I
Intex
Гостин
Колку шо сфатив, сакаш да кажеш дека бенд кој не менува стил е добар? Немој!Многу ми е интересен поимов се продале. Конкретно кога се работи за КОЛ пошто нив интензивно ги слушам и им ги имам преслушано сите албуми досега, можам комотно да кажам дека не се продале, просто и едноставно зашто звукот не им се сменил. Тие не свират алтернативен рок кој постепено преминал во комерцијален. Отсекогаш им бил истиот звук. Е сега тоа што Sex on Fire и Use somebody се широкоприфатени тоа не ги прави продадени души. Тоа може да го рече само човек кој не ги преслушал целосно (без навреда..). Поентава ми е штом од создавање до денес не смениле ритам ондак не се продадени. А дека имаат комерцијални песни имаат. Само што тие не се најдоброто од нив.
Ми текнува на еден пример. Колку души може да бидат 100% сигурни дека U2 создаваат рок музика? Јас никогаш не сум ги перцепирала како рок бенд. Кога слушам рок музика создадена во 70 тите и 80-тите таа жанровски многу јасно се разликува од комерцијалниот звук. Ама денес некако (после појавата на МТВ), звукот е изјаловен и не можам да сум сигурна дека некој бенд свири строго рок кога во обиодт за кокетирање со маса звукот се смени. Единствено сум сигурна дека свират рок алтернативците. Они не можат да кокетираат со попот. Не се ни обидуваат додуша. Што е добро (пример Muse).
Металика, Пинк Флојд, Линкин Парк, Масив Атак, Ејр, Мјуз, Продиџи, СОАД, РАТМ - пример за бендови кои промениле звук.
Они се криви шо луѓето корнат коси на нивните песни, и албумите ги купуваат ко луди?
Зар и Мона Лиза е виновна шо секојдневно ја посетуваат милиони луѓе во Лувр? Немој, молим те.
КОЛ станаа познати поради неколкуте успешно промовирани синглови. Верувам дека 90% од тие шо денес ги слушаат немаа слушнато за нив пред да се појави на Ем Ти Ви фамозната Јуз самбади.
). Поентава ми е штом од создавање до денес не смениле ритам ондак не се продадени. А дека имаат комерцијални песни имаат. Само што тие не се најдоброто од нив.
