Ponudi na borecki veshtini vo Skopje? I lokacii

Дискусија во форумот 'Останати спортови' започната од Niki39, 24 јануари 2017.

  1. Niki39

    Niki39

    Член од:
    26 септември 2016
    Мислења:
    6
    Допаѓања:
    1
    Zdravo
    Planiram da pocnam nekoja borecka veshtina. Momentalno idam vo teretana i imam 16 god. Mnogu me privlekuva MMA i Kickbox. Znam deka ima MMA vo kisela voda vo Strongest ali mnogu mi e daleku. Mozede li da me informirate za borecki veshtini povrzani so Kickbox ili MMA vo Skopje? Blagodaram odnapred
     
  2. Црноризец Храбар

    Црноризец Храбар

    Член од:
    24 мај 2014
    Мислења:
    2.819
    Допаѓања:
    2.664
    Мој добронамерен совет ти е да баталиш теретана, ако сакаш нешто за сила, кондиција и издржливост оди на крос фит (триатлон, трчање). За боречки вештини по мој вкус најдобар избор е Бразилско Џиу Џицу или Аикидо па и сите останати боречки вештини и спортови од тој тип (борење, џудо, самбо). Теретана и боречки вештини малку неоди заедно поготово кога ке навлезеш во посериозни тренинзи и понатаму прирпеми за натпревар теговите даваат крутост, подуеност, грубост а во борбата најбитното нешто за телесниот дел е агилноста, прилагодливоста, покретноста на телото.
     
    На Gladiatorized и DonExo им се допаѓа ова.
  3. nE0n1nja

    nE0n1nja Eat nerds get shredded

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    1.914
    Допаѓања:
    1.132
    Извини ама ова што го кажа е голема глупост. Полошо нешто од крос фит нема.

    Подоле тоа за теговите е до негде точно, односно точно е само за хардкор боди билдери. Има многу програми за тежински и силов тренинг со тегови во теретана кои што се пожелни за секој борец.

    @Niki39 провери на Златна Книга, сите клубови се регистрирани тамо, ти дава и по локација кои се најблиску до тебе. www.zk.mk
    Мој совет ти е да си размислиш дали повеќе сакаш да си фајтер или борач. Во MMA, Аикидо, Џиу Џицу и слични има многу борење на партер со полуги и зафати. Кик бокс ти е чисто фајтерска вештина.
     
    На Gladiatorized, Кеплер и SoulAssassin им се допаѓа ова.
  4. nikola.b

    nikola.b

    Член од:
    19 август 2007
    Мислења:
    874
    Допаѓања:
    237
    MMA не е боречка вештина. И секој што во МК ти продава филм дека те учи ММА, не те учи ништо.
    Прво треба да започнеш со конкретен тип на вештина што најмногу те влече (пр. кикбокс), па после некое време да се прошириш со други аспекти (пр. џиу џицу).
    Ако работиш малку раце, малку нозе, малку удирање, малку борење, итн. на крај ќе знаеш многу НИШТО, односно нема да те бива за ниеден аспект на ММА борба.
     
    На Кеплер му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Црноризец Храбар

    Црноризец Храбар

    Член од:
    24 мај 2014
    Мислења:
    2.819
    Допаѓања:
    2.664
    Ако е тренерот сериозен и искусен и ги работат сите сегменти доволно добро и квалитетно може во сите сегменти да биде добар еден ученик, со делот дека мора да имаш матична, главна боречка вештина се согласувам. Во Америка каде ММА е на врвот на почетничките и рекреативните ММА часови еден тренер ја води цела работа е сега професионалците во припремите имаат специјално тренери за секој сегмент и еден главен тренер што следи се и организира се. Исто така се согласувам дека ако имаш тренирано нешто претходно и имаш доста искуство и знаење, побрзо и подобро ке се вклопиш во целиот останат ММА склоп и систем, макар што се е до тоа колку му фаќа главата на ученикот.
    --- Споено дупло мислење, 25 јануари 2017 ---
    Теретана пожелна за борец од моето искуство во никоја форма не е. Ако млати теретана борецот за снага и сила како што е типично за голем дел балканци голема е веројатноста дека нема да има добра иднина неговата кариера, оние теретана програми за експлозивност се многу лесни и рекреативни, за да би служеле во припремите за натпревари во боречките спортови особено ММА. Инатење е будалаштина ама другар ако Крос Фит е глупост немаше да опстане и да најде широка примена, го вежба цел ММА свет, Рагби, Специјални единици, Тратлон, Екстремните спортови и многу други.
     
    Последно уредено: 25 јануари 2017
  6. nE0n1nja

    nE0n1nja Eat nerds get shredded

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    1.914
    Допаѓања:
    1.132
    Хахахaaa кој те лажел тоа :D?
    Не знам од каде ги ископа информацииве ама ниеден сериозен спортист или атлета не тренира кросфит, a да не збориме па за специјални единици LOL. Кросфитот ти е комерцијализирано срање каде што вежбите или се изведуваат со очајно лоша и неправилна форма или се прават дебилни измислени вежби кои што немаат никаква примена надвор од нивните дегенски натпревари, кои што исто така се едни од најлошо судените натпревари во било кој спорт. Секако не е за ова темава па да не одиме многу оф-топик, го затварам муабетов со овој гиф

    [​IMG]


    :icon_lol::icon_lol::pos:
     
    На Кеплер му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Кеплер

    Кеплер

    Член од:
    14 јануари 2015
    Мислења:
    3.359
    Допаѓања:
    3.616
    Прво каков тип на боречка вештина сакаш самиот?
    Дали планираш да навлегуваш сериозно во боречката вештина или чисто колку да се оди?
    Најбитно е да си дисциплиниран, редовен на тренинзи и да тренираш и кога немаш тренинзи, тежински тренинг ќе ти треба нека не те лажат дека теретана не ти треба, има тренинзи за сила, експлозивност што може да ги правиш само во теретана, а крос фит ти е место за искажување на сељачизмот на прикриените селаци, демек rage, врска нема од вежбање, страшно неправилна изведба и форма на вежбите и е екстремно опасен за повреди.

    Одбери што сакаш, дали сакаш малку поагресивни кои се само удирање: бокс, кик бокс, мау таи, таеквондо, Tang Soo Do (али не верувам дека го имаш воопшто тука)
    Повеќе на основа на зафати и борење: бразилско џиу џицу, самбо, џудо, аикидо.

    Сакаш источни вештини каде имаш и апсект на почит кон боречката вештина, контрола на телото и умот: кунг фу..
    Ти дадоа и погоре совет, еве и од мое лично искуство: прво насочи се кон една класична боречка вештина, а потоа учи зафати од останатите и насочувај се во ММА, битен е мајндсетот, контролата на телото, а тоа нема да го научиш директива со ММА.
     
    Последно уредено: 26 јануари 2017
    На Gladiatorized и Црноризец Храбар им се допаѓа ова.
  8. nikola.b

    nikola.b

    Член од:
    19 август 2007
    Мислења:
    874
    Допаѓања:
    237
    Се е тоа супер, само дечкото сака да тренира во Македонија, не во Америка :)
    Нема кај нас добар ММА тренер. Или како што кажа ти сериозен и искусен.
    Единствен човек кој што се разбира од ММА е Гоце Цандовски. Се друго е локален јутјуб фраерлук.
     
    На Црноризец Храбар му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mr.MisteryMan

    Mr.MisteryMan Шарлатан по природа

    Член од:
    4 март 2017
    Мислења:
    90
    Допаѓања:
    44
    Отприлика, на кои локации сакаш да се наоѓаат клубовите?
     
  10. KamenLaden

    KamenLaden

    Член од:
    13 јануари 2015
    Мислења:
    323
    Допаѓања:
    27
    Поздрав момци. Имам 22 години и до сега немам тренирано боречки спортови, па се мислам дали е касно да почнам? Несакам да тренирам за да одам по натпревари, туку чисто за сам себе (плус учам и факултет за безбедност па може ќе ми притреба во иднина). Кој спорт би ми бил најдобар да го одберам? Од Ново Лисиче сум.
    Иначе сум крупна градба (не дебел) висок 174 цм тежок 87 кг.
    Се надевам дека ќе ми помогнете
     
  11. Mr.MisteryMan

    Mr.MisteryMan Шарлатан по природа

    Член од:
    4 март 2017
    Мислења:
    90
    Допаѓања:
    44
    Што од боречки вештини конкретно те привлекува? Имаш ли некаква идеја што би сакал да тренираш? Има добри клубови низ Аеродром за боречки вештини. Ако сакаш повеќе информации за клубовите и што се можеш да тренираш низ Аеродром, пиши ми во инбокс.

    П.С. Никогаш не е касно да почнеш да тренираш боречка вештина или боречки спорт.
     
    На Gladiatorized му/ѝ се допаѓа ова.
  12. KamenLaden

    KamenLaden

    Член од:
    13 јануари 2015
    Мислења:
    323
    Допаѓања:
    27
    Па незнам немам никаква идеја... Затоа прашав ако може да ми помогнете, кој спорт би можел најбрзо да го поднаучам.. :)
     
  13. Mr.MisteryMan

    Mr.MisteryMan Шарлатан по природа

    Член од:
    4 март 2017
    Мислења:
    90
    Допаѓања:
    44
    Тебе ти е до спорт или боречка вештина? Тие ти се две различни работи. Спортските вештини можат да се совладаат побрзо (основните работи) за разлика од боречките вештини за кои треба малку подолго време. Колку што разбрав, учиш на Факултетот за безбедност и ти треба нешто за себе. Зашто не пробаш нешто како аикидо или џудо?

    П.С. Ако целта ти е најбрзо да поднаучиш, можеш да почнеш кикбокс или бокс, колку да научиш да удираш, ама за да усовршиш нешто повеќе, ќе ти треба време, ништо не оди така брзо и едноставно.
     
    На KamenLaden и Gladiatorized им се допаѓа ова.
  14. KamenLaden

    KamenLaden

    Член од:
    13 јануари 2015
    Мислења:
    323
    Допаѓања:
    27
    Добро, фала ти многу :)
     

Сподели преку: