ханс Цимер или некој сл.
 
ОФ ЛЕЛЕ МОРИ МАЈКО!

Не рече дека е цела поп музика неквалитетна, ама рече за некоја музика дека е неквалитетна.
Јас те прашав по кој критериум одредуваш дали некоја музика е (не)квалитетна, ти почна да ми солиш памет за тоа како се што ќе ми понудат ми се свиѓа -.-
Не ја гледам поврзаноста.

И твојава логика, пиј било што, само не она што ти го бутаат пред нос, макар и да ти се свиѓа.

И шо? Ти Моцарт да не слушаш по дома, па затоа викаш дека Лана има неквалитетна музика?
Као една од клас, праиме проект за омилен артист, она праи за Марија Калас, а слуша турбофолк.
 
Поп(популарна) музиката може да биде било кој жанр на музика самошто у последниве 10-15 години не се бара квалитет, туку пари...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom